Автор: Јаковлева Лионела
Post Views: 24 Изградбата на комплексот во Љубаништа од мултимилионерот Субрата Рој и изградбата на хидроаеродромот стигнаа и на седница на совет. Денес по оваа точка се дискутираше на 56 седница на Советот на Општина Охрид која по обичај започна со задоцнување и тоа овојпат дури со час и половина. Ставот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ е дека за ваква тема не треба да се дискутира на совет, Но Градоначалникот со објаснување дека за толку важни прашања за градот мора да се слушнат мислењата и ставовите на советниците како и на експертите. Петрески уште еднаш го потврди...
Започна хуманитарната акција „Отворено срце“
Post Views: 9 Преку продажба на стара хартија и пластика, до ново возило за децата со посебни потеби. Оваа акција ќе се спроведува во текот на месец декември под мотото „Отворено срце“. Во неа се вклучени сите основни и средни училишта, како и градинките во Општина Охрид. Сашо Алчев, директорот на ЈП Комуналец и еден од организаторите на оваа акција вели дека се е подготвено за нејзино успешно реализирање.Возилото кое ќе се набави со собраните средства ќе им служи на децата со посебни потреби за прошетки во и надвор од градов. За неговото одржување ќе се грижи Локалната, која ќе...
Граѓаните денес бесплатно се тестираа за ХИВ СИДА
Post Views: 5 10 граѓани денес ја искористија можноста бесплатно да се тестираат за ХИВ СИДА. Оваа акција беше дел од активностите кои невладината организација Опција и Црвениот крст од Охрид ја спроведоа по повод светскиот ден за борба против сидата. Охриѓани ја поздравија ваквата иницијатива.Претставниците од невладината организација Опција кажаа дека вакви акции се спроведуваат во текот на целата година. Секој месец специјалното возило во кое анономно и бесплатно се прават тестовите за ХИВ СИДА доаѓа од Скопје. Тетирањата се прават на два пункта и тоа кај седиштето на Опција...
Во каква кондиција се охридските јавни претпријатија?
Post Views: 7 Нови вработувања, загуби, неисплатени плати, недомаќинско работење и уште многу други квалификации и обвинувања секојдневно се упатуваат на адреса на Јавните претпријатија во градов. Овие претпријатија се сервис и крвоток на општината и во нив се слеваат пари од граѓаните па тие имаат право да знаат во каква кондиција се наоѓаат истите. Најголемото, МЈП „Проаква“ години наназад се бори со долгови. Директорот Златко Старкоски појаснува дека загубите во 2012 се намалени за 50% и дека претпријатието во ова година донело санациона програма со која се инвестирало...
Поделени мислењата за индиската инвестиција во Љубаништа
Post Views: 3 Охриѓани и гостите ќе се сончаат на вештачки плажи, ќе се коцкаат во казина на вода, ќе ги паркираат своите глисери и јахти во модерна марина, а помеѓу две посети на луксузни спа центри ќе можат да удрат и по некое голф топче. Дали сето ова ќе се оствари, односно дали ќе се изгради амбициозниот проект Сахарајан Македонија ќе покаже времето. Граѓаните со поделени мислења околу тоа. Дел од нив се оптимисти, а дел велат дека ова е само предизборна игра.Градоначалникот Александар Петрески ја подржува идејата за изградба на ваков елитен комплекс во Љубаништа, но тој...
Каде се парите за јавна чистота?
Post Views: 10 Советничката група на ВМРО ДПМНЕ прашува каде се средствата собрани од наплатата на давачката за јавна чистота која граѓаните веќе една година му ја плаќаат на ЈП Охридски Комуналец. Тие тврдат дека при анализа на приходната страна на буџетот на Општина Охрид увиделе дека овие средства не се прикажани. Објаснуваат дека како што се прикажани средствата кои ЕВН ги прибира од граѓаните по основ јавно осветлување исто така во приходната страна од буџетот треба да ги има и овие средства. За советниците од ВМРО ДПМНЕ не е јасно зошто Локалната во посебна расходна...
Заштити го блатото-сочувај го златото
Post Views: 11 Студенчишкото блато кое претставува своевидна реткост и богатство на ендемичен жив свет ќе биде новата атракција со која ќе се привлекуваат гости во градов. Неговата ревитализација започнува од денес. Со проектот предвидено е да се постават границите на блатото и да започнат градежните работи. Ќе се прават патеки од природен материјал со што блатото ќе се поврзи со езерото во онаа природна конекција што веќе ја има, вели Дејан Пановски од билатералниот секретарјат за заштита на езерото.Планирано е во овој природен резерват да бидат изградени и набљудувачници од...
Нема децентрализација, а со тоа нема ниту демократија
Post Views: 7 Процесот на децентарализација тапка во место, тврди градоначалникот Александар Петрески. Без локален развој нема подобар животен стандарад, додава тој. Децентрализацијата беше најважниот процес кој требаше да се случи во државава, но за жал тој се реализира само на хартија, категоричен е Петрески. Градоначалникот потенцира дека доказ за се поголемата централизација е и тоа што земјиштето кое општината само пред неколку месеци го доби на управување им е одземено пред неколку недели. Зa неговата судбина повторно ќе решава државата. „Тоа ме потсетува на...