Skip to main content

Автор: Јаковлева Лионела

Ќе има ли панаѓур и ова лето

Post Views: 3   Советниците ја изгласаа годинешната предлог-програма за поставување урбана опрема. Според неа на површината меѓу трговскиот центар Амам и угостителскиот комплекс Летница по пешачката улица „Свети Климент Охридски“ е планирана за изработка и продажба на уметнички слики и изработка на портрети. Презентација и продажба на народни ракотворби ќе има на Сараиште, од дворното место на Куќата на Уранија, пред куќата на Христо Узунов. Книги ќе се продаваат на старото место, на просторот меѓу трговскиот центар Амам и комплексот Летница по троторарот на улицата „Македонски...

Продолжи со читање

Охриѓани и гостите ќе куртулат од комарците

Post Views: 6 Ова лето ќе има дерман за охриѓани и гостите од комарците. На крајот на месецов ќе се врши дезинсекција или запрашување против комарци, велат од Регионалниот центар за јавно здравје.  Директорот на центарот, Атанаско Михаилов вели дека вреќе е разговарано со Градоначалникот со цел да се превземат потребните превентивни мерки на дезинсекција, дератизација и дезинфекција. Михаилов потенцира дека ова е единствен начин да се одбраниме од комарците во градов и додава дека минатогодишното авионско прскање воопшто не било продуктивно. Поради тоа годинава дезинсекцијата ќе...

Продолжи со читање

Плажите не се подготвени за престојната туристичка сезона

Post Views: 17 Охридските плажи не се подготвени за престојната туристичка сезона. Вообичаено, првомајските празници го означуваат почетокот на сезоната за сончање и капење, но оваа година работите околу уредувањето на плажите дадени под концесија доцнат. Концесионерите велат дека поради високиот водостој плажа речиси и да нема. Тие бараат помош од Локалната околу чистењето и попесочувањето на плажите.Од Локалната велат дека тие немаат никаква обврска спрема концесионерите на плажите. Од таму објаснуваат дека иако државата на општината и го додели државното градежно земјиште,...

Продолжи со читање

Средношколците и основците од градов симулираа давање прва помош

Post Views: 7 Денес се одржа 42от општински натпревар по прва помош.  Натпреварот се одвиваше на 7 пункта поставени на различни локации низ градот. Од година во година интересот за учество на овој натпревар е се поголем. Минатата година учествувале 230 ученици а годинава 280.Овој настан беше интересен и за случајните минувачи и намерници бидејќи симулациите беа реалистични. Сашо Точков- претседателот на Црвен крст- Охрид рече дека за симулациите биле подготвени специјални сценарија, а се употребувала и артистичка шминка за настанот да биде што пореаленКоординаторот на секторот за...

Продолжи со читање

Среќни и безбедни матурски и полуматурски вечери

Post Views: 6 Среќни и безбедни матурски и полуматурски вечери. Ова е целта поради која денес на заедничка маса седнаа преставници од СВР, директорите од средните и основните училишта во градов, психолози, педагози како и преставници на центарот за социјални грижи и Црвениот крст. Тие и годинава во очи одржувањето на матурските и полуматурските вечери поразговараа како превентивно да се делува за оваа вечер која е многу важна за средношколците и основците да им остане во најдобро сеќавање без притоа да има некакви несакани инциденти. Овој проект започна во 2009 год. откога се...

Продолжи со читање

Охрид го одбележа 9 ти мај – Денот на Европа

Post Views: 21 Охрид го одбележа 9 ти мај – Денот на Европа. На градскиот плоштад масовно се прославуваше со пригодна програма во која учествуваа активистите на Црвениот крст како и дечиња од повеќе основни училишта од градов.Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески кој се обрати пред присутните рече дека на ваков начин Охрид дава свој придонес кон општата цел – да бидеме дел од европскиот дом во кој ќе делиме заднички вредности и заеднички идеи.– Древниот Охрид е вистинското место од каде можеме уште еднаш да ги упатиме пораките зачување на цивилизациските...

Продолжи со читање

ЕУ Инфо точка во Охрид

Post Views: 5 ЕУ Инфо точка во Охрид. Овој информативен центар беше отворен денес во рамките на Општинскиот центар за услуги во Охрид по повод 9ти Мај, Денот на Европа. Во ова европско катче во кое граѓаните ќе можат да ги добиваат сите информации кои се однесуваат на Европската унија, рече секретарот на Општина Охрид Димитар Спасески.– На овој начин, граѓаните од Охрид ќе бидат во тек со сите случувања во рамките на Европската унија, дали се тоа определени огласи, конкурси, информации, и едноставно денешниот ден го користиме да направиме спој помеѓу граѓаните на Охрид и...

Продолжи со читање

Стружани се поклонија пред моштите на нивниот заштитник

Post Views: 4 Вчера стружани се поклонија пред моштите на нивниот заштитник, славниот Великомаченик Георгиј Победоносец. Пред многубројниот народ кој пристигна од сите краишта на државава по четврти пат се одржа празничната ордија во спомен на овој светец. Настанот беше збогатен со носење на моштите на св.Георгиј од дебарскиор манастир Рајчица. Станува збор за чествување кое отсекогаш имало големо значење за нашиот народ кој ниту дождот не го поколеба да пристигне во дворот на црквата Св. Георгиј.Ова е една прекрасна традиција, која постои уште од времето на преродбата, кога на...

Продолжи со читање