Skip to main content

Автор: Јаковлева Лионела

Античкиот театар и сцената кај Долни Сарај ќе бидат покриени со монтажен кров

Post Views: 7 Античкиот театар и сцената кај Долни Сарај ќе добијат монтажен кров. Овие две отворени сцени кои се многу значајни за два реномирани фестивали, а тоа се Охридско лето и Балкански фестивал на ваков начин ќе станат многу пофункционални, вели Елизабета Јанкуловска, директорката на Националната установа, Фестивалот Охридско лето. Таа објаснува дека монтажниот кров е многу практичен од повеќе аспекти. Пред се тој може да се поставува и вади кога е потребно, не го нарушува видикот и автентичноста на просторот. Оваа идеа тлее од поодамна но по се изгледа ова лето ќе се...

Продолжи со читање

Симултанка во Охрид

Post Views: 10 Симултанка во Охрид. Петнаесетина дечиња од шаховската школа Ласкер од Охрид и од шаховскиот клуб од Струга денес играа симултанка со интернационалниот мајстор Никола Димовски. Тие беа видно возбудени бидејќи ова е нивно прво вакво искуство.Димовски кажа дека шахот е негова љубов и опсесија од најмали нозе. Тој има одиграно многу симултанки. Неговиот рекорд е на  40 табли. Во неговото шаховско досие има многу награди, многу натпревари и рекорди. Овој интернационален мајстор за прв пат игра симултанка во Охрид.Шаховската школа Ласкер постои речиси една година. Таа...

Продолжи со читање

Нема протести, ама нема ниту скара и пиво за 1ви Мај

Post Views: 9 Денес е први Мај, меѓународен празник на трудот. За сите оние кои го заборавиле неговото значење да потсетиме дека овој ден е посветен на борбата за зачувување и унапредување на правата на работниците. Се празнува во знак на почит кон жртвите на штрјкот што се одржал од 1 до 4 мај 1886 во Чикаго за воведување осумчасовен работен ден. Во спомен на жртвите од чикашкиот штрајк, Втората интернационала на својот основачки конгрес во 1889 година во Париз донела декларација со која работниците се повикуваат на масовни демонстрации на 1 мај за да ја подобрат својата...

Продолжи со читање

Недела на солидарност

Post Views: 8   Под мотото „Вашиот прилог-значајна помош“ од 22 до 30 април се одбележува неделата на солидарност. Традиционално, Црвен крст од Охрид по тој повод  организира акција за собирање храна, облека, обувки, постелнина, детски играчки и парични средства. Мимоза Ставрева-координатор за организациско-стручни работи, вели дека охриѓани секогаш биле хумани па сигурно и овојпат нема да се штедат и ќе донираат.Донирањето на парични средства може да се направи со пополнување на посебни талончиња кои волонтерите на ЦК ќе ги делат од врата на врата. Оваа година главен покровител...

Продолжи со читање

Танец ќе игра за обнова на опжарениот манастир Трескавец

Post Views: 7 Ансамблот за народни игри и песни на Македонија „Танец“ на охриѓани и гостите ќе им приреди едно незаборавно културно доживување. Во понеделник 22- ри април, во Центарот за култура „Григор Прличев“, Танец ќе игра за обнова на опжарениот манастир Трескавец, вели директорката Драгана Боцевска.Манастирот Трескавец кој се наоѓа во Прилеп настрада во пожар на четврти февруари оваа година. За неполни два часа од раскошниот храм на православието кој датира од 12 век, останаа само пеплосани ѕидови, јагленисани греди и пепел и чад. Но за среќа спасена беше црквата Успение на...

Продолжи со читање

По се изгледа образовните институции во градов ќе добијат нови директори

Post Views: 6 Образовните институции  меѓу првите на тапет во кадровските промени по промената на локалната власт. Дали наскоро осумте основни, трите средни училишта и детската градинка ќе добијат нови директори?ТВМ дознава дека директорите на сите основни и средни училишта од градов денес одржале состанок со секретарот на општината. На состанокот им било кажано до утре да си поднесат писмени оставки.За секој од директорите биле издвоени по пет минути и им било сугерирано да си поднесат писмена оставка, а на прашањето од некои од директорите што ако не го сторат тоа им било...

Продолжи со читање

Интересен почеток на работата на новиот градски совет

Post Views: 7 Јоне Станкоски од ВМРО НП го предложи Дејан Паноски за Претседавач на Советот на Општина Охрид. Тој рече дека се одлучиле на ваков чекор бидејќи во него гледаат човек со искуство кој претходно имал принципиелни ставови. „Го предлагаме Дејан Паноски за претседател бидејќи може да одговори на функцијата, тој е човек кој беше фронтмен на ВМРО ДПМНЕ и има принципилено ставови – рече Станкоски.  Дејан Паноски се заблагодари на предлогот од ВМРО НП и кажа дека не го прифаќа.Паноски рече:„Нема да го оценувам предлогот на опозицијата дали е лицемерен. Борбата која ја...

Продолжи со читање

Новиот градски совет и официјално доби претседател

Post Views: 11 Д-р Гордана Коњаноска е новиот претседател на Советот на општина Охрид. Со 15 гласа за, 6 воздржани и без ниту еден против оваа одлука беше донесена на денешното продолжение на конститутивната седница на Советот на општина Охрид. Новиот претседател на Советот истакна дека одговорно ќе ја извршува функцијата и дека ќе работи во интерес на граѓаните. Коњаноска подвлече дека сите заедно ќе трба да се справуваат со предизвиците кои ќе доаѓаат во наредниот период. Таа рече дека доследно ќе ги почитува законските прописи.Коњаноска посака одлуките кои ќе се носат во...

Продолжи со читање