Skip to main content

Автор: Јаковлева Лионела

Апаратите за анестезија во Општата болница во Охрид oд утре треба да бидат ставени во употреба

Post Views: 11 Апаратите за анестезија во Општата болница во Охрид кои поради сервисирање еден месец  не се во функција, од утре треба да бидат ставени во употреба. Станува збор за апаратите во четирите операциони сали на хирургија и урологија, додека апаратот за анестезија на одделението за гинекологија бил сервисиран во најкраток можен рок и веќе на 09ти јануари бил ставен во функција. Тој апарат се користел за итните операции со цел да не се препраќаат пациентите во други здравствени установи. Директорката на болницата, Славица Малевска Стојадиновиќ тврди дека воопшто немало...

Продолжи со читање

Науме Јованоски претендира да биде кандидат за градоначалник

Post Views: 9 Науме Јованоски, поранешниот прв човек на ОО на СДСМ од Охрид денес на прес конференција ги обзнани своите амбиции да биде кандидат на СДСМ за градоначалник на Охрид на претстојните вонредни локални избори. Одлуката да влезе во трката за градоначалник ја донел и поради блискоста и вербата во актуелното раководство на СДСМ и Владата предводена од премиерот Зоран Заев. Дополнителен мотив да се кандидирам за одговорната функција е фактот што, во делот на организациската и теренска активност, имам одлично претходно искуство, добар тим кој ќе застане зад мене за...

Продолжи со читање

Потпорниот ѕид во близина на црквата Св. Богородица Перивлепта секојдневно се одронува

Post Views: 9 Потпорниот ѕид во близина на црквата Св. Богородица Перивлепта, потенцијална опасност за минувачите и за учениците во училиштето Св. Климент Охридски. Големи камења секојдневно се одронуваат од овој ѕид за кој и не се памети кога бил изграден. Мештаните во повеќе наврати реагирале до надлежните институции, но сите одговорноста си ја префрлале од еден на друг. Едни велат дека овој ѕид бидејќи е во атарот на црквата таа треба да го санира. Други пак тврдат дека тоа треба да го стори Локалната. Мештаните се обратиле и до инспекциските служби. Јас искрено да ви кажам...

Продолжи со читање

Охриѓани повторно чекаат градски превоз под ведро небо

Post Views: 11 Охриѓани повторно чекаат градски превоз под ведро небо. Од пред неколку месеци автобуската постојка која се наоѓаше кај зградата Печијаре беше дислоцирана десетици метри подолу на Булевар Туристичка, но покривната конструкција под која граѓаните се засолнуваа од дожд и сонце остана на старата локација. Тие бараат Локалната веќе кога решила да ја дислоцира една од најфреквентните постојки во градов да создаде пристојни услови и да постави опрема. Прва работа со која ќе се зафати нашиот сектор е преместување на кабината од старото место на новата локација, вели...

Продолжи со читање

Новиот Закон за зелените пазари го доведува во прашање опстојувањето на охридскиот пазар

Post Views: 8 Новиот Закон за зелените пазари, кој стапи на сила од 1 јануари оваа година, го доведува во прашање опстојувањето на охридскиот пазар и на јавното претпријатие кое се занимава со оваа дејност. Со неговото донесување се бара пазарџиите да обезбедат лиценца за работа која чини 3.600 денари, а за втора тезга треба да се платат дополнителни 2.400 денари, што претставува голем проблем за буџетот на пазарџиите. Законот предвидува пензионерите, вработените или пак луѓе кои остваруваат некакви хонорари да не можат да работат. Од ЈП „Градски пазар“ неодамна направиле...

Продолжи со читање

Нови седумдесет вработувања во јавните претпријатија во градов

Post Views: 11 Новите седумдесет вработувања во јавните претпријатија во градов беа каменот на сопнување на денешната седница на совет. Советниците од ВМРО ДПМНЕ обвинуваат дека нема никаква оправданост за ваквиот чекор на Локалната земајќи го во предвид фактот дека јавните претпријатија работат на работ на рентабилноста. Според Кирил Пецаков, координаторот на опозиционата советничка група ова е чисто политички потег и тоа сега непосредно пред локалните избори кои треба да се одржат во април. Тоа е еден вид на заложништво и уценување на сите оние кои ќе имаат желба да...

Продолжи со читање

Некој обештетен, а некој оштетен

Post Views: 7 Обештетувањето на граѓаните чии домови настрадаа во земјотресот кој пред година и пол го погоди Охрид, го оштети буџетот на државата, тврдат советниците од ВМРО ДПМНЕ. Тие на денешната седница побараа да се стави дополнителна точка на дневен ред по која ќе се расправа за неправилностите кои биле утврдени при исплатата на оштетата на некои граѓани. Како што кажа координаторот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ, Кирил Пецаков на некои граѓани им биле исплатени повеќе средства од тоа што реално биле штетите, а други пак воопшто не биле обесштетени. Кој знае каква...

Продолжи со читање

Градов интензивно се подготвува за големиот христијански празник Богојавление-Водици

Post Views: 7 Подготовките за големиот христијански празник Богојавление-Водици се при крај. Спасувачките екипи од Црвен крст Охрид и годинава ќе бидат на ниво на задачата, а ќе бидат ангажирани и нуркачите од клубот Амфора, како и екипи од итната медицинска помош. Тие ќе се грижат за безбедноста на капачите, но и на сите посетители кои ќе дојдат да го проследат овој настан. Најчест проблем предизвикува разликата во температурата на водата и воздухот, но оваа година според предвидувањата на метеоролозите параметрите на температурата на водата и воздухот на денот на Богојавление...

Продолжи со читање