Skip to main content

Автор: Јаковлева Лионела

Стоп за говорот на омраза кој се шири преку интернет порталите

Post Views: 11   Ширењето на говор на омраза особено преку интернет порталите, проблем со кој се почесто се соочува нашето општество. Фондацијата Метаморфозис организира обуки за новинари, уредници и сопственици  на интернет портали за да се зајакне нивниот капацитет за препознавање на говор на омраза. Познавачите на оваа проблематика велат дека ваквата појава треба што поскоро да се спречи, а оние кои го користат овај начин на пренесување информации да бидат санкционирани.Говорот на омраза иако нема посебен закон за негово санкционирање може да се санкционира како дел од...

Продолжи со читање

Угостителските објекти во Охрид почитуваат вонредни мерки

Post Views: 14 Во Охрид затворени 90 угостителски објекти. Градот функционира во согласност со мерките за превенција од Корона вирусот, препорачани од националната комисија формирана за превенција и заштита од Ковид 19. Пазарната инспекција заедно со полицијата контролира дали се почитуваат препораките. Ние од четвртокот сме постојано на терен деноноќно и цело време ги следиме мерките кои ги носи Владата. Од кога се донесе мерката за целосна забрана за работа на угостителските објекти секојдневно ги контролираме заедно со полицијата, објаснува Цветко Ристески- пазарна...

Продолжи со читање

Состојбата со нивото на водата во Охридското езеро, засега стабилна

Post Views: 9 Состојбата со нивото на водата во Преспанското езеро, алармантна. Овај воден басен полека, но сигурно ке го снајде судбината на Дојранското езеро доколку Владата под итно не преземе соодветни мерки и не престане неконтролираното искористување на водениот ресурс за наводнување и тоа во трите држави на кои им припаѓа, а тоа се Македонија, Албанија и Грција. За среќа состојбата со Охридското езеро и со нивото на водата засега е стабилна, вели Д-р Трајче Талевски од Хидробиолошкиот институт во Охрид. Иако оваа зима е релативно сушна и немавме некои пообилни врнежи од...

Продолжи со читање

Брегот на Охридското Езеро, кај населбата Љубаништа, прекриен со отпад

Post Views: 9 Брегот на Охридското Езеро, кај населбата Љубаништа прекриен со разноразен отпад од пластика. Во должина од неколку километри може да се види цврст отпад, шишиња, кеси и друга пластична амбалажа кои ги донесе реката Черава, која од соседна Албанија се влева во Езерото. Локалните жители апелираат до надлежните служби и Локалната сампуправа да преземат најитна акција и да се исчисти крајбрежјето бидејќи овој отпад повторно ќе заврши во езерото. Екипите на ЈП „Охридски комуналец“ утрово започнаа акција за расчистување на теренот од кампот Љубаништа према Св. Наум...

Продолжи со читање

Локалните жители ќе се стимулираат за да се вклучат во креирањето на туристичката понуда

Post Views: 10 Локалните жители ќе се стимулираат за да се вклучат во креирањето на туристичката понуда. Посебен акцент ќе се става на агротуризмот и стандардите во агротуризмот за што регионов има одлични услови. Во организација на секторот за Туризам и локален економски развој при Општина Охрид деновиве се одржуваат активности за практични обуки на оваа тема.Целта на обуката е да влијаеме во Охрид да се продолжи туристичката сезона што е еден од најголемите недостатоци на градов, да се афирмира и да се започнат бизниси надвор од градската средина, во руралните средини каде...

Продолжи со читање

Започнаа подготвителните активности за изградба на новата трибина на Градскиот стадион “Билјанини извори”

Post Views: 12 Започнаа подготвителните активности за изградба на новата трибина на Градскиот стадион “Билјанини извори”. Тие ќе траат петнаесеттина дена после што следува самата изградба на трибината. Таа ќе биде изградена по највисоки светски стандарди со капацитет од 1450 седишта, ќе има Вип ложа и камермански дел од каде ќе можат да се следат и снимаат фудбалските натпревари. Реализацијата на проектот е во соработка помеѓу Општина Охрид и Фудбалската федерација на Македонија, а изведувач е Енергоинвест ДООЕЛ од Скопје. Ќе добиеме една модерна трибина со модерни...

Продолжи со читање

Ширењето на Корона вирусот во Европа и ширум светот негативно се одразува врз туризмот

Post Views: 11 Ширењето на Корона вирусот во Европа и ширум светот негативно се одразува врз туризмот. Голем број аранжмани се откажани, а и осмомартовските патувања во најголем дел нема да се реализираат, велат од ХОТАМ. Хотелите се речиси празни, а туристичките агенции останаа без работа. Намалување и откажување на гости дефинитивно има, бројката не може сега да се каже, тоа ќе се сумира на крајот на сезоната , но се очекува да има 20 до 30 % намалување, вели Крсте Блажески-претседател на ХОТАМ. ХОТАМ заедно со членовите на управниот одбор имале неколку состаноци со...

Продолжи со читање

Читателите во НУ Библиотека „Григор Прличев“, Охрид имаат можност за автоматизирано зајмување книги

Post Views: 19 Корисниците на НУ-Библиотеката „Григор Прличев“, Охрид од денес имаат можност за автоматизирано зајмување книги. Тоа се овозможи со помош на програмската поддршка COBISS која обезбедува многу информации, а меѓу другото и дали примерокот е слободен или позајмен и кој е рокот на враќање. Со тоа на корисникот му нудиме еден нов приод кон нашите сервис услуги што значи дека ќе може да влезе во мојата библиотека, да видат што прочитале, што сакаат да прочитаат Корисниците можат да ја погледнат историјата на зајмувањето, можат да го продолжат рокот за зајмување, да...

Продолжи со читање