Skip to main content

Автор: Јаковлева Лионела

Локалните жители ќе се стимулираат за да се вклучат во креирањето на туристичката понуда

Post Views: 282 Локалните жители ќе се стимулираат за да се вклучат во креирањето на туристичката понуда. Посебен акцент ќе се става на агротуризмот и стандардите во агротуризмот за што регионов има одлични услови. Во организација на секторот за Туризам и локален економски развој при Општина Охрид деновиве се одржуваат активности за практични обуки на оваа тема.Целта на обуката е да влијаеме во Охрид да се продолжи туристичката сезона што е еден од најголемите недостатоци на градов, да се афирмира и да се започнат бизниси надвор од градската средина, во руралните средини каде што...

Продолжи со читање

Започнаа подготвителните активности за изградба на новата трибина на Градскиот стадион “Билјанини извори”

Post Views: 255 Започнаа подготвителните активности за изградба на новата трибина на Градскиот стадион “Билјанини извори”. Тие ќе траат петнаесеттина дена после што следува самата изградба на трибината. Таа ќе биде изградена по највисоки светски стандарди со капацитет од 1450 седишта, ќе има Вип ложа и камермански дел од каде ќе можат да се следат и снимаат фудбалските натпревари. Реализацијата на проектот е во соработка помеѓу Општина Охрид и Фудбалската федерација на Македонија, а изведувач е Енергоинвест ДООЕЛ од Скопје. Ќе добиеме една модерна трибина со модерни...

Продолжи со читање

Ширењето на Корона вирусот во Европа и ширум светот негативно се одразува врз туризмот

Post Views: 234 Ширењето на Корона вирусот во Европа и ширум светот негативно се одразува врз туризмот. Голем број аранжмани се откажани, а и осмомартовските патувања во најголем дел нема да се реализираат, велат од ХОТАМ. Хотелите се речиси празни, а туристичките агенции останаа без работа. Намалување и откажување на гости дефинитивно има, бројката не може сега да се каже, тоа ќе се сумира на крајот на сезоната , но се очекува да има 20 до 30 % намалување, вели Крсте Блажески-претседател на ХОТАМ. ХОТАМ заедно со членовите на управниот одбор имале неколку состаноци со Агенцијата...

Продолжи со читање

Читателите во НУ Библиотека „Григор Прличев“, Охрид имаат можност за автоматизирано зајмување книги

Post Views: 428 Корисниците на НУ-Библиотеката „Григор Прличев“, Охрид од денес имаат можност за автоматизирано зајмување книги. Тоа се овозможи со помош на програмската поддршка COBISS која обезбедува многу информации, а меѓу другото и дали примерокот е слободен или позајмен и кој е рокот на враќање. Со тоа на корисникот му нудиме еден нов приод кон нашите сервис услуги што значи дека ќе може да влезе во мојата библиотека, да видат што прочитале, што сакаат да прочитаат Корисниците можат да ја погледнат историјата на зајмувањето, можат да го продолжат рокот за зајмување, да резервираат,...

Продолжи со читање

Доцнат работите околу изградба на новото спортско игралиште кај касарната

Post Views: 230 Жителите на населбата „Радојца Новичиќ“ сеуште чекаат да добијат нов уреден простор за спортување. Тие години наназад реагираат дека младите, но и повозрасните кои сакаат да се занимават со некакви спортски активности немаат во близина никаков спортски терен. Потенцираат дека во оваа населба се наоѓа и училиштето „Кочо Рацин“, па навистина повеќе од потребно е да се реализира еден ваков проект. Јавното претпријатие „Градски гробишта“ уште пред речиси една година започна со уредување на две спортски игралишта во склоп на некогашната касарна на АРМ, и на едно детско...

Продолжи со читање

Октишани протестираат против неконтролираната сеча на шумата на Јабланица

Post Views: 276 Октишани протестираат против неконтролираната сеча на шумата на Јабланица. Тие поднесоа петиција за поништување на одлуката за распишување тендер за сеча на шумата. Ние не протестираме за Македонски шуми што го пробиваат патот туку за фирмите кои го добиваат тендерот бидејќи на нив никој нема контрола. Ниту Македонски шуми, ниту полицијата може да исконтролира што сечат и колку, вели Енис Мемедовски, претседател на МЗ Октиси. Пред две години е исечено околу 50 % од шумата над Октиси ,а сега според мештаните имаат намера да го исечат и останатиот дел. Две локации...

