Автор: Јаковлева Лионела
Post Views: 7 Во Општата болница во Охрид денес за прв пат беше изведена лапараскопска интервенција. Зафатот се изврши на 24 годишна пациентка на која и беше отстранета жолчката. Операцијата се одвиваше во присуство на професори од скопската клиника, а целиот зафат можеше да се следи и во живо преку болничките мониторинг-камери. Според претседателот на Управниот одбор на болницата и портпарол, доктор Сашо Василевски ова е многу значаен момент и за болницата, но и за пациентите.Ова не е нова метода во медицината и во светот е етаблирана со години наназад, но во охридската...
Европа ќе го отвори кесето
Post Views: 6 Еден милион евра треба да влезат во градов доколку бидат прифатени сите проекти со кои аплицираше Секторот ТЛЕР до различни фондации и институции од Европа и пошироко. Најголем дел од проектите се доставени до програмата за прекугранична соработка на ИПА фондовите и тоа во соработка со Р. Грција. Во четири проекти Општина Охрид се јавува како водечки партнер. Вкупната вредност на овие проекти се движи околу 550 000 евра, вели Горан Мицковски од ТЛЕР.Мицковски потенцира дека примарната функција на овој сектор е максимално искористување на можностите кои постојат...
Туристичката сезона заврши ама остана расфрланиот смет
Post Views: 5 Околината на патот кој води кон хотелот со пет ѕвездички, Инекс Горица и кон вилата на претседателот и останатите државни објекти, затрупана со смет. Овој најрепрезентативен дел од Охрид нималку не изгледа репрезентативно со расфрланото ѓубриште покрај патот. Пластични шишиња, хартија, метални шипки и што уште не, може да се најде под боровата шума. Големиот број рекреативци кои ја користат оваа патека зад нашата камера коментираа дека ова е најфрекфентниот дел за љубителите на природата, и никогаш досега истиот не бил во ваква лоша состојба. „ До лани овде...
Продолжениот престој и оваа година ќе функционира
Post Views: 6 Родителите можат да бидат мирни. Продолжениот престој во рамките на ОУ Григор Прличев и градинката Јасна Ристеска и оваа година ќе функционира. Веќе се запишани 43 дечиња на возраст од шест до десет години кои се згрижени од стручен персонал од градинката кој поседува соодветно образование за одделенска настава. Се очекува овој број да се зголеми бидејќи уписите траат до крајот на септември. Цената на чинење за целодневниот престој е иста како во градинката и изнесува 1590 ден. а во неа покрај престојот се вклучени и три оброци, кажува Роза Костеска-директорката на ...
Ќе се направи малиот плоштад кај некогашната библиотека
Post Views: 5 Малиот плоштад кај некогашната библиотека ќе се гради со германски средства. Од Секторот за ТЛЕР велат дека идејата за овој проект дошла одкога воспоставиле контакти со преставници на општината на градот Визмар од СР Германија кој истотака е заштитен од УНЕСКО и има сопствен фонд за финансирање на мали проекти кои изнесуват од 10 до 12000 евра и тоа за реконструкција и заштита на стари споменични јадра или простори.Локалната од овој фонд планира да извлече 12000 евра а целокупниот проект чини 18 183 евра. Останатите пари ќе ги даде локалната, вели Горан Мицковски од...
Дворот на училиштето Христо Узунов ќе стане цветна градина
Post Views: 11 Дворот на училиштето Христо Узунов ќе стане цветна градина. Родителите со сопствени средства и работна сила ќе засадат 3000 цвеќиња донесени од приватни расади. Сега временските услови не се погодни за садење, но ќе ја изораме и фрезираме дворната површина со што ќе ја подготвиме за пролетното садење, вели Душко Цветкоски еден од иницијаторите на оваа акција.На ова место 25 години ништо не било направено.ВД директорот на ова основно училиште, Тони Симоновски вели дека се радува на оваа иницијатива и на соработката со родителите. Дворот на едно училиште всушност е...
Промовирана стратегијата за одржлив економски развој за 2013-2014
Post Views: 12 Секторот за локален економски развој ја промовираше стратегијата за одржлив економски развој, односно ревизијата на акционите планови за 2013-2014. Општина Охрид уште од 2007год. имаше развиено стратегија за одржлив економски развој, но дури годинава, за прв пат, се направила нејзина ревизија. Ѓоко Апостолов, раководителот на ТЛЕР вели дека тоа е обемен процес, па затоа ревизија е направена само за две години, но во догледно време ќе се ревидираат акционите планови и од останатите години. Ваквата постапка е неопходна, бидејќи само на таков начин може да се...
Четири години од бродската несреќа
Post Views: 5 Охрид денес се потсети и им оддаде почит на жртвите од бродската несреќа која се случи пред четири години. Со потонувањето на бродот Илинден животите ги изгубија петнаесет бугарски туристи во чија чест општината подигна паметник на кејот на езерото. Делегација од локалната и од бугарскиот конзулат во Битола положија свежо цвеќе.Оваа несреќа беше причина повеќе Министерството за транспорт и врски и локалната да поводат уште поголема сметка за безбедноста во водениот сообраќај, рече Гордана Коњаноска, претседателот на на Совет.Данчо Мичев, преставникот на бугарскиот...