Автор: Јаковлева Лионела
Post Views: 181 Локалната на советниците им должи 74 000 ден. Тоа се пари за неисплатени паушали за минатите шест месеци. Висина на паушалот е 70 проценти од просечната месечна нето плата во државава и зависи од големината на општината. Еден паушал на охридските избраници изнесува 14 000ден. Советниците за својата работа последен пат пари зеле во декември минатата година. Душко Јаковчески, претседателот на советот вели дека Градоначалникот им ветил дека во текот на летово парите ќе бидат исплатени.Советниците, а особено оние од ВМРО ДПМНЕ бараат што поскоро да им се подмири надоместокот....
Охриѓани летово нема да останат жедни
Post Views: 242 Летово вода за пиење ќе има. Од „Проаква“ велат дека во Охрид нема да има никакви рестрикции и дека водоснабдителниот систем располага со доволна количина вода која е исправна за пиење. Нашиов град со вода се снабдува од 6 локалитети од каде се собираат од 370 до 400 литри во секунда што е дури повеќе од потребното. Златко Старкоски, директорот на МЈП „Проаква“ вели дека поради тоа граѓаните многупати недомакински се однесуваат со водата и трошат многу повеќе од потребното. Има и такви кои нелегално се приклучуваат на водоснабдителниот систем. Старкоски објаснува...
Каде ќе се поставува урбана опрема
Post Views: 183 Во тек e огласот за прибирање понуди за издавање на времено користење на површини за поставување урбана опрема. Секоја година општина Охрид издава површини за поставување на урбана опрема за комерцијално користење и тоа за продажба на сладолед на 12 локации, книги на 4 локации, на 8 локации продажба на сувенири, како и продажба на уметнички слики на 8 локации, а храна ќе се продава на 10 локации. Годинешната програма има измени од минатите години, а највпечатливо е тоа што значително е намален бројот на одобрените локации за поставување урбана опрема особено оние...
Без договор нема поставување урбана опрема, тврдат од Локалната
Post Views: 181 Локалната склучи 26 договори за поставување урбана опрема. Според програмата за поставување урбана опрема за ова лето што ја донесе Советот на Општина Охрид предвидено е да се постават 17 фрижидери за сладолед. Досега се издадени дозволи само са 7, а остануваат уште десет. За продажба на книги предвидени се 8 дозволи, а досега се издадени 6. Остануваат уште две. За локација за продажба на уметнички слики издадени се десет дозволи, односно сите што беа предвидени. За продажба на сувенири предвидени беа 14 дозволи, издадени се 13, а останува уште една. Ова се резултатите...
На охриѓани ќе им се развидели
Post Views: 155 Нема ноќ за Охрид. Ќе се менува градското осветлување. Наместо старите светилки ќе се поставуваат нови, диодни. Ова е тренд во светот, а најголема предност од ваквиот новитет е заштедата на електрична енергија и тоа дури за 60 проценти. Општината тоа ќе го прави преку Јавно приватно партнерство со што Охрид ќе добие квалитетно осветлување, а општината нема да вложи ниту денар во тоа. Фирмата која ќе се избере ќе има обврска да го промени целото јавно осветлување, односно арматурите на сијалиците, а не и канделабрите. Фирмата исто така ќе е должна се додека трае партнерството...
Градоначалникот ќе го тужи Министерството за транспорт и врски
Post Views: 183 Градоначалникот Александар Петрески ќе поднесе тужба до Управниот суд, а ќе се жали и до Министерството за локална самоуправа и ЗЕЛС против Министерството за Транспорт и врски. Причина за тоа е одземањето на ингеренциите на Локалната од страна на Транспорт и врски за постапување по случајот на дивоградбата на ИВ- ИРЕ во Трпејца. Петрески вели: Јас не сум против тоа министерството да излезе и да руши, туку јас сум против одземањето на ингеренциите на Општина Охрид бидејќи немаме направено никаков прекршок за да се направи тоа.Градоначалникот тврди дека Министерството...
