Skip to main content

Автор: Јаковлева Лионела

Распеано рибарче по 14ти пат

Post Views: 5 Детскиот фестивал Распеано рибарче ќе се одржи по 14ти пат. Се е подготвено за новото издание на кое ќе запеат 18 учесници. Песните се со најразлични содржини, а детските гласови и хорот веќе се снимени. Останува уште да се доуреди уметничкиот дел. Интензивно се работи и на кореографијата. Директорот на фестивалот, Колчо Петкуќески вели дека се се прави за да се понуди нешто ново и поквалитетно од минатите изданија на Распеано рибарче.Во организацијата на фестивалот работат луѓе со долгогодишно искуство. Се работи со голема сериозност и професионализам за на крај да...

Продолжи со читање

Завршна пресс конференција на Сојузот за иднината

Post Views: 5 Александар Петрески, кандидатот за градоначалник од коалицијата Сојуз за иднината денес  на завршното официјално обраќање пред новинарите, даде генерална оценка за кампањеата која се водеше во изминатите две недели. Тој рече дека ова е најлошата кампања која досега се спровела и дека нивните опоненти не бирале средства и начини за заплашување на граѓаните. Петрески вети дека првото утринско кафе во новиот мандат ќе го испие со новинарите, а мандатот ќе го потпише со пенкалото кое денес му го подарија членовите од неговиот тим. Кандидатот за градоначалник од...

Продолжи со читање

Одделот за интервентна кардиологија во Заводот за кардиоваскуларни заболувања бележи рапиден раст и развој

Post Views: 13 Одделот за интервентна кардиологија кој е отворен пред 6год во рамките на Заводот за кардиоваскуларни заболувања бележи рапиден раст и развој, потенцираше директорот Д-р Никола Бакрачески. Тој кажа дека  илјадници граѓани не само од Охрид туку и од поширокиот регион како и од соседните градови на Р. Албанија се спасени токму на овој оддел.Бакрачески рече дека бројот на здравствените услуги во оваа установа е пораснат за 300 до 500%, а во одредени оддели тој е зголемен и над 1000%. Зголемен е бројот на пациентите третирани во интензивна нега, а рапидно расте и...

Продолжи со читање

Најнекоректна кампања која досега ја видел Охрид

Post Views: 5 Александар Петрески, актуелниот градоначалник и кандидат за трет мандат на денешната пресс конференција укажа на голем број неправилности со кои се води кампањата од страна на нивните опоненти. Тој рече дека додека тие засадувале дрвца по повод денот на пролетта, луѓето од ВМРО ДПМНЕ кршеле изборни штабови од СДСМ и затварале фирми. Петрески изнесе и сознанија коишто им ги пренесле граѓаните за разни други притисоци. Како пример го посочи подметнувањето на обрасци за плаќање данок кои се фалсификат.Петрески рече дека начинот на кој се води оваа кампања од страна на...

Продолжи со читање

Осум години лаги и манипулации

Post Views: 4 Согледувајќи ги изминатите осум години од работењето на Александар Петрески и СДСМ во Охрид можеме да кажеме дека тоа беше време на лаги измами и бесмислени  манипулации, рече денес на пресс конференција Харалампие Шокаровски, пратеникот од редовиоте на ВМРО ДПМНЕ. Тој потенцираше дека доколку Петрески ги негира обвинувањата за нереализираните ветувања тие се тука да го потсетат што се ветил, а неостварил.Дел од лажните ветувања се  и реализацијата на програмата за рурален туризам, изградбата на современ пазар и современа автобуска станица како и изградба на...

Продолжи со читање

Работата на Секторот за локален економски развој ставена под лупа на кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата За подобра Македонија

Post Views: 13 Секторот за локален економски развој тема на денешната прес конференција на Никола Бакрачески, кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ. Бакрачески потенцира дека и после осум години овој сектор сеуште е на ниво на хипотези, теории и дисертации. Тој додаде дека луѓето кои го водат овој сектор  досегa не донеле ниту една реална инвестиција ниту пак направиле некој посериозен проект за развојот на градот.Бакрачески рече дека за да се остварат овие предуслови и да се забрза локалниот економски развој  во нивната програма предвидени се неколку  сериозни проекти. Тоа...

Продолжи со читање

Секој потрошен денар сега, после 24ти Март ќе биде предмет на ревизија, порачаа од ОК на ВМРО ДПМНЕ

Post Views: 4 Од ОК на ВМРО ДПМНЕ уште еднаш со обвинувања дека пропаста на сите претпријатија, на сите големи фирми во Охрид било резултат на криминалната приватизација изведена од Бранко Црвенкоски и олигархијата на СДСМ. Секој обид да се префрли вината на друго место според нив е само потврда на она што еднаш веќе го кажале дека злосторниците се враќаат на местото на злосторството. СДСМ да говори за фабриките во  Охрид  кои ги уништија е понижување на граѓаните и рамно на политичко самоубиство од грб,Наместо да си играте со чувствата на луѓето и да ги манипулирате, поделете им...

Продолжи со читање

Ќе ја вратиме надежта кај младите

Post Views: 5 Сашо Донев, кандидатот за советник од редовите на ВМРО ДПМНЕ од Охрид и претседател на Унијата на млади сили на денешната прес конференција  рече дека една од најцрните точки од владеењето на Александар Петрески и СДСМ со Охрид е нивната незаинтересираност за креирање на што подобри услови за младите во нашиот град. Тој додаде дека ВМРО ДПМНЕ ќе се залага за реализација на проекти во спортот  и за развој на Индустријата преку создавање на Индустриска зона со што ќе се отворат нови работни места кои се неопходни за враќање на младите во Охрид.Тој им порача на младите...

Продолжи со читање