Автор: Јаковлева Лионела
Post Views: 7 „Состојбата на улицата „Петрино“ е тешко да се опише со зборови. Најдобро е да се види лично. Ако и покрај Вашите секојдневни обврски се одлучите за личен увид , за да ја поминете улицата пеш ќе Ви требаат повисоки чизми ,а ако тоа одлучите да го направите со возило тогаш тоа направете го со теренско возило“, со овие зборови жителите на Петрино му се обраќаат на градоначалникот Петрески. Откако кон крајот на мај почнала да се раскопува оваа улица која претходно била асвалтирана и тоа со пари на граѓаните, тие имаат голем проблем кој никако да се реши. Градежните...
Јован Бабаче најсреќен од сите
Post Views: 12 Јован Бабаче најсреќен од сите кои денес скокнаа во студените и разбранувани води на езерото за да го фатат светиот крст. Околу 1100 капачи 17 минути го бараа крстот, но тој како да чекаше токму Бабаче да го фати. Него веќе петти пат му се посреќува. Тој вели дека нема никакво правило и дека се е божја воља. Објаснува дека оваа година воопшто не планирал да се фрла по крстот, но кога видел дека капачите неможат да го најдат некоја внатрешна сила го натерала да скокне за да го најде. Кумот на овогодинешната манифестација Водици, Стојан Ѓоргоски на Јован Бабаче му...
Триесет социјално загрозени семејства денес добија хуманитарни пакети
Post Views: 6 30 пакети со основните прехрамбени производи како брашно, масло, тестенини, ориз, денес им беа доделени на социјално загрозените семејства од градов. Пакетите се донација од годинешниот кум на манифестацијата „Водици 2013“, Стојан Ѓоргоски во соработка со Црвениот крст од Охрид. Ѓоргоски потенцира дека и оваа хуманитарна акција е во духот на празникот, бидејќи една од основните одлики на христијанството е хуманоста и упати апел до сите граѓани кои се во можност да им помогнат на ранливите категории. Претседателот на здружението Богојавление, Љупчо Арнаудов потсети...
Добра идеја, успешна реализација
Post Views: 7 Добра идеја, успешна реализација. Акцијата која Општина Охрид заедно со Црвен Крст и ракометарите ветерани ја спроведоа уште пред новата година, денес доби свој епилог. Од средствата кои се собраа од одржувањето на хуманитарниот ракометен натпревар помеѓу РК „Охрид 2012“ и ветераните, се купија спортски реквизити кои денес беа донирани во градинката „Јасна Ристеска“, вели Филип Јованоск, портпарол на Локалната самоуправа.И од Црвен крст задоволни како протекла оваа хуманитарна акција. Претседателот Сашо Точко ветува дека и понатаму ќе соработуваат со детската...
За крадците на струја и вода, затворски казни
Post Views: 12 Во Охридско струшкиот регион не е мал бројот на оние кои крадат струја, велат од ЕВН. Во Струга минатата година биле регистрирани 100 кражби. Граѓаните бесправно потрошиле 4 300 мегават часови со што во касата на ЕВН влегле 500 000 евра помалку. Во Охрид бројката е нешто помала, но не и незначителна. Ланската година се регистрирани 80 кражби на струја при што недозволено се потрошени 3000 мегават часови, односно ЕВН е оштетена со 250 000евра. Граѓаните кои неовластено ќе користат струја, вода, парно или природен гас, ќе заработат затворска казна, ова го...
Експресно завриши продолжението на педесет и седмата седница на Советот на Општина Охрид
Post Views: 9 Експресно завриши продолжението на педесет и седмата седница на Советот на Општина Охрид. На седницата беа усвоени одлуките за програмите за работа на ЈП “Охридски Комуналец“ и ЈП “Градски гробишта “ за 2013 – та година. Директорот на Комуналец вели дека програмата за работа на ова претпријатие за 2013та се надоврзува на онаа од 2012та. И оваа година ќе се работи на подигање на јавната чистота па за таа цел многу скоро низ целиот град ќе бидат поставени канти за отпадоци.Сашо Алче вели дека и оваа година продолжуваат со реализација на проектот „Охрид град на...
Oхриѓани се потсетија на името и делото на писателот Иван Точко
Post Views: 26 Охриѓани денес се потсетија на нивниот сограѓанин,Иван Точко кој е еден од основоположниците на повоената македонска литература. Тој е препознатлив по неговиот уникатен и динамичен стил, а критичарите го нарекувале и последниот македонски литературен романтичар. Но, за жал неговото име денес како да е подзаборавено, вели писателот Мишо Јузмески.Со цел да не се заборави делото на Точко денес на неговиот роденден, во културниот центар „Култура 365“ се одржа литературни читање. Писателот Тоде Илиевски рече дека оваа идеја е за поздравувањеНа литературното читање беше...
Охриѓани забрзано се подготвуваат за најголемиот христијански празник, Божик
Post Views: 25 Пред Божик, зад Божик кај да си дома да си. Оваа стара поговорка се кажува и денес и не само тоа таа и се применува. Сите православни христијани за најголемиот празник Божик, кога се слави раѓањето Христово се во своите домови со најблиските, правејќи ги сите оние обичаи и симболи поврзани со овој ден. Празнувњето на Божик започнува да се слави со Бадник, денот пред Божик. Охриѓани забрзано се подготвуваат за достојно да ги дочекаат овие убави денови. На градскиот пазар денес беше прилично раздвижено. Се купуваше овошје и се она што е посно за да се направи...