Автор: Јаковлева Лионела
Post Views: 14 Чамците кои се користат на езерата во државава кои не се впишани во регистарот на пловни објекти ќе може да се легализираат до 3 септември годинава. Ова е овозможено со измените и дополнувањата на Законот за внатрешна пловидба што неодамна беа усвоени од страна на Собранието на Република Македонија. Легализацијата на чамците ќе се врши со поднесување предлог за легализација до надлежниот суд според местото каде што се наоѓа живеалиштето на сопственикот на тој пловен објект. По поднесениот предлог за легализација, судот во рок од три дена ја известува Капетанијата...
кинескиот амбасадор во Македонија го посети Градоначалникот
Post Views: 7 Градоначалникот Никола Бакрачески, денеска прими кинеска делегација предводена од Амбасадорот на Република Кина во Република Македонија, Цуј Џивеи чиј мандат истекува во месец мај годинава.Градоначалникот Бакрачески се заблагодари за сите заложби и активности , што Амбасадорот Џивеи ги направил за доброто на Република Македонија но и за градот Охрид, посебно истакнувајќи ги неговите заложби за реализација на проектот што се однесува на изградба на автопатот од Кичево до Охрид, а кој е особено значаен за туристичкиот и стопански развој на градов. Амбасадорот Цуј...
Се намали комуналната такса за поставување урбана опрема
Post Views: 6 Пониски цени за закуп и комунална такса. Угостителите и другите правни лица кои пред своите објекти ќе сакаат да постават урбана опрема, во иднина за оваа давачка ќе треба да издвојат помалку пари. Така беше одлучено на вчерашната 20-та седница на Советот на општина Охрид. Според Програмата за поставување на урбана опрема, цената на закуп на метар квадратен ќе чини 250 денари во првата зона, 150 денари во втората и 100 денари во третата градска зона. Исто така ќе биде намалена и висината на комуналан такса од 10 денари на 7,5 денари.-Во изминатиов период имавме...
Св. Кирил и Методиј, ново средно училиште во градов
Post Views: 6 Се формира ново општинско средно училиште. Економското училиште и медицинската паралелка се издвоиja од Гимназијата Св. Климент Охридски. Секретарот на Општината, Димитар Спасески вели дека ова била идеја уште на минатиот совет во 2010год. кога донеле одлука за поделба на ова училиште. Сега додава Спасески се создале услови таа идеа да се реализира. -На крајот на минатата недела Министерството за образование ја даде согласноста за поделба. Претходно стручна комисија од министерството направи увид врз објектите, наставниот кадар, бројот на учениците и утврди дека...
Завршната сметка на буџетот на Општина Охрид, неприфатлив за советниците од опозицијатa
Post Views: 9 Извештајот за остварените приходи и извршените трошоцина буџетот по завршната сметка на буџетот на Општина Охрид за 2013год., неприфатлив за советниците од СДСМ. Координаторот Томислав Тунтев вели дека низ него провејуваат политички квалификации од типот дека до април минатата година се работело незаконски со асигнации, цесии, компензации и др. и дека немало усогласеност со законската регулатива, а дури од доаѓањето на новата власт почнало да се работи законски.–Ако осум години се работело незаконски со виртуелни пари како што велат, каде тогаш биле ...
Повик за волонтери и набљудувачи за претстојните претседателски и парламентарни избори
Post Views: 5 И на претстојните Претседателски и Парламентарни избори, Коалицијата со голем број на акредитирани набљудувaчи и волонтери активно ќе го следи изборниот процес и политичките кампањи кои се составен дел на изборите. Ги повикуваat сите заинтересирани граѓани од Република Македонија кои сакаат да се пријават за акредитирани набљудувачи и волонтери да се пријават најдоцна до 25 март 2014, на следниве адреси:izlezidaglasas2014@gmail.com или на поштенски фах 79За да бидете набљудувач потребно е :• Да сте граѓанин на Република Македонија;• Да имате навршено 18...
Денови на идеи
Post Views: 4 Од вчера охриѓани можат своите идеи да ги напишат и да ги остават на пунктот на плоштадот Св. Климент Охридски. Ова е пракса на ВМРО ДПМНЕ во последниве неколку години а со цел граѓаните да можат своите лични идеи за тоа што треба да се направи во средината во која живеат или пак во државата да ги искажат тајно. Потоа идеите се разгледуваат и оние кои се издржани се ставаат во програмата која се подготвува за наредните парламентарни избори за таа да биде поблиска до народот.Многу идеи кои граѓаните ги дадоа на пример за едно евро за метар квадратен за продажба на...
Насоката на ФТУ, гастрономија, исхрана и диететика, се попривлечна за новите студенти
Post Views: 2 Насоката на ФТУ, гастрономија, исхрана и диететика, се попривлечна за новите студенти. Со новините кои е планирано да се внесат ги пратиме светските стандарди во оваа област, вели Проф. Д-р Ангела Василеска. За овој летен семестар планирано е по втор пат да се организира работилница за вино која ќе ја води врвен енолог од винаријата Стоби кој студирал енологија во Франција и е еден од најдобрите во Македонија.Сметам дека исклучително е потребно студентите да имаат добри познавања од оваа област. За жал во угостителските објекти сеуште многу малку се обрнува...