Автор: Јаковлева Лионела
Post Views: 6 Започна монтирањето на унифицираните монтажни куќички за продажба на сувенири, подарок од Министерството за култура. Во овие времени објекти ќе се продаваат сувенири – копии на археолошки наоди од Македонија, како и промотивен материјал на Охрид. „Куќарките ќе се постават на три локации. Една на градскиот плоштад, една на плоштадот Крушевска република а за третата допрва Секторот за урбанизам ќе одлучи на која локација ќе биде ставена„, вели Томе Џамтоски-портпарол на Локална самоуправаОд Секторот за локален економски развој велат дека материјалите и...
Станарите од опожарената зграда на булеварот „Туристичка“ добија електрична енерија
Post Views: 3 На станарите од опожарената зграда бр.4 на булеварот „Туристичка“ конечно им светна. Тие вчера напладне добија електрична енерија. Поради пожарот кој пред единаесет дена ја зафати зградата од електричната инсталација станарите останаа без струја речиси една недела. Откога Градоначалникот Никола Бакрачески пред шест дена најави дека Локалната самоуправа ќе направи се што е во нејзините можности за санација на штетите, работите тргнаа на подобро, велат станарите. Во акцијата за помош се вклучија и советниците, стручни служби и специјализирана фирма од Охрид.„По...
Ние не сме некоја африканска земја во која не се почитуваат законите и секој си прави што сака
Post Views: 4 Предлог Одлуката за давање согласност на Одлуката за измени и дополнување на Одлуката за утврдување на цени за користење на спортските објекти и паркинг простори со кои стопанисува ЈП Билјанини извори-Охрид, крена прашина на денешната , седма седница на градскиот совет. Советниците од опозицијата се побунија зошто ЈП билјанини извори веќе десет дена наплаќа за паркинг просторите во градов само со одлука на Управен одбор, а без одлука на Советот на Општина Охрид.Не ми е јасно зошто денес ние ќе дискутираме за нешто што веќе е направено и тоа без наша согласност. Тие...
Ќе се стави ли ред во водениот сообраќај во езерото
Post Views: 5 Забраната за скутери се зголемува за еден час, одлучија од охридската капетанија. Љубителите на овие пловила ќе можат да ги возат само пред 11 часот и после 19, вели Горан Устијаноски, капетанот на охридската капетанија. Тој додава дека забраната ја поместиле за уште еден час бидејќи во 18 часот плажите сеуште се полни со капачи па опасноста од доаѓање до некаков несреќен случај предизвикан пд скутерџиите е поголема. Зaбраната стапува на сила од први јули и ќе трае до крајот на август. Инаку охридската капетанија презема и низа други активности и мерки за...
Нема безбедна и сигурна Европа без безбеден и сигурен Балкан
Post Views: 4 Нема безбедна и сигурна Европа без безбеден и сигурен Балкан, истакна Министерот за одбрана на РМ, Талал Џафери на конференцијата на министрите за одбрана на земјите-членки на САД-Јадранската повелба. Оваа конференција која денес се одржа во Охрид се одвиваше под мотото„Здружено кон глобалниот мир и безбедност“. Министерот Џафери рече дека сите земји-членки на САД-Јадранската повелба даваат долгорочен придонес во меѓународни операции и во регионалната безбедност. Нашиот заеднички успех и унапредувањето на регионалната соработка е пристап на двојна добивка за мирот и...
Советниците и локалците се обучуваат како да ги помогнат програмите за ХИВ и туберкулозa
Post Views: 5 Советниците и преставници од Локалната се обучуваат како да помогнат во одржливоста на програмите за ХИВ и туберкулоза. Невладините организации кои ја третираат оваа проблематика планират да изготват акционен план кој треба да биде подржан од општината. Целта на овој план според Александра Наумческа од невладината организација „Интеретнички проект“ од Гостивар која го спроведува проектот, е подобрување на условите за имплементација на програмите за превенција од ХИВ и туберколоза на ниво на заедницата.Во проектот „Застапување, комуникација и социјална мобилизација“...
Успешно заврши јавното наддавање за поставување урбана опрема
Post Views: 3 Jавното наддавање за поставување на урбана опрема кое се спроведе вчера помина во најдобар ред, велат од Локалната. Од пристигнатите 172 понуди разгледани биле 166. 5 не учествувале во наддавањето, а една воопшто не била земена во предвид бидеќи не била комплетна. Од предвидените 25 локации за поставување фрижидери за сладолед издадени се сите. Фрижидери ќе има на Сараиште, на градскиот плоштад а најголемиот дел ќе бидат поставени по кејот. Од предвидените 8 локации за продажба на уметнички слики исто така издадени се сите. Издадени се и сите 6 локации за продажба...
Се повтори постапката за јавното наддавање за поставување на урбана опрема
Post Views: 4 Денес се повтори постапката за јавното наддавање за поставување на урбана опрема. Согласно Решението донесено од страна на Градоначалникот за поставување на урбана опрема се поништи делот на јавното надавање кое се одржа на 04.06.2013 година. Претходното јавно надавање се поништи бидејќи од Комисијата надлежна за спроведување на огласот и извештајот од одделението за јавни набавки, констатирани се низа неправилности во поглед на спроведување на постапката за издавање на микролокации за поставување на урбана опрема. Портпаролот на Локалната самоуправа, Томе...