Skip to main content

Автор: Јаковлева Лионела

Тегла ајвар колку килограм месо

Post Views: 4 Почна сезоната на ајварот. Ретко кој не го сака овај наш македонски специјалитет, ама оваа зима се помалку ќе го има на трпезата. Килограм црврени пиперки чинат од 30 до 40 ден. па според некои пресметки тегла ајвар ќе чини колку килограм месо. Домаќинките кои подготвуваат зимници велат дека трошат 4 килограми пиперки за една тегла ајвар од 800 грама. Според нив ајварот е прескап и многумина ќе се одлучат да купат по некоја тегла од маркетите колку за мерак. Оние тврдокорните , ќе треба да го одврзат ќесето.Единствена олеснителна околност е што маслото за јадење...

Продолжи со читање

Ќе се санираат тротоарите на улицата „Питу Гули“

Post Views: 7 Улицата „Питу Гули“ заборавена од надлежните. Ова го тврдат граѓаните кои живеат на оваа улица која се протега од кружниот тек кај болницата па се до новата автобуска станица. Тие додаваат дека оваа улица е многу прометна како за сообраќај така и за пешаци посебно сега кога започна учебната година, а тука се наоѓа едно од најголемите основни училишта, „Христо Узунов“. Учениците сакаат што побрзо да се направат тротоарите за да не газат во дупки. Повозрасните пак велат дека улицата наликува на селски пат. Директорот на ОУ „Христо Узунов“, Тони Симоновски вели дека и...

Продолжи со читање

Локалната подготвена за новата учебна година

Post Views: 6 Проблемите во охридските училишта испливаа на површина. Димитар Спасески, секретарот на општина Охрид на десетата седница на совет обелодени дека ниту едно училиште од градов не може да извади имотен лист бидејќи никој досега не се потрудил да ги евидентира во катастар како нивна сопственост. Тоа предизвикува низа проблеми, објасни Спасески при нивната реконструкција и санација бидејќи дел од нив веќе се влезени во програмата на Министерството за образование за 124 реконструкции на училишта низ државава. Најголем приоритет на Локалната е да ги реши натрупаните...

Продолжи со читање

Зелено светло за паралелките со помал број ученици

Post Views: 6   Образованието, тема на десетата седница на Советот на Општина Охрид. Во очи на новаста школска година советниците продискутираа за проблемите кои ги мачат училиштата години наназад. Рак рана преставува се помалиот број првачиња, но и намалениот број на ученици кои се запишуваат во средните училишта во градов. Најалармантна е состојбата во ЕМУЦ Св. Наум Охридски и Угостителското училиште Ванчо Питошевски. Денес се бараше согласност од советниците во овие училишта да се формираат паралелки и со помалку од 25 ученици.Според моите пресметки во оваа учебна година ќе се...

Продолжи со читање

Возбуда за децата главоболки за родителите

Post Views: 7 Се ситнат деновите до почетокот на новата училишна година. Овој период им создава возбуда на децата пред се на првачињата, но и главоболки на родителите.  Сите оние кои имаат првачиња од својот буџет ќе треба да одвојат од 700 до 1500 денари за да го обезбедат само школскиот прибор . Само за илустрација тетратките од А5 формат чинат 60ден., тетратките од А4 формат чинат 30 ден., дрвените боици во зависност од квалитетот и производителот чинат од 90 до 140 ден., фломастерите се од 70 до 200ден., моливите и пенкалата можат да се купат по цена од 10 до 20 ден. Тука...

Продолжи со читање

Денес се празнува големиот христијански празник- Успение на пресвета Богородица

Post Views: 4 Голем број верници не само од Охрид туку од сите краеви на Македонија и пошироко утрово ја посетија црквата „Света Богородица“ Каменско. Денес се празнува големиот христијански празник- Успение на пресвета Богородица. Тие запалија свеќи и се помолија за здравје и благосостојба. Успение на Пресвета Богородица или Голема Богородица е голем христијански празник кај православните, посветен на смртта на Марија, мајката на Исус Христос. Христијаните веруваат дека, како и Исус, и Богородица по смртта воскреснала и заминала на небото, како со душата така и со телото. Оттаму...

Продолжи со читање

Охриѓани незадоволни од такси превозот во градов

Post Views: 3 Охриѓани со низа забелешки во врска со такси превозот во градов. Тие велат дека и ова лето присутни биле старите проблеми. Повторно имало случаи кога таксистите одбивале да возат на кратки релации, а доколку ги однеселе до саканото место цената која им ја наплаќале ја треселе од ракав.Од Секторот за туризам и локален економски развој велат дека свесни се за проблемите со такси превозот. Токму поради тоа на самиот старт на сезоната превзедоа низа мерки за воведување ред во такси превозот. Ѓоко Апостолов, раководителот на ТЛЕР вели дека во текот на летото поради...

Продолжи со читање

Успешна туристичка сезона

Post Views: 4 Успешна туристичка сезона, од ТЛЕР вака ја оценуваат сезоната која е на изминување. Од таму велат дека статистичките податоци и податоците од општинскиот инспекторат кои се однесуваат на наплатата на туристичката такса го потврдуваат тоа. Наплатата на туристичката такса заклучно со месец јуни е зголемена за 29%. Бројот на домашни ноќевања на домашни гости во месец јуни е намален за 2,6%, но затоа пак бројот на ноќевања на странски гости во истиот месец е зголемен за 23,3%. Или вкупно бројот на ноќевања во месец јуни е зголемен за 13,3%. Ѓоко Апостолов, раководителот...

Продолжи со читање