Автор: Јаковлева Лионела
Post Views: 10 Охриѓанец олеснет за 1,2 милиони денари. Вчера попладне од неговиот дом на улица Дејан Војвода украдени се повеќе златни предмети и пари. По пријавување на тешката кражба стручни полициски екипи извршиле криминалистичко технички увид при што констатирани се сите аспекти на ова тешко казнено дело. Интересен е податокот дека при увидот не се пронајдени знаци на насилно влегување во станот, вели портпаролот на СВР, Стефан Димовски.Сторителите или сторителот на ова казненоп дело нема долго да му се радува на пленот. Набрзо ќе бидат изнесени пред лицето на јавноста....
Денот на македонската револуционерна борба, Општина Охрид свечено го одбележа
Post Views: 6 Возвишено, гордо, достоинствено и исправено одбележуваме 120 години од судбинскиот момент кога беше одредена историјата на македонскиот народ, рече градоначалникот Никола Бакрачески во денешното обраќање по повод денот на македонската револуционерна борба. Тој се наврати назад во 1892год. Кога во Солун шестмина мажи, револуционери и пред се македонци ја поставиле структурата на организацијата и ги втемелиле идеите за создавање сопствена македонска држава.Иако низ годините се менуваа називите, две придавки секогаш беа стожерот на името на оваа организација. Тоа се...
Потребна е поголема грижа на државата за инклузија на децата со хендикеп
Post Views: 7 Децата со посебни потреби многу малку се вклучени во општествените процеси во државава, велат дефектолозите. Проф. Д-р Зора Јачева, раководителот на институтот за дефектологија при филозофскиот факултет во Скопје вели дека уште од 1998 година започнале преку проекти да се борат со предизвиците наметнати од овој горлив проблем. Она што било лоцирано на терен е дека наставниците немале соодветна едукација за работа со вакви деца. Поради тоа заедно со трите ресорни министерства, министерството за здравство, образование и труд и социјала во иницијалното образование...
Фирмите кои немаат набавено дефибрилатор ќе плаќаат високи глоби
Post Views: 14 Државниот санитарен инспекторат од понеделникот врши интензивни контроли во фирмите во кои има повеќе од 100 вработени за да провери дали набавиле апарати за електрошокови, односно дефибрилатори што е предвидено со Законот за здавствена заштита кој стапи во сила од први јуни минатата година. Според него здравствен пункт со дефибрилатор мора да имаат државните органи, правосудните органи, единиците на локалната самоуправа,трговски друштва со над 100 вработени, како и хотели со капацитет над 100 легла. Доколку немаат казните се високи. За правно лице изнесуваат од...
„Светиот завет“ од Томислав Тунтев, оставштина за идните генерации
Post Views: 9 „Пливајќи од Сараиште према Свети Јон крстон, а тоа е линијата кога од брегот првпат ќе го здогледате крстот на Свети Јован Богослов-Канео и гледајќи ја сета таа убавина, гледајќи како пред мене излегува покривот од Св. Софија, па покривот на Св, Врачи, па камбанаријата на Св. Богородица Перивлепта и на крај ти излегува пред очи покривот на Св. Константин и Елена, гледајќи ги двете калиња на кои се распослал Охрид, сите тие куќи, улици, јалици, маѓерија, сватив дека таму се кријат тајни за кои сум слушал од моите тетки и баби и си реков морам да напишам книга. Во...
Охриѓани имаат волонтерски дух
Post Views: 2 Во охридската организација на Црвениот крст има преку 1200 волонтери од кои околу 800 се активни. Според овие бројки охридската организација е прва во Македонија. Тие се на различна возраст и се инволвирани во сите сегменти на делување на оваа организација. Голем е бројот и на младите луѓе кои се подготвени безрезервно да им помогнат на оние на кои што тоа им е неопходно. Стефани Данеска е една од нив. Мотивот што станав волонтер во охридскиот Црвен крст е желбата да им помогнам на моите врсници на кои им е потребна помош, но и на постарите лица кои се немоќни,...
Спомениците и спомен обележјата во градов, оставени на забот на времето
Post Views: 5 Спомениците и спомен обележјата во градов, а посебно оние кои се наоѓаат во руралните средини оставени на забот на времето, велат историчарите. Овие паметници не се случајно поставени и не се посветени на случајни личности, потенцира кустосот Горан Митрески. Тој како пример го посочи спомен обележјето на македонскиот пролетерски поет, Коста Абраш кое се наоѓа на Сараиште а за кое ретко кој од охриѓаните знае бидејќи местото не е ниту заградено ниту уредено.Недолично е ваквото однесување кон овие обележја. На дел од нив се сеќаваме само кога е некој национален...
Над 500 семејства во Охрид и Дебрца се социјално загрозени
Post Views: 7 Во Охрид и Дебрца евидентирани се над 500 социјално загрозени семејства. Ова го покажуваат податоците на Центарот за социјална работа. Поради строгите критериуми за доделување еднократна или постојана помош, бројот на евидентирани семејства според центарот во последните пет години се намалува, но се поголем е бројот на семејства кои бараат помош во охридскиот Црвен крст. По повод Светскиот ден на гладта и Неделата на борба против гладта, Црвениот крст спроведува кампања за помош на социјално најзагрозените семејства. Ние правиме напори да им помогниме на...