Skip to main content

Автор: Јаковлева Лионела

Утрово се поплави патот од Св. Стефан до кардиолошки

Post Views: 3 Патот од Св. Стефан до кардиолошки утрово наликуваше на река , велат граѓаните кои поминале тука. Тие додаваат дека ова не е прв пат да се поплави оваа улица.Некои граѓани кои работат во овој дел од градот зад нашата камера коментираа дека постојано се случува ова и никако да се најде трајно решение. Тие велат дека проблем е тоа што цевките за атмосферската канализација се многу тесни па и при помали врнежи од дожд неможат да ги приберат водите кои се влеваат во нив и носат наноси од земја и гранки.Екипите од ЈП Нискоградба после дојавата за дефектот веднаш излегоа...

Продолжи со читање

Граѓаните бараат државата да ги заштити од прехрамбените производи со сомнителен квалитет

Post Views: 8 Охриѓани исплашени од наодите на токсично млеко на „Дукат кое се продаваше на пазорот. 360 литри увезено млеко од „Дукат“  сместено во магацините на дистрибутерите во Македонија, се потврди  дека се токсични. Директорот на Агенцијата за храна и ветринарство, Дејан Рунтевски, смирува дека овие количини млеко воопшто не се пуштени во промет.  Од Агенцијата за храна велат, ќе продолжат со засилен мониторинг на операторите со храна во земјава и ќе се следи состојбата на европскиот пазар. Граѓаните, сепак  се скептични кон квалитетот и голем  број од нив кои го...

Продолжи со читање

Охридските групи и солисти утревечер ќе се промовираат пред својата публика

Post Views: 8 Млади охридски бендови и солисти утревечер ќе можат да се промовираат пред охридската публика. Четири групи и тоа: Ени рендом, Кј Данте, Ас би си, Уличен аспект и тројца солисти Елена Бујаровска, Теодора Настоска и Драга Ставреска, ќе можат да покажат што знаат и умеат секој во својата област. Концертот ќе биде колаж од различни музички правци како рок, рап, кои ќе се изведуваат акустично, а соло настапите ќе бидат на матрица. Ќе има и стенд ап комедија.Ташко Лаброски, организаторот на концертот објаснува дека ова не е прв ваков обид да се испромовираат младите и...

Продолжи со читање

Плоштадот кај некогашната библиотека сеуште не е изграден

Post Views: 5 И после четири години од дадените ветувања дека на просторот на некогашната библиотека ќе се гради плоштад, нема ништо на повидок. Локалната самоуправа и Заводот за заштита на спомениците уште во 2008год. започнаа со изготвување на заеднички проект за овој дел од градот. Во планот е предвидено овој простор да биде оплеменет со зеленило и клупи за седење како охриѓани би добиле едно пријатно катче за одмор. Со одлука на совет на овај плоштад требаше да се постави и споменикот од Христо Узунов. Градоначалникот Александар Петрески смета дека на овој простор не се...

Продолжи со читање

Завршните сметки веќе не ќе бидат кошмар за сметководителите

Post Views: 9 Сметководителите од Охрид на средба со преставници од Централниот регистар од Скопје. Целта на овие средби е да се разрешат нивните дилеми околу некои прашања од областа во која работат за да може што побрзо и поефикасно да се направат завршните сметки и да се запази законскиот рок. Трговските друштва завршната сметка треба да ја поднесат до крајот на февруари, а трговците поединци до 15 март, вели Љубинка Андоновска од Централен регистар.Претходните искуства покажуваат дека во овЗавршните сметки веќе не ќе бидат ноќна мора за сметководителите. Нивното поднесување...

Продолжи со читање

Највредниот живопис во Македонија, набрзо пред очите на јавноста

Post Views: 8   Црквата Света Богородица Перивлепта ќе си го врати својот некогашен сјај. Конечно се гледа крајот на проектот со кој по добивањето на грантот од американската амбасада пред повеќе од три години се оформи тим кој вршеше истражувачки работи на архитектурата и фрескоживописот во Перивлепта. Сите работи се завршени пред месец и половина кога бил одржан и состанок со Комисијата која ќе го верификува проектот. Него го предводеа двајца странски експерти назначени од УНЕСКО. Директорката на Завод и музеј Тања Паскали Бунташеска вели дека од страна на Комисијата имало...

Продолжи со читање

Охрид е на второ место во Македонија по бројот на регистрирани куќни совети

Post Views: 7 Охрид е на второ место во Македонија по бројот на регистрирани заедници на сопственици на посебните делови, популарно наречени куќни совети. На територијата на Република Македонија денес имаме вкупно 3.012 регистрирани заедници на сопственици. Ова се податоци  добиени од Централниот регистар.Станарите кои ги користат услугите на овие компании велат дека за одржување на еден влез месечно плаќаат околу 290 ден. Од нив 140 се за компанијата, а 150 за хигиеничарка. За овие пари тие добиваат чистење и одржување на влезот, вршење книговодствени услуги, хаусмајсторски...

Продолжи со читање

Родителите бараат повеќе да се води сметка за хигиената во училиштата

Post Views: 5 Хигиената во тоалетите во средното економско училиште е на незавидно ниво. Нема ниту течен сапун, ниту пак друго средство за хигиена, а сега е сезона на грип па препорака од СЗО е што почесто да се мијат рацете, се вели во реакцијата на еден родител чие дете учи во овај образовен центар. Тој побара сериозно да се разгледа ова прашање и што поскоро да се најде решение. Директорот на економското училиште, Наум Рилкоски, се согласува со забелешките на родителите. Но, вели дека една од причините за ваквата ситуација е што средствата од блок дотациите кои ги добиваат од...

Продолжи со читање