Автор: Јаковлева Лионела
Post Views: 8 „Охрид со Градоначалникот Никола Бакраческим за една година доживеа преродба. Се подобри патната инфстрактура и се реконструираа многу патишта во Општината“, рече портпаролот на ОК на ВМРО ДПМНЕ, Никола Митровиќ на денешната пресс конференција. Како пример ги посочи асфалтирањето на улицата Радојца Новичиќ, улицата Сирма војвода, улицата Богомилска, улицата Петрино, улицата Крум Точко, улицата Јане Сандански, улицата Ристо Чадо. Митровиќ рече дека асфалтирани се и поголем дел на тесни улички пред значајни институции како што се градинки, училишта и уште многу...
Денот на албанската просвета и албанскиот учител одбележан со свечена програма
Post Views: 5 Основното училиште „Братство единство“ од Охрид денес гo одбележа 7-ми Март- Денот на албанската просвета и албанскиот учител. На овој ден во 1877 год. било отворено првото училиште на албански јазик во Корча, а во 1961год. е одлучено овој датум да се прославува. Директорот на ОУ Братство единство, Муамер Доко вели дека сите овие години се вложувале напори да се издигне професијата на албанскиот учител на едно повисоко ниво и во тоа се успеало, но додава дека сеуште има простор за работа на оваа тема.–И понатака треба да се трудиме за да ги подобриме условите...
Основците во градов немаат топол оброк
Post Views: 8 Дали ќе се врати топлиот оброк во основните училишта во градов. Ова прашање подолго време се наметнува од советникот Јоне Станкоски кој рече дека Локалната треба да направи напор повторно да се отворат училишните мензи каде ќе се подготвува квалитетна храна за учениците, а не како што е сега случај тие да јадат брза храна и пецива кои и тоа како се одразуваат на нивното здравје. Станкоски повикувајќи се на истражувањата на стручните лица кажа дека точно треба да се знае колку децата внесуваат минерали, витамини, протеини, јаглени хидрати и останати материи неопходни...
Охридската градинка „Јасна Ристеска“ ќе воведе скратена програма
Post Views: 7 Поради големиот интерес за згрижување на најмладите охриѓанчиња, охридската градинка „Јасна Ристеска“ од 15- ти март ќе отпочне со примена на скратена програма. Секој ден од 9 до 12 часот децата на возраст од три до шест години ќе можат да бидат згрижени таму. Оваа програма е влезена во Законот за заштита на децата и наскоро ќе почне да се применува.-Причина заради што за прв пат ја воведуваме оваа програма е огромниот интерес на родителите за престој на децата во градинка а капацитетите на градинките се мали не можеме да ги примиме сите со целодневната програма...
За десетина дена жителите на селата Сирула и Вапила ќе се поврзат со асфалтен пат
Post Views: 7 Селата Сирула и Вапила ќе се поврзат со асфалтен пат. Тој речиси целосно е тампониран, а се очекува асфалтирањето да започне идната недела.Проектот опфаќа реконструкција во должина од 1 700 метри и изработка на нов пат во должина од 2 700 метри.Рокот на изведба на работите ќе биде два месеци. Овој проект и проектот за асфалтирање на улиците во село Косел се дел од програмата на Локалната самоуправа за развој на руралните средини. Вкупната вредност на двата проекти изнесува 23 милиони и 500 илјади денари.Надвор од овој проект ќе биде интервенирано и на санирање на...
Охридската СДСМ бара одговори од охридската ВМРО ДПМНЕ
Post Views: 6 Од Општинската организација на СДСМ на денешната пресс конференција истакнаа дека зголемувањето на пензиите, зголемувањето на платите на администрацијата, минималната плата, и вработувањето на ранливите категории граѓани е тешка предизборна манипулација. СДСМ од Охрид упорно бара ДПМНЕ од Охрид да и одговори на охридската јавност што е направено и реализирано од ветеното од страна на актуелната општинска власт, а ВМРО ДПМНЕ од Охрид упорно зборува само за поранешната општинска власт, велат од Општинската организација на СДСМ. –СДСМ целосно ја понесе...
Основците се учат како во секојдневниот живот да ги применат искуствата и откритијата од НАСА
Post Views: 7 Искуствата од НАСА ќе се применуваат и кај нас. Директорот на основното училиште „ Христо Узунов“ , Тони Сомоновски во месец јуни, ќе учествува на Академијата во Хантсвил- Алабама во седиштето на НАСА каде ќе се одржува петнаесетдневна обука на тема „Природни богатства и нивна искористеност“.Ова е втор пат Симоноски да го посети седиштето на НАСА. Прв пат на академијата беше во 2011та кога се здоби со сертификат за предавач и тоа на тема „Поттикнување на младите да ги изучуваат техничките струки и изучување на предметите по природни науки“.Поголемиот дел од...
Се санира јужниот пристапен дел од пристаништето во Свети Наум
Post Views: 8 Капетанијата на пристаништа на Република Македонија со седиште во Охрид и јавното претпријатие „Нискоградба“ деновиве имаат полни раце работа. Го санираат свлечиштето на јужниот пристапен дел од пристаништето во Свети Наум што се појави под самите бекатон плочки. Причина за тоа е забот на времето, вели капетанот Горан Устијаноски. На санацијата работи јавното претпријатие „Нискоградба“ кое има стручно оспособена работна сила за вршење на вакви работи, а Министерството за транспорт и врски ги обезбеди материјалите. Се очекува овој зафат да заврши до крајот на...