Автор: Јаковлева Лионела
Post Views: 5 28ми септември, светскиот ден на глувите лица, здружението на глуви и наглуви лица од Македонија, традиционално го одбележа со спортски игри. По петти пат 12 општини од Македонија се натпреваруваа во пет дисциплини и тоа баскет, фудбал, одбојка на песок, куглање и фрлање ѓуле. Во натпреварите учествуваа 60 лица од кои 40 мажи и 20 жени. Тихо Русовски, претседателот на спортската федерација на глуви и наглуви лица на Македонија задоволен што лицата од оваа ранлива категорија и оваа година се собраа во толкав број да го одбележат овој ден. Не случајно секоја година...
Со здрави навики до здраво срце
Post Views: 8 Охриѓани се повеќе ги менуваат своите животни навики. Тие од ден на ден изнаоѓаат нови начини како да се справат со динамичниот начин на живот и стресот кои придонесуваат за голем број заболувања. Кардиоваскуларните сеуште се број еден во светот по процентот на смртност, вели кардиологот Марија Зимбова.Свеста кај охриѓани се повеќе расте. Ме радува што нашите заложби превентивно да делуваме веќе ги даваат првите резултатаи. Тие се повеќе се откажуваат од лошите навики како пушењето, нездравиот начин на исхрана и слабата физичка активност, рече кардиологот Д-р...
Од нова година конечно ќе се гради градскиот пазар
Post Views: 5 Од нова година конечно ќе се гради градскиот пазар, најавува претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ, Атанаско Михаилов. Современиот пазар за кој граѓаните се изнаслушаа ветувања веќе десетина години наназад а беше дел од изборната програма на сите кандидати за градоначалници, конечно ќе се гради со преземањето на локалната влааст од страна на ВМРО ДПМНЕ, уверува Михаилов. Тој открива дека во тек е изработката на физибилити студијата, а деновиве ќе започне и тендерската постапка за да се одбере најдобрата понуда за изведувач. По се изгледа пазарот ќе...
Центарот за јавно здравје подготвен за новата сезона на грип
Post Views: 6 Центарот за јавно здравје набави 2500 вакцини против сезонски грип. Од таму велат дека се целосно подготвени за новата сезона на ова заразно заболување. И оваа годин како и минатите ќе се вакцинира против три видови на грип и тоа А, Б и Ц. Атанаско Михаилов, раководителот на Центарот за јавно здравје вели дека од минатата година набавени се 300 вакцини повеќе поради се поголемиот интерес на граѓаните за превентивна заштита од грип. Првенствено да се вакцинираат ранливите групи а тоа се лицата со над 65 год старост, хронично болните, децата и граѓаните кои работат со...
Автопатското поврзувања Охрид, Струга, Кичево се поизвесно
Post Views: 5 Добрата патна инфраструктура еден од најважните услови за развојот на туризмот во регионов, велат експертите. Гостите кои доаѓаат во Охрид со автомобил најмногу се жалат на состојбата на патиштата низ државава. Автопатското поврзување на градовите Охрид, Струга и Кичево кое се најавува веќе подолго време, се поизвесно. Граѓаните на Охрид и туристите со нетрпение очекуваат да се направи овој патен правец.Претседателот на Владата Никола Груевски во Собранието на Република Македонија одговарајќи на пратеничко прашање од охридскиот паретник Александар Николоски ги...
Во градов ќе се отвори средно музичко училиште
Post Views: 5 Од 2014 година во Охрид покрај основното ќе има и средно музичко училиште. Оваа идеја која постоеше години наназад конечно ќе се реализира. Градоначалникот Никола Бакрачески рече дека подготовките и преговорите се во тек.Интерес за отварање средно музичко училиште постои вели, Нина Момировска, директорката на ОМУ Методи Патче. Уште во месец мај тие спровеле анкета кај учениците од последните одделенија во музичкото училиште и кај основците од останатите училишта во градов. Голем процент од нив позитивно се изјасниле околу прашањето за отварање средно училиште во...
Соединување на каменот со дрвото
Post Views: 9 Со камчиња и дрво Анета Вршкоска Јованоска го напиша својот личен дневник покажувајќи ја притоа својата сензибилност и вербата во естетиката, но и вљубеноста во уметноста. Под името Соединување таа синоќа пред широката публика ги прикажа своите дела изработени од ситни камчиња и дрвца кои стрпливо ги собирала и соединувала речиси една година. Името на изложбата не е случајно а го даде мојот помал син, Јаков при една заедничка прошетка во планина. Тогаш забележавме како камчињата и дрвата во природата се совршено соединети, рече уметникот Анета Вршкоска Јованоска.Таа...
Сеуште неизвесна судбината на здравствениот дом во Охрид
Post Views: 4 Сеуште неизвесна судбината на здравствениот дом во Охрид, попознат како Маларична. Надлежните институции во дилема дали да се реконструира или да биде изграден нов објект на друга локација. Оваа здравствена установа е во незавидна состојба бидејќи многу е руинирана па речиси во неа и да нема услови за работа. Охриѓани кои голем дел се и пациенти кај докторите чии ординации се наоѓаат токму таму, со поделени мислења околу иднината на здравствениот дом.Министерството за здравство е тоа кое треба да одлучи што со Здравствениот дом во Охрид. Градоначалникот Никола...