Продолжи со читање

Патеката која се простира над Лабино, небезбедна за шетачите

Post Views: 525 Патеката која се простира над Лабино се попосетена од љубителите на природата и пешачењето, но и опасна доколку не се внимава. Неодамнешниот несреќен случај во близина на ова место, во која животот го загуби лице жител на Скопје, кое во услови на лизгав и подмрзнат терен паднало од карпа, го отвори прашањето колку оваа патека е безбедна. Неспорна е нејзината атрактивност и убавина која се вклопува во прекрасната природа, но теренот е стрмен, лизгав, а недоволно обезбеден. Само на делови од оваа патека има заштитна ограда.Самиот терен таму е незгоден во случај на...

Продолжи со читање

Бројот на заболени од грип, поголем од лани

Post Views: 204 Бројот на заболени од сезонски грип во охридско-струшкиот регион, поголем од лани. За разлика од 2019 година кога во шестата недела биле пријавени 150 заболени, оваа година таа бројка е 223. Значи има зголемување од речиси 49%. Најголем број заболени имало во петтата недела од годинава, односно на почетокот на месец февруари. Најголем број заболени и во Охрид и во РМ се на возраст од 15 до 64 години, а највисоката инциденца е на возраст од 5 до 14 години што значи дека станува збор за деца од школска популација, вели Др Јованка Стурлакова Коровешоска-епидемиолог. Во...

Продолжи со читање

Планинската Спасителна Служба интервенираше на Галичица

Post Views: 243 На Галичица, на превојот „Баба“, викендов заглави возило со двајца патници. Авантурата на овие вљубеници во природата можеше да заврши фатално, но за среќа екипа од Планинската Спасителна Служба интервенираше па возилото беше извлечено од снежните наноси.Патниот правец преку планината Галичица не е безбеден во ниту еден сегмент за користење во зимски услови, особено ако имаме во предвид дека редовно има бројни одрони во текот на зимскиот периоа, ана многу места има и замрзната подлога и патот треба да е целосно забранет во вакви услови, вели Антонио Додевски, Спасителна...

Продолжи со читање

Повторно откорнати бекатон плочките на градскиот кеј

Post Views: 329 Југот и високите бранови повторно ги откорнаа бекатон плочките на градскиот кеј. Граѓаните реагираат и од безбедоносни, но и од естетски причини. Велат дека бекатонот воопшто не е соодветен материјал за ваков простор како што е градскиот кеј и бараат што побрзо пропустот кој се направи пред петнаесеттина години кога беа поставени да се исправи при реконструкцијата на кејот.Па искрено кажано бекатон плочките не се најдоброто решение за кејот, но во тоа време така било одлучено.Со неговата реконструкција тоа ќе се исправи. Да се надеваме дека тој проект ќе се спроведе...

Продолжи со читање

Среда официјално започнува со работа затворениот зелен пазар

Post Views: 215 Среда официјално започнува со работа затворениот зелен пазар. На 31.01 со одлука на совет ЈП„Градски пазар“ доби корисничко право на дел од објектот на затворениот зелен пазар, а денес се направи и официјално примопредавање. Од утре започнува преселбата на пазарџиите. Со оглед на тоа што влегуваме во нови простории и граѓаните добиваат нови тезги, со цел нивна правилна распределба и за да немаме некои реакции од закупците, во меѓувреме донесовме нов ценовник во затворениот зелен пазар. Имаме четири категории на тезги кои имаат различни цени за закуп, објаснува Кристина...

Продолжи со читање

Во Основното училиште „Св. Климент Охридски“ се подобруваат условите за работа

Post Views: 378 лимент Охридски“ се подобруваат условите за за реализирање и следење настава. Со преадаптација на постоечкиот простор се направија две нови училници, а тоа се јави како потреба поради зголемениот број на ученици во ова училиште. Во оваа учебна година се запишаа 70 првачиња кои се распоредени во три паралелки во централното училиште и една во истурената паралелка во Даљан, а децении наназад ова училиште имаше намален број ученици па најчесто беа сместени во една паралелка. Сега тука ќе бидат сместени учениците од петто одделание бидејќи тие се веќе поголеми па училниците...

Продолжи со читање