Skip to main content

Автор: Јаковлева Лионела

По стапките на мојот дедо

Post Views: 9 Дрвената палка со која Григор Прличев им покажувал на табла на своите ученици од денес ќе се наоѓа во наговата спомен куќа. Таа е подарок од неговата правнука, Олга Григорова Прличева која ја донесе од неговата семејна куќа во Софија. Олга заедно со уште неколку роднини на големиот поет, пристигнаа од Бугарија за да присуствуват на Прличевите беседи и да му оддадат почит на добитникот на ловоровиот венец. Ова не е прв пат членови на фамилијата на Прличев да дојдат токму на овој ден во Охрид. Тие биле тука и во 2005 год кога се отвори спомен куќата на овој великан....

Продолжи со читање

Нови европски проекти

Post Views: 6   Секторот за Туризам и локален економски развој минатата година реализирал 30 проекти. Раководителот на овој сектор, Гоце Симоновски  вели дека не застануваат тука. Општина Охрид преку овој сектор неодамна  аплицираше со уште еден проект. Станува збор за Предлог проект во рамките на Програмата на Европската Унија “Европа за граѓаните”. Покрај Општина Охрид, како партнери во овој Предлог проект се појавуваат градови од Шведска, Франција, Германија, Полска и Словачка. Водечки партнер на проектот е Општина Птуј од Словенија. Ова е убава можност за промоција на Охрид...

Продолжи со читање

Да има што повеќе жени во политиката

Post Views: 3  Да се зголеми бројот на жените во политиката. Ова е заложба на Советот на жени за родова еднаквост, македонското женско лоби и невладината организација „Антико“. Тие сметаат дека и сегашната законска бројка од 30% е мала за да може реално да се зајакне влијанието на жената врз политичките случувања во државава. Од друга старана пак и оние жени кои се инволвирани во политиката многу малку придонеле за подобрување на состојбата на ранливите категории. Ова е уште поевидентно на локално ниво, вели Наде Мартиноска од женскиот центар „Бисера“.Во Советот на општина Охрид...

Продолжи со читање

новите вработувања,трн во око

Post Views: 7 Деновиве дел од граѓаните, а и општинската ВМРО ДПМНЕ  се погласно реагираат на најновите вработувања во Јавните претпријатија во градов како и во Општинската администрација. Тие велат дека ова е само уште еден начин за добивање гласови на Локалните избори кои се наближуваат. Додаваат дека воопшто нема потреба од нов кадар бидејќи и онака состојбата во јавните претпријатија финансиски е тешка. Градоначалникот Александар Петрески со свое објаснување по ова прашање.Најновите случаи на вработувања во општинската администрација и јавните претпријатија не се поради...

Продолжи со читање

Законот за забрана на пушењето на јавни места не се почитува

Post Views: 7 Охриѓани се жалат дека во голем број од угостителските објекти во градов не се почитува Законот за забрана за пушење. Тие велат дека сопствениците, а и гостите како да подзаборавија на ова законско решение кое беше донесено пред две години од страна на Министерството за економија. Од подрачната единица на државниот пазарен инспекторат пак тврдат дека се прават редовни контроли за тоа колку се почитува или не овој закон. Од таму додаваат дека само во последниот квартал направени се 400 контроли и 500 надзори по угостителските објекти. Изречени се глоби во износ од 38...

Продолжи со читање

Катастарот во Охрид не е најпроблематичен во Македонија

Post Views: 10   Охридскиот катастар отворен за граѓаните. Од денес па до в четврток тимови од Скопје ќе имаат блиски средби со граѓаните кои имаат потреба од услугите на ова одделение. Оваа пракса се спроведува веќе 6 години, а целта е од прва рака да се види и слушне што ги мачи Охриѓани. Доколку има грешки во работата на катастарот истите да се исправат или пак граѓаните да се упатат во другите институции кои се надлежни за нивниот проблем. Минатата година при контролата која беше направена во ова одделение беа затекнати околу 400 нерешени предмети ставени во фиока. Годинава...

Продолжи со читање

Центарот за култура Григор Прличев доби финансиска инјекција

Post Views: 4 Центарот за култура „Григор Прличев“ од Министерството за култура доби околу 5 мил. денари за проектите кои треба да ги реализира во текот на оваа година. И овојпат финансиски се подржани Балканскиот фестивал, Охридските староградски песни, фолклорните друштва, мешаниот хор, балетското студио и театарот.  Предвидени се и два големи театарски проекти и тоа „На дното“ од Максим Горки и „Орестија Есхил“ која претстава по се изгледа ќе ја режира познат режисер од Дубровник. Еден театарски проект ќе биде финансиран и од сопствени средства, вели директорката Драгана...

Продолжи со читање

Охрид низ времето

Post Views: 7 Охрид понапред. Ова е насловот на изложбата на документаристички фотографии на нашиот сограѓанин, Никола Митровиќ. Низ 35 фотографии на места и објекти низ градов фатени низ објективот на фотоапаратот пред петнаесетина години и денес може да се види како градот растел и се менувал низ времето. Митровиќ идејата за ваков вид фотографија ја добил од својата професија. Тој е историчар архивист, а архивистиката се занимава со документите. Митровиќ вели дека фотографијата е еден многу важен документ од кој можат да се добијат многу податоци.Промоторот Зоран Велјаноски...

Продолжи со читање