Автор: Јаковлева Лионела
Post Views: 3 Општина Охрид од ЕМО ќе прави индустриска развојна зона, вели Градоначалникот Никола Бакрачески. Тој бара компанијата да и биде дадена на општината доколку и по третпат не се најде инвеститор што ќе го купи АД ЕМО. Се планира фабриката по погони или парцели да се издава на потенцијални инвеститори. Ваквата идеја ќе биде доставена до Владата, рече Бакрачески.– Во постојана комуникација сме со Владата на Република Македонија која подготвува трет тендер за продажба на ЕМО односно за влегување на странски инвеститор во ЕМО. Има потенцијални инвеститори од областа...
Основновците од училиштето “Кочо Рацин“ на гости во Локалната
Post Views: 4 Трето одделенците од Основното Училиште “Кочо Рацин“ денес имаа можност барем за кратко да се најдат во улога на Градоначалник, Секретар, Претседател на совет и советници. Тие ја посетија Локалната Самоуправа за одблиску да видат како таа функционира и како изгледа општинската зграда. Домаќин на учениците беше секретарот Димитар Спасески кој ги запозна со начинот на работење на општинската администрација.При денешната обиколка низ просториите во општинската зграда дечињата добија информација секако прилагодена на нивната возраст, за начинот на работењето на...
Децата не ги заборавија највозрасните
Post Views: 4 Најмладите и највозрасните денес се дружеа преку песна и рецитал. Дечињата од четврто одделение кои се ученици во Основното училиште „Христо Узунов“ го посетија геријатриското одделение при општата болница во Охрид и на неговите пациенти им поделија пакетчиња со овошје и сокови, но им приредија и убава програма од која на старите лица им навреа солзи во очите. Тие беа воодушевени затоа што во нивното секојдневно сивило блесна зрак кој го донесоа децата. Идејата за оваа посета дојде од тоа што оваа недела е светска недела на стари и изнемоштени лица, а нашето...
Охридските такси превозниците имаат проблем со такси стојалиштата во градов
Post Views: 8 Такси превозниците во градов се жалат дека има мал број на такси постојки, а голем дел од оние кои се одредени од страна на општината не се функционални. Тие се загрижени поради новите измени во Законот за превоз во јавниот сообраќај бидејќи со нив е предвидено превозникот односно возилото да стои исклучиво на авто такси стојалиште определено од општината и тоа во случај кога е празно, односно кога нема патници или најавен повик за земање патник. Доколку не се почитува оваа одредба следуваат високи казни. Ако два пати исто возило се затекне да е паркирано на...
Уметниците од Македонија и Албанија преку уметност ќе им помагаат на ранливите категории на граѓани
Post Views: 9 Уметноста ставена во функција на ранливата категорија на граѓани. Проектот под наслов „Употреба на уметноста каде што е тешко да се зборува – Размени меѓу уметници кои работат во социјалната област” има за цел да ја поттикне уметноста и креативноста кај оние луѓе кои скршнале од вистинскиот пат. Културниот центар „Медиа Артес“ од Охрид и албанската асоцијацијата „Рефракшн“ една година ќе го спроведуваат овој проект кој е финансиран од ИПА програмата на Европската Унија за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Албанија. Со него се опфатени општините Охрид...
Која сака има можност доживотно да учи
Post Views: 2 Охриѓани заинтересирани за доживотно учење. Денес преставници од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност одржа презентација на програмите Доживотно учење (Еразмус, Комениус, Грундвиг, Леонардо да Винчи и Студиски посети) и Млади во акција. Целта на информативниот ден е запознавање на потенцијалните корисници со можностите на програмата, начините за пријавување, како и со предвидените правила и рокови за аплицирање и размена на успешни приказни.Постојано интересот кај граѓаните за овие програми расте. Оваа година имаше 240 стипендисти, а...
Штитениците од дневните центри сеуште не го имаат сефтосано специјалното возило
Post Views: 5 Штитениците од дневниот центар „Доброљубие“ сеуште не го имаат сефтосано специјалното возило наменето за лицата со хендикеп кое беше набавено со средства собрани од големата хуманитарна акциja „Декември-месец на отворено срце“ која се спроведе минатата година. Никола Кукоски, проект менаџерот на „Доброљубие“ вели дека откога во месец јули ова возило и било предадено на Локалната за таа да го одржува и да стопанисува со него, тие не го имаат користено за свои потреби.Бидејќи ние во летниот период паузираме со работа немавме можност кога да го побараме...
Домаќински или недомаќински се трошат парите на охриѓани
Post Views: 6 Измените на Програмата за детска заштита за 2013 год., за култура, за образование за социјална заштита и за спорт ги разбрануваа страстите кај советниците. Советникот од ВМРО НП, Јоне Станкоски рече дека работењето на новата локална власт очигледно е недомаќинско бидејќи средствата кои беа наменети за реализација на овие програми сега се планира да се намалат дури за 600 000 евра. Со тоа многу важни ставки од овие програми ќе бидат избришани, додаде Станкоски.Станува збор за лоша проценка, односно планирање на буџетот. Во јуни беше донесена нова програма во која...