Skip to main content

Автор: Јаковлева Лионела

Квалитет има, ама недостасува кадар

Post Views: 6 Д-р Горан Балевски, специјалист уролог во Општата болница во Охрид е трет на листата на најдобро рангирани доктори за месец  март.  Оваа листа ја составува Министерството за здравство според системот за плаќање по успешност. Наградени се оние доктори кои се движечка сила во своите институции. Тие добиваат посебно признание и паричен надоместок од  30 000 ден. Д-р Балевски не го крие задоволството од ваквото признание. Тој вели дека за да се дојде до едно вакво признание потребен е голем труд и ангажман, но објаснува дека самиот без неговиот тим не би го постигнал...

Продолжи со читање

Доаѓа сезоната на шумски пожари

Post Views: 10 Врнежите од дожд и ниските температури ја намалија опасноста од пожари. Но, од НП Галичица велат дека воопшто не седат со скрстени раце. Објаснуваат дека големата влажност и високите температири кои се најавени за наредниот период се причина за бујна тревна вегетација што пак е причина повеќе за полесно предизвикување на шумските пожари. Од Галичица објаснуваат дека со цел состојбата во паркот да остане стабилна и ризикот од пожари да биде сведен на минимум, се вршат обуки на населението кое живее во селата во рамки на националниот парк Галичица. Планирано е да се...

Продолжи со читање

Реакција од кабинетот на Градоначалникот

Post Views: 14 Градоначалникот Никола Бакрачески рече дека воопшто не е изненаден од доаѓањето на Зоран Заев во Охрид непосредно по неговото назначување за претседател на СДСМ, но додаде дека ваквата посета требало да ја направи многу порано кога градоначалник на градов беше човек од нивните редови.-Г-динот Заев требаше да се грижи за градот Охрид и вработените во Локалната самоуправа во времето кога неговиот другар и партиски колега Александар Петрески во градот Охрид и Локалната самоуправа направи тотална дезинтеграција на системот и хаос и нанесе децениска и милениумска штета...

Продолжи со читање

Брачен пар од Скопје дошол во Охрид да купи автомобил, а завршил на Корита

Post Views: 6 Брачен пар од Скопје дошол во Охрид да купи автомобил, а завршил на Корита. Инцидентот како што соопшти Стефан Димоски, портпаролот на СВР Охрид, се случил на 3-ти јуни, кога двајца 37 годишни охриѓани со измамa довеле во заблуда брачен пар од Скопје. Против нив СВР Охрид денеска поднесе кривични пријави за основано сомневање дека извршиле кривично дело „Разбојништво“ Осомничените минатата недела поставиле оглас на социјалните мрежи за продажба на возило Мерцедес произведено 2002 година по цена од 3500 евра. Непосредно потоа, стапиле во контакт со брачен пар од...

Продолжи со читање

Се зголемува безбедноста во водениот сообраќај

Post Views: 5 Воспоставен системот на радио врска помеѓу бродовите и охридската капетанија. Овој проект кој беше најавен уште зимата конечно се реализира. Сега сите 5 комерцијални бродови се вклучени во системот, а интерес покажал и Хидробиолошкиот завод за и неговите два брода да бидат поврзани со капетанијата преку радио врска.Капетанот Горан Устијаноски вели дека со овој систем сите бродови меѓусебно се поврзани па недај боже ако има некој проблем на некој од овие пловни објекти за тоа ќе бидат известени и останатите. Овие радиостаници првенствено се направени  за контакт меѓу...

Продолжи со читање

Охрид домакин на летниот кошаркарски турнир

Post Views: 8   Во Охрид за прв пат се одржа летниот кошаркарски турнир на деца до 14 год. Турнитот е во заедничка организација на ЈП „Билјанини извори“ и КК Колибри од Охрид. На овој натпревар зедоа учество 7екипи и тоа од Струга, Кичево Кавадарци и Охрид. Децата многу задоволни од ваквата средба посакаа да има уште многу вакви натпревари.Тренерот на КК Колибри, Весна Балазоска вели дека овој клуб постои 10 год а во него тренираат околу 200 дечиња. Балазоска додава дека и покрај мислењето дека во Охрид нема интерес кај децата за спорт, овај клуб егзистира и од година во година...

Продолжи со читање

Кандидати од овој регион поблиску до ЕУ само со засилена соработка

Post Views: 5 Министерите за надворешни работи од земјите на Југоисточна Европа денес во Охрид одржаа формален состанок во рамките на Процесот на соработка на земјите од Југоисточна Европа. Пораката што беше испратена од денешниот состанок е засилена соработка меѓу земјите кандидати и потенцијални кандидати од овој регион. Министерот Никола Попоски кажа дека на состанокот било разговарано за можностите за зајакнување на соработката и за поефикасно искористување на средствата кои се нудат од страна на ЕУ за меѓусебно поврзување. Во овој контекст би констатирал дека Македонија...

Продолжи со читање

Донесени мерките за поуспешна туристичка сезона

Post Views: 6   ТЛЕР, СВР, пазарната инспекција и УЈП седнаа на маса каде ги договрија заедничките мерки што ќе се преземат за подобра туристичка сезона. Како што истакна секретарот на општината, Димитар Спасески, Локалната има тенденција да развива елитен туризам врз основа на сите европски стандарди. Тој додаде дека интензивно се работи софтверски да се поврзат сите релевантни институции како би се имало увид колку гости доаѓаат во градов и каде се сместени. Ќе се работи и на решавање на проблемите со дивите станоиздавачи и викенд становите. Општа проценка е дека во градов има...

Продолжи со читање