Skip to main content

Автор: Јаковлева Лионела

Жителите на Горно Лакочереј конечно добија вода за пиење

Post Views: 14 Жителите на Горно Лакочереј конечно добија вода за пиење. После речиси три години голгота, низ нивните чешми потече течноста што живот значи. 176 домаќинства, колку што има во ова село сега се приклучени на градскиот водовод. Синоќа кога потекла водата низ славините за нив било вистински празник, вели Климе Тренески, претседателот на МЗ Горно Лакочереј.Тренески потсетува дека овој проблем започнал откога биле исклучени од водоводот од кој се снабдувале, а е во сопственост на Емо. Мештаните години наназад барале решение за нивниот голем проблем, па дури...

Продолжи со читање

Свечено пуштен во употреба патот од Лескоец до Скребатно

Post Views: 10   Премиерот Никола Груевски денес свечено го пушти во употреба патот од Лескоец до Скребатно. Овој локален пат со должина од 8км е изграден со средства од Владата во висина од 25 мил. Денари. Груевски истакна дека сега сите граѓани кои живеат во овој дел од Општина Охрид како и сите намерници кои го посетуваат манастирот Св. Богородица во Скребатно не ќе мора да газат во кал и прашина бидејќи е изграден еден широк и модерен пат кој ќе го користат многу години.Премиерот потенцира дека ова не е единствен локален проект во кој со финансиски средства учествува Владата...

Продолжи со читање

Пред очите на охридската и пошироката јавност е ставено непроценливо богатство

Post Views: 6   Пред очите на охридската и пошироката јавност е ставено непроценливо богатство. Во црквата „Успение на Пресвета Богородица – Каменско“ е отворена нова галерија на икони во која е изложена постојана поставка на автохтони иконописни дела.  Презентирани се 48 икони, како и неколку црковни и богослужбени книги. Поставката содржи неколку икони од 18 век, но преовладуваат икони од 19 век и неколку икони од самиот почеток на 20 век,вели Отец диме Азески.Најстарата икона датира од 1740 година. Посебно вредни се иконите од Корчанската зографска работилница на Трпо...

Продолжи со читање

Во Охрид и Дебрца евидентирани се 600 социјално загрозени семејства

Post Views: 4   Во Охрид и Дебрца евидентирани се 600 социјално загрозени семејства. Ова го покажуваат податоците на Центарот за социјална работа. Поради строгите критериуми за доделување еднократна или постојана помош, бројот на евидентирани семејства  според центарот во последните пет години се намалува, но се поголем е бројот на семејства кои бараат помош во охридскиот Црвен крст.Кај нас постојано доаѓаат луѓе кои бараат помош, некои од нив и не се евидентирани во списоците на Центарот за социјална работа поради строгите критериуми. Доколку сме во можност им даваме еднократна...

Продолжи со читање

Четири години празни ветувања

Post Views: 9 И после четири години од дадените ветувања дека на просторот на некогашната библиотека ќе се гради плоштад, нема ништо на повидок. Локалната самоуправа и Заводот за заштита на спомениците уште тогаш започнаа реализација на заеднички проект за овој дел од градот. Во планот е предвидено овој простор да биде оплеменет со зеленило и клупи за седење како охриѓани би добиле едно пријатно катче за одмор. Вие знаете дека Советот изгласа и изградба на споменик на Христо Узунов кој ќе биде поставен токму на ова место.  Постојано сме во комуникација со директорката на Завод и...

Продолжи