Skip to main content

Автор: Јаковлева Лионела

Набрзо ќе се распише тендер за изградба на затворен зелен градски пазар

Post Views: 8 Советниците на наредната седница која ќе се одржи во четврток ќе гласаат за изградба на затворен зелен градски пазар со јавно приватно партнерство после што ќе се распише тендер. Градоначалникот Никола Бакрачески вели дека распишувањето на поваа постапка не се коси со правилата кои важат во време на предизборен период бидејќи процедурата за изградба на градски пазар е започната уште со изработката на физибилити студијата која е одобрена од Владата на РМ.Бидете уверени дека оваа Локална смоуправа води строго сметка  за запазување на сите законски регулативи во делот...

Продолжи со читање

Градските татковци уште еднаш дискутираа за локалниот економски развој

Post Views: 6 На денешната седница на градски татковци и локалниот економски совет се дискутираше за реализација на капитални инвестиции и развојни планови на Општина Охрид. Стана збор за изградбата на градската марина, ски центарот на Галичица, се продискутира и за моменталната состојба со проектот Мауцкер. Градоначалникот Никола Бакрачески градските татковци ги запозна и со најновите сознанија од неодамнешната посета на автокамповите во градов. Се зборуваше за нивната состојба и планови. Стана збор и за изградба на пензионерски дом, како и за плановите за субвенционирање на...

Продолжи со читање

Дали започнаа предизборните препукувања

Post Views: 5 Резултатите од најновото тестирање на општинската администрација уште една можност за прибирање политички поени. Најпрво од Општинската организација на СДСМ реагираа дека резултатите се нереални бидејќи од 26 кандидати само осум го положија тестирањето или само 30% .Како е можно во цела држава досега овие тестирања да ги полагаат над 90% од кандидатите, а кај на с процентот да е толку низок. Овие луѓе шест месеци работеле во својата област под менторство најчесто на нивните раководители. Менторот е тој кој што треба да ви ги даде прашањеата и да ве оцени. Овај...

Продолжи со читање

Во училиштето „Григор Прличев“ денес за прв пат се одржа отворен час

Post Views: 7 По повод патрониот празник во училиштето „Григор Прличев“ денес за прв пат се одржа отворен час. Родителите, учениците и останатите заинтересирани имаа можност да присуствуваат на овој час и да видат што практично учат нивните деца. Отворен час се одржа по повеќе предмети. Роботиката која е дел од предметот технички науки предизвика голем интерес кај учениците. Секцијата по роботика постои веќе четири години. Ја посетуваат ученици од шесто до осмо одделение. Тука можат да ја покажат својата креативност. Денес оние од повисоките одделенија им беа ментори на...

Продолжи со читање

Брошурата „Инвестирајте во Охрид„ со низа технички грешки

Post Views: 8 За прв пат општина Охрид издаде брошура за сите оние инвеститори кои сакаат да вложат во нашиот град. Овај потег на Локалната секако е за поздравување, но во првото издание на брошурата можат да се воочат голем број недостатоци пред се од технички карактер како и нелекторирани делови што ги збунуваат сите оние кои подетално ќе ја проучат. Раководителот на ТЛЕР, Ѓоко Апостоловски вели дека кој работи тој и греши.Јас сум свесен дека има некои технички недостатоци но во наредното издание  ќе се потрудиме да ги отстраниме. Но важно е што се испочитувани оние основни...

Продолжи со читање

Свечено отворен малиот плоштад

Post Views: 3 Денес свечено беше отворен малиот плоштад кој се наоѓа кај некогашната библиотека.  Никола Бакрачески  рече дека ова ќе биде уште едно катче кое охриѓани ќе можат да го користат за релаксација и одмор, а воедно ќе биде нова сцена за богатите културни случувања во градов. Плоштадот партерно и хортикултурно се уредил за рекордно време од два месеци со ангажман на јавните претпријатија од градов. Зафатите кои се извршени локалната ја чинат околу 15000евра. Градоначалникот рече дека ова е само најава за градежната експанзија којa го очекува Охрид  во наредниот период....

Продолжи со читање

Интензивна и плодна соработка на Локалната со органите на централната власт

Post Views: 4 Интензивна и плодна е соработката на Локалната со органите на централната власт во изминативе неколку месеци. Резултат на тоа се големиот број проекти кои се во тек или веќе се реализирани, вели градоначалникот Никола Бакрачески.Ние сме една од најпривилегираните општини во РМ во делот на реализација на заеднички проекти. Но тоа не е резултат на тоа што Општина Охрид е повеќе фаворизирана од другите туку се должи на огромните напори на службите на општина Охрид кои во изминатите неколку месеци интензивно работеа на оваа проблематика, рече Бакрачески.Како еден од...

Продолжи со читање

Ќе добие ли конечно Охрид градска марина

Post Views: 7 Долго најавуваната изградба на градска марина по се изгледа кинечно ќе се реализира. Градоначалникот Никола Бакрачески ги разреши сите дилеми околу тоа дали има или нема пари за нејзина изградба.За марината или за реконструкција на пристаништето што сакаме да го изведеме заедно со Министерството за транспорт и врски од буџетот на министерството се издвоени еден милион евра, рече Бакрачески.Моментално се работи на изработка на идејното решение после што ќе се објави оглас за изработка на главниот проект за изградба на градската марина. Бакрачески вели дека...

Продолжи со читање