Skip to main content

Автор: Јаковлева Лионела

Антонио доби чек од 10 000ден.

Post Views: 12 Антонио е првото бебе родено во новата година во Охрид. Денес вршителот на должност градоначалник Константин Георгиески го даруваше новороденчето со вредносен чек од 10.000 денари и пригодни подароци, упатувајќи и` честитки на дваесетгодишната мајка Софија Бимбилоска, на која ова и е прво дете. Искрено упатувам честитка до среќното семејство Бимбилоски за најубавиот дар од Бога што го добија во новата 2019 година. На малиот Антонио му посакувам добро здравје, долг живот проследен со многу среќа и радост. Децата се нашата иднина, нема човек кој не се разнежнува...

Продолжи со читање

Престојните празници ќе донесат многу гости во Охрид и Струга

Post Views: 11 Престојните празници ќе донесат многу гости во Охрид и Струга. Најбројни и оваа година ќе бидат гостите од Србија и Бугарија, но ќе има и од Албанија, Грција и западноевропските земји. Туристички работници задоволни од најавената посетеност. Најголемиот број хотели и приватни апартмани се веќе резервирани. Исполнетоста е добра и тоа е показател дека цените на хотелите и рестораните се коректни. Е сега има некои гости на кои им се високи, а има и такви на кои им се ниски. Но, ако аранжманите се добро продадени тоа значи дека се коректни, вели Крсте Блажески,...

Продолжи со читање

Корпите за смет беа вандализирани

Post Views: 11 Корпите за смет кои беа вандализирани викендов се повлечени со цел ако може да се санираат. Контејнерите се вратени во првобитна положба, а отпадот е расчистен. Урбаната опрема вчераутро беше мета на несовесни граѓани кои дивееле и вандалски се однесувале во центарот на Охрид. Превртиле, искршиле и уништиле контејнери и корпи за смет, а отпадот го расфрлале насекаде по градскиот кеј и по улицата „Македонски Просветители“. И контејнерите по улиците „АСНОМ“, булевар „Туристичка“, „Егејска“ и „7-ми Ноември“ се превртени, а отпадот бил расфрлан по коловозот, тревните...

Продолжи со читање

Домашни посети за изнемоштените лица

Post Views: 10 Граѓаните кои се немоќни, болни или хендикепирани, а имаат потреба од анализи кои се прават во Центарот за јавно здравје, оваа услуга можат да ја добијат во домашни услови. Стручни екипи oд центарот доаѓаат кај пациентите на кои треба да им се земе брис од нос, грло, уринокултура или треба да им се направат други микробиолошки испитувања. Со оваа акција опфатени се и трудниците кои имаат ризична бременост или некоја друга причина па не се во можност да го посетат Центарот за јавно здравје. Корисно е во овај временски период кога навистина е студено, кога има...

Продолжи со читање

Реал Мадрид доаѓа во Охрид

Post Views: 8 Охрид е подготвен за вториот камп на фондацијата Реал Мадрид. Кампот е наменет за деца помеѓу 7 и 17 години, кои ќе стекнат непроценливо фудбалско искуство од тренерите за млади категории на „кралскиот клуб“. Учесниците на кампот се обединети од нивната страст кон клубот и неговите вредности како што се напорна работа, иницијатива, самоконтрола, тимска работа и респект. Тимот на кампот е составен од професионални тренери, психолози и едуцирани едукатори чија обука овозможува да се применува еден мултидимензионален систем, вели Влатко Тодев, лиценциран партнер на...

Продолжи со читање

Плашицата се помалку барана на пазарот

Post Views: 8 Плашицата се помалку барана на пазарот. Оваа риба која е карактеристична за охридскиот регион, многу се конзумираше во минатото, но во последниве петт- шест години нема интерес за нејзино изловување, а многу ретко се нуди во рестораните во градов. Граѓаните оваа риба порано многу ја користеа и во секојдневната исхрана, а посебно во овој период кога се посните слави. Неодамна се случи еден поголем помор на плашицата, а стручњаците велат дека една од причините за тоа е што оваа риба е многу размножена, а не се изловува во доволни количини. Концесионерот на рибниот...

Продолжи со читање

Пешаците најчести жртви во сообраќајните незгоди

Post Views: 18 Околу 25 отсто од вкупниот број жртви во сообраќајни незгоди во државава се пешаци. Од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата наведуваат дека ваквиот загрижувачки податок се должи на тоа што голем дел од пешаците не се свесни дека и тие се активни учесници во сообраќајот па ги прекршуваат сообраќајните правила.Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата Охрид, активно се вклучува во кампањата на Републичкиот совет за поголема заштита на пешаците во сообраќајот „Без изговори-без оправдувања“.Дел од пешаците драстично ги кршат...

Продолжи со читање

Охридската гимназија се осовременува

Post Views: 4 Охридската гимназија се осовременува. Направени се осум кабинети по речиси сите предмети кои се опремени со инвентар, телевизори, компјутери како и една просторија наменета за прием на родителите, а во подготовка е и просторијата за учениците во која ќе можат да го поминуваат слободното време или да извршуваат некои воншколски активности. Денес по повод патрониот празник на Гимназијата Св. Климент Охридски и официјално беа презентирани новите кабинети и простории. Кабинетската настава е поттик за подобра работа и на професорите и на учениците, а со подобрувањето...

Продолжи со читање