Автор: Јаковлева Лионела
Post Views: 7 ВМРО ДПМНЕ на своите пресс конференции континуирано ги лаже граѓаните. Нема да дозволиме охриѓани да помислат дека овие лаги се вистина, рече директорот на ЈП „Охридски комуналец“, Сашо Алче како реакција на обвинувањата упатени кон ова ЈП од страна на ВМРО ДПМНЕ, а во врска со најновите вработувања.Пред околу еден месец ја обвинија Локалната дека не аплицирала на владиниот проект за вработување на лица постари од 50 год. или нискоквалификувани кадри, а сега не обвинуваат за новите вработувања, вели Алче. 21 лице кои се нововработени се реална потреба за обавување...
Се пориби езерото со пастрмка
Post Views: 7 25000 единки, подмладок од охридска пастрмка денес беа фрлени во водите на езерото. Ова порибување согласно договорот помеѓу Хидробиолошкиот завод и концесионерот „Пастрмка 2012“.Можноста малите пастрмчиња да преживеат во езерото е дури 95%, вели Д-р Сузана Патчева, директорката на Хидробиолошки завод. Ова е уште еден обид да се зголеми рибниот фонд во езерото кој поради неконтролираното ловење се доведе до минимум. Концесионерот на езерото, Ристе Танасоски објаснува дека сега се она што се лови е во согласност и корелација со овој научен институт. Но, потенцира...
Општинскиот одбор на Сојузот на борците од Охрид и Дебрца на протестен марш
Post Views: 6 Општинскиот одбор на Сојузот на борците од Охрид и Дебрца со протестен марш го изрази својот револт од присилното иселување на Главниот одбор на Сојузот од неговите простории во Скопје. Тие побараа државата да покаже поголема почит кон воените ветерани што ја извојувале слободата чии придобивки ги уживаме денес.Со мерките за присилното иселување на Главниот одбор на Сојузот на борците на Република Македонија од работните простории во Домот на инвалидите во Скопје се сака да се згасне главнината на боречката организација, како невладина и непартиска. Со тоа се прави...
Охриѓани за Нова година нема да патуваат во странство
Post Views: 6 Мал број охриѓани ќе ги дочекаат новогодишните празници во странство. Во агенциите во градов се нудат интересни аранжмани, но интересот кај нашите сограѓани е мал. Причини за тоа има повеќе, велат туристичките работници. Најголема секако е економската криза, но и старите навики на охриѓани во последен момент да се одлучат каде за најлудата ноќ, вели Елида Битрак од туристичката агенција „Елидатурс“.Битрак кажува дека најинтересни дестинации за охриѓани се оние кои се во близина на нашата земја. Интерес има и за Истамбул. Овој аранжман чини 6800ден, а во него се...
Охрид окован во мраз
Post Views: 11 Охрид окован во мраз. Снегот кој наврна го парализира градот, велат граѓаните. Тие додаваат дека тешко се движат по неисчистените коловози и тротоари кои поради натапканиот снег се претворени во лизгалници. Не можеме ниту до продавница да одиме, а се плашиме и нашите деца да ги пуштиме на училиште, вели една наша сограѓанка која својот револт го искажа јавувајќи се во нашата редакција. Особено реагираат жителите од периферните делови на градот кои се жалат дека се потполно заборавени. Надлежните излегуваат со изјави дека максимално се ангажираат и чистат, но ние...
Охридските спасувачи на планина немаат опрема
Post Views: 9 Ентузијазмот, добрата воља и нешто малку опрема е она со кое располага охридската екипа за спасување на планина. Во овие зимски услови помошта на оваа екипа на многу граѓани, а особено на оние кои живеат во планинските предели може да им биде неопходна, но ретко кој ја сфаќа сериозноста од нејзиното постоење, вели Антонио Додевски, секретарот во охридскиот Црвен крст.Опремата со која располага оваа единица 70% е лична, а само 30% црвениот крст ја обезбедил преку донации и нивни партнери како што е Црвениот крст од Германија и операцијата Флоријан од Англија....
На старата дама и се врати нејзиниот француски шешир
Post Views: 12 Гимназијата Св. Климент Охридски си го доби својот некогашен лик по кој била препознатлива надалеку. Денеска свечено беа пуштени во употреба новите простории во нејзиното поткровје. Како што рече градоначалникот Александар Петрески на старата дама и се врати нејзиниот француски шешир. Тој потсети дека градбата на поткровјето започна во 2006 година, а се реализира со средства од Локалната самоуправа и Светската банка.Градоначалникот кажа дека покрај овој дел се реновирани и внатрешните простории, а обновена е и фасадата на Гимназијата. Целата таа инвестиција чини...
Нови апарати во Центарот за јавно здравје
Post Views: 7 Центарот за јавно здравје се поднови. Набавени се неколку софистицирани апарати со што ќе се подобрат здравствените услуги на граѓаните. Новите апарати се сместени во микробилоошката лабораторија како и во санитарната лабораторија, а ќе се користат за правење анализи на крвта како и за анализи на храната и водата. Еден од апаратите служи за брзо откривање на бактериите во крвта. Со него се добиваат 96 анализи во минута а резултатите се со 100 процентна точност. Доколку резултатот е позитивен се добива антибиограм со 30 можни антибиотици.„Здравствените услуги за кои...