Skip to main content

Автор: Јаковлева Лионела

mobilen

Охриѓани незадоволни од квалитетот на мобилните телефони

Post Views: 48Охриѓани незадоволни од квалитетот на мобилните телефони. Тие во годината што измина до одделението на државниот пазарен инспекторат поднеле 94 пријави и преставки по овој однос.  Граѓаните кои ги анкетиравме за среќа немале некое поголемо лошо искуство со ваква неквалитетна стока.Граѓаните кои реагирале до пазарниот инспекторат се пожалиле и на надминувањето на работното време во некои кафулиња низ градов, на неиздавање фискални сметки, а незадоволство покажале и на квалитетот на одредени апарати за домакинство како што се електрични шпорети, машини за перење и др.техничка...

Продолжи со читање

Sushica

Езерото го загадуваат фекалии кои години наназад се влеваат во реката Сушица

Post Views: 57Жителите од населбата Радојца Новичиќ веќе дваесет години се борат со еден ист проблем. Во реката Сушица која минува низ ова место се влева канализациона цевка која ја загадува водата, но шири и непријатана миризба која на моменти е неподнослива.Фекалиите од Застава се влеваат овде. Од таму доаѓа ужасна реа, жива болест, вели Јонче Тололески-жител на Радојца Новичиќ.Загрижените граѓани реагирале до инспекциските служби во Локалната самоуправа, од каде излегле на терен. Според кажувањата на граѓаните резултатите од претходните инспекциски контроли покажале дека водата е...

Продолжи со читање

палас

Палас може да се менува

Post Views: 57Судбината на хотелот Палас актуелна деновиве. Откога беше промовирана брошурата „Инвестирајте во Охрид“ во која како една можна инвестиција беше посочен токму овој хотел се отворија многу дилеми. Јавноста прашува како овој хотел може да им се нуди на инвеститорите кога е ставен под трајна заштита на Завод и музеј. Директорката на оваа национална установа, Тања Паскали Бунташеска објаснува дека тоа не значи оти од Палас ќе се прави музеј. Практично ја заштитивме само неговата намена, вели директорката.Не дозволуваме да се надградува и доградува. Дозволуваме внатрешно...

Продолжи со читање

tanja paskali

Директорката на НУ Завод и музеј ги отфрла сите обвинувања за Плаошник

Post Views: 44На Плаошник ништо не се уништува, напротив се гради нешто со што ќе се гордеат и идните генерации, рече Тања Паскали, директорката на НУ Завод и музеј на денешната пресс конференција свикана како реакција на изнесените обвинувања на претседателот на Општинската Организација на СДСМ, Томислав Тунтев, околу градежните зафати на Плаошник. „Возобновувањето на Светиклиментовиот Универзитет се врши според претходно изработена Локална урбанистичка планска документација, а не според желбите на Министерството за култура на РМ“, потенцираше Паскали. На Плаошник ќе се изградат 16...

Продолжи со читање

pat

Десет години празни ветувања

Post Views: 47На жителите од зградите кај болничкиот комплекс веќе им е преку глава од празни ветувања. Десет години чекаат за да добијат основни услови за живот. За да стигнат до нивните домови мора да поминуваат низ општата болница.Станарите од овие згради се жалат дека покрај тоа што газат во кал до колена и навечер дома си одат со батериска ламба,  не се приклучени и на канализациона мрежа. Револтирано велат дека живеат како да се во 19ти а не во 21ви век.Од Локалната знаат за состојбата во која се наоѓаат овие наши сограѓани. Објаснуваат дека најголема причина што досега не се решени...

Продолжи со читање

Komunalec

Граѓаните ќе се учат на комунален ред со спроведување на казнени мерки

Post Views: 53Комуналните редари ќе работат во две смени. Потребата од оваа нова пракса се наметна поради тоа што дел од граѓаните не го почитуваа редот и динамиката кој го спроведува  ЈП „Комуналец“, вели директорката Елена Скрческа. Таа објаснува дека соработката на „Комуналец“ и општинскиот инспекторат е на завидно ниво и се што се прави е со цел зачувување на животната средина.Нашите граѓани се плашат од казни и ако упорно не се придржуваат треба да има двосменска работа на комуналните редари така да имаат некој страв дека навистина  ќе ги фати некој инспектор да одложуваат смет онаму...

Продолжи со читање

galeb

Нема испраќање пакети по шофер на автобус без лиценца

Post Views: 55Автобуските и такси-превозниците доколку во иднина сакаат да превезуваат пратки од еден до друг град ќе мора да извршат поштенско лиценцирање.  Тоа е следната фаза од кампањата што пред две години ја започна Агенцијата за пошти со цел искоренување на нелегалниот пазар на поштенски пратки испратени по автобус или со такси. Од агенцијата велат дека се наметнала ваква потреба поради тоа што  нелегалниот транспорт на пратки  преставувал нелојална конкуренција на лиценцираните фирми. Најголемиот авто превозник во градов  АД „Галеб“ веќе е во фаза на лиценцирање. Сите знаеме дека...

Продолжи со читање

vmro dpmne

СДСМ ни остави милионски долгови, обвинуваат од ОК на ВМРО ДПМНЕ

Post Views: 47Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ ја обнови својата пракса за одржување пресс конференции. Денес проговорија на повеќе актуелни теми. Портпаролот Никола Митровиќ рече дека сведоци сме на  безидејност, безначајност и безпредметност од страна на СДСМ. Како што портпаролот подвлече тие осум години можеле да покажат на дело убави работи за Охрид, а оставиле само милионски долгови без реализација на ниту еден витален проект. И токму тие, рече Митровиќ се дрзнуваат да зборуваат за нереализирани проекти и тоа во време кога ВМРО ДПМНЕ успева да ги санира.Ако ги напаѓате зафатите во...

Продолжи со читање