Шесто издание на програмскиот маратон „Кодфест“
Post Views: 201 Започна шестото издание на програмскиот маратон „Кодфест“. Ова е настан што ја прославува технологијата, иновациите, креативниот дух на младите програмери, а отвара и нови можности за формирање технички трговски друштва и мали бизниси од областа на технологијата. Најголемите бенефиции кои можат да се видат тука е да се запознаат луѓето кои доаѓаат од надвор од Македонија, да се слушнат нивните искуства на предавањата, да се научи нешто ново и дефинитивно секој оној кој го посетил овој настан заминал побогат, вели Марија Савеска-организатор на „Кодфест“. Настанот...
Канцелариите на охридските парламентарции за комуникација со граѓаните, функционираат
Post Views: 176 „Пред две години комшијата ми ја сруши оградата тврдејќи дека се наоѓа на негово место. Откога се направи вештачење се утврди дека сум оштетен и дека треба да ми плати 10 до 12 000ден. Но во 2011год. пресудата беше изменета во корист на комшијата и сега јас сум тој што треба да плаќа. Правдата ќе ја барам преку канцеларијата на Парламентарната мрежа за комуникација со граѓаните“, вели Ташко Згалоски граѓанин на Охрид.Канцелариите на Парламентарната мрежа за комуникација со граѓаните функционираат веќе 6год. Тие се отворени за да обезбедат врска и директна комуникација...
Не чека ли уште едно незаборавно културно доживување
Post Views: 187 Обелоденета програмата на 52то издание на Фестивалот „Охридско лето„. „Сите подготовки за неговото започнување се при крај и многу сме задоволни што за кратко време успеавме да го реализираме она што го ветивме“, истакна директорката на оваа реномирана културна манифестација, Елизабета Јанкулоска. Таа додаде дека тоа не ќе било можно доколку не им помогнело Министерството за култура и нивните пријатели-спонзорите.Директорката изрази благодарност и до Локалната самоуправа која помогнала во изработката на сцените и во реализацијата на трехничките работи. Претседателот...
Црвениот двокатен автобус повторно ќе го гледаме низ градов
Post Views: 198 Црвениот двокатен автобус повторно ќе го гледаме низ градов. Од наредниов месец тој ќе биде ставен во функција. Панорамскиот автобус веќе една година не беше во возна состојба поради хулиганското однесување на несовесни граѓани кои целосно го демолираа. Минатата година кога автобусот го извадивме во месец мај несовесни граѓани, посетители на клубот СЏ кој се наоѓа во рамките на СРЦ Билјанини извори го искрши со бекатон плочки и целосно го демолира, објаснува директорката на ЈП „Билјанини извори“, Гордана Јованоска. Директорката на „Билјанини извори“ објаснува дека...
Бели едра го закитија езерото
Post Views: 229 Едриличарските клубови „Стрмец“ и „Бофор“ од Охрид домаќини на регатата организирана од едриличарскиот клуб ПАМПУР од Скопје. Овој клуб веќе пет години организира регати на Јадранот. Досега се одржани девет, но ова е прва регата на Охридското езеро.Коце Петров, член на ПАМПУР вели дека идејата за регата во Охрид е од поодамна бидејќи тука има повеќе едриличарски клубови и има многу деца кои ги прават првите чекори во едрењето.Петрив објаснува дека езерото нуди добри услови за едрење, има поволен ветар, само недостасува марина и бродови за изнајмување. На денешнава...
Глината обликувана како уметничко дело
Post Views: 172 200 експонати од керамика од 55 автори од Хрватска и уште неколку европски земји се поставени пред очите на охридската јавност. Во Центарот за култура „Григор Прличев“ се отвори триеналето на керамика на хрватски автори. Tоме Tрајкоски, посетител на изложбата вели дека е воодушевен од тоа што го гледа и им препорача на граѓаните да дојдат да ја видат поставката.Ова е една од побогатите изложби која годинава се организира во центарот, а која се должи на контактите на организаторот Славко Упевче со Центарот Ладица од Хрватска и Г-динот Ханибал Салваро член на Меѓународната...