Автор: Јаковлева Лионела
Post Views: 4 Двете точки од областа на урбанизмот кои беа повлечени на 12тата седница на совет а со кои се предвидува изградба на висококатници во централното градско подрачје никако да се најдат на дневен ред. Опозицијата која ја напушти таа седница во знак на подршка на Мирослав Шиповиќ, претседателот на ОО на СДСМ Центар, сега две заседавања на советот по ред ги бара овие точки.Ова покажува дека има несогласувања внатре во советничката група на ВМРО ДПМНЕ. Не можат да се искоординираат меѓе себе и затоа не ги ставаат овие точки на дневен ред, вели Јoне Станкоски, советникот...
Повторно настрада детското игралиште во населбата „Гоце Делчев“
Post Views: 4 Руинирано детското игралиште во населбата „Гоце Делчев“. Овие катчиња за одмор и рекреација кои се замена за некогашните маалски лединки се почесто безмилосно се уништуваат. Долго време спортските и детските игралишта беа посакувани терени за забава и рекреација на децата, и сега кога ги добивме, не знаеме да ги чуваме, велат граѓаните. Конкретно за изградба на игралиштето во оваа населба граѓаните чекале 30 години. Од Локалната самоуправа информираат дека редовно ги одржуваат 14-те детски и спортски игралишта во повеќе делови од градот. Но, ги загрижувава тоа што...
Сеуште не се знае со која претстава ќе се отвори театарската сезона
Post Views: 5 Сонот на летната ноќ охридските љубители на театарот по се изгледа можат да го гледаат само на лето а на зима можат да го сонуваат. Техничките соработници од странство кои се потрудија ова дело на Шекспир 4 пати да биде изведено во Охрид во летниот период сега поради други ангажмани им ги изменија плановите на Охридскиот народен театар и Центарот за култура Григор Прличев. Новата театарска сезона место како што беше најавено, со најволшебното дело на Шекспир ќе започне со задоцнување со некоја друга претстава. Со уметничкиот директор на охридскиот театар Горан...
Музејските артефакти набрзо ќе станат подостапни за слепите лица
Post Views: 1 Слепите лица и лицата со оштетен вид ќе можат да ја почуствуваат културата. Завод и музеј заедно со Здружението за слепи лица од Охрид изработиле проект со наслов „Допри ја културата, почувствувај ја уметноста“. Тој е финансиран од фондацијата Ставрос Ниаркос во партнерство со Шведската организација „Културно наследство без граници“. Со овој проект треба да им се овозможи на слепите лица и лицата со оштетен вид подобар пристап до просториите со музејските збирки и експонати во Охрид.Ќе се изработат и копии на артефакти кои не можат да вообичаено да се допираат .Во...
Охриѓани го одбележаа Митровден
Post Views: 4 Охриѓани денес го чествуваат верскиот празник Митровден. Голем број граѓани, со свеќа во рака и со молитва за здравје и бериќет се помолија пред импровизираниот црковен храм посветен на великомаченикот Св. Димитрија. Со звуците на македонската песна и игра на градскиот плоштад се одржа црковно народен собир. Граѓаните се задоволни од ваквиот начин на прославување на Митровден. Од Црковниот одбор Св. Димитрија по десети пат го одбележуваат црковниот празник. Организираа свечен ручек пропратен со богат музички и сценски настап на музичари од земјава.Со посно гравче...
Градоначалникот Никола Бакрачески, кум за Водици
Post Views: 4 Здружението Богојавление го кани Градоначалникот Никола Бакрачески да биде кум за Водици. Поканата веќе е испратена до Градоначалникот, а била во согласност со традицијата на здружението на секој ново избран градоначалник во првата година од мандатот да му се понуди кумство за Водици. Се очекува Бакрачески официјално да се произнесе за иницијативата на „Богојавление.Инаку, здружението интензивно се подготвува за манифестацијата Водици 2014-та. Од таму велат дека интенција им е бројот на гостите кој минатата година изнесуваше околу 3000 да го зголемат. Димитри...
Дневните центри за деца со посебни потреби, бараат помош од локалната
Post Views: 6 15 дечиња со посебни потреби веќе осум години се згрижени во дневниот центар Доброљубие кој се наоѓа во просториите на црквата Св. Ѓорѓија. Тие таму го поминуваат и осмислуваат своето време под надзор на дефектолог, медицинска сестра и уште неколку лица кои се ангажирани околу нив. Овој дневен центар се отвори на иницијатива на католичката и православната црква, а е финансиран преку проект од германската влада. Никола Кукоски, проект менаџерот вели дека центарот добро функционира, но има и некои проблеми со кои се соочуваат веќе подолго време.Бараме локалната или...
Секој со своите аргументи
Post Views: 5 Цените на услугите, висината на давачките за поставување урбана опрема, локалната патна инфраструктура се само дел од проблемите кои ги мачат угостителските работници од градов. Од еснафот на угостители велат дека генерално се задоволни како измина туристичката сезона, но додаваат дека би била уште подобра доколку се минимизираат овие проблеми. Тие бараат да се зголеми соработката со Локалната самоуправа.Локалната немаше време да се подготви за оваа сезона. Но се надевам дека нејзините служби ги увидоа недостатоците. Очекувам во иднина плодна соработка со цел...