Skip to main content

Автор: Јаковлева Лионела

lizgaliste

Лизгалиштето за некои забава за некои политичка арена

Post Views: 19 Локалната самоправа се однесува крајно неодговорно, навредувачки и арогантно, игнорирајќи ги сите барања од страна на советниците да излезат со детали околу договорот што е потпишан за лизгалиштето, рече советникот од ЛДП, Дејан Блажески како реакција на вчерашниот прес на секретарот на Општина Охрид,  Димитар Спасески.Покрај неточните информации кои ги пласира локалната околу фирмата со која е склучен договорот неточни се и информациите дека во програмата за поставување на урбана опрема е изгласано поставувањето на лизгалиштето како урбана опрема, тврди...

Продолжи со читање

dimitar spaseski

Блажески контра Спасески

Post Views: 14 Секретарот на општината Димитар Спасески денес јавно му се обрати на советникот од редовите на ЛДП, Дејан Блажески во врска со обвинувањата упатени на негова адреса, а поврзани со поставувањето на лизгалиштето на градскиот плоштад. Јас веќе стапив во контакт со мојот адвокат и против Блажески ќе поднесам пријава за клевета бидејќи ништо од неговите обвинувања каде се спомнува моето име не е точно, изјави Спасески.За оправданоста на воведувањето на ваквата анимациска содржина на плоштадот,  вели Спасески доволно зборуваат бројките на посетеност на лизгалиштето од...

Продолжи со читање

vodici

Се е подготвено за големиот христијански празник „Богојавление-Водици“

Post Views: 19 Се е подготвено за големиот христијански празник „Богојавление-Водици“ и Денот на рибарите . Годинашното славење ќе биде надополнето и со нови содржини кои ќе се реализираат во соработка со Локалната самоуправа, хотелско угостителскиот еснаф и бизнис заедницата. Прославата започнува со концерт на балканската ѕвезда Жељко Јоксимовиќ во салата на спортско рекреативниот центар“Билјанини извори“ кој ќе се одржи во петок на 17-ти јануари. Билетот во предпродажба чини 300ден., а на врата 350ден. На 18-ти јануари во ЦК “Григор Прличев“ концерт ќе одржи хорот“Св. Злата...

Продолжи со читање

ezero

Нивото на езерото падна под дозволената кота

Post Views: 19   Деновиве охриѓани сведоци на драстично намалување на нивото на водата во езерото.  Тоа е за три сантиметри под дозволената кота која изнесува 693,17метри. Експертите велат дека ваквата појава е малку невообичаена за зимскиот период кога се очекува поголемо количество на врнежи од дожд и снег.Ваквата појава се должи на сушниот период. Нема вода ниту од подземните ниту од површинските извори. Но се додека причина за ваквата состојба се природните појави не треба да се загрижуваме. Но треба да се поводи сметка како се врши регулација на водата на езерото, вели Дејан...

Продолжи со читање

gubre

Охриѓани бараат да им се вратат контејнерите на старите локации

Post Views: 25 Незадоволството на граѓаните поради неодамнешната дислокација на контејнерите, не стивнува. Од  акцијата на ЈП „Комуналец“ за отстранување на контејнерите по барање на Секторот за урбанизам и управување со градежно земјиште поминаа два месеци, но охриѓани никако да се навикнат на новините. Тие бараат да се вратат овие садови за отпад на старите локации со објаснување дека повеќето од нив сега се поставени на места кои не им се така блиску, па мораат десетина и повеќе минути да шетаат наоколу со ѓубрето в раце. Од Комуналец свесни се за револтот на граѓаните, но...

Продолжи со читање

rozdestvo hriistovo

Христос се роди-навистина се роди

Post Views: 20 Со утринските литургии по црквите и храмовите, Македонската православна црква го започна празнувањето на Божик, празник за раѓањето на Исус Христос, најрадосното случување во христијанскиот свет.Според обичаите за Божиќ се станува рано, пред сонцето, а важно место во прославата има и оној кој прв ќе влезе во куќата за да внесе радост и веселба. Божик се честита со зборовите „Мир божји, Христос се роди“, на што се одговара „Вистина се роди“. Во градов во повеќето цркви се пееја светите евангелија, а верниците му се молеа на Спасителот за мир, здравје, среќа и...

Продолжи со читање

rezim na soobracaj

Никако да се изготви сообраќајната студија за градов

Post Views: 17 И ова лето ќе имаме импровизаторски режим на сообраќај. Сообраќајната студија која се најавува години наназад, никако да се изготви. И оваа локална власт навреме не се зафати со овој сложен проект па не ќе може сообраќајот низ градов да се регулира врз основа на некои посериозни истражувања направени од стручи тимови.Мора да се направи една сондажа колку возила има во градов во летниот а колку во зимскиот период. Тоа е една сложена постапка. Треба сериозно да му се пристапи овој проблем бидејќи минатите лета имаше  сообраќаен хаос во градов. Студијата е...

Продолжи со читање

galicica

Никако да почнеме да се учиме од сопствените грешки

Post Views: 14 Никако да почнеме да се учиме од сопствените грешки. Потврда за тоа е и последниот случај на несреќата која само на еден ден пред доаѓањето на новата година се случи на планината Галичица и во која за жал животот го загуби 40годишен албански државјанин. Од екипата за интервенции на планина која функционира во рамките на охридскиот Црвен крст велат дека и овој пат изостанала добрата организација и синхронизација помеѓу институциите кои требаше да му помогнат на младото момче кое доживеа несреќен пад на врвот Магаро.Во една нормална држава со хелихоптер би се извела...

Продолжи со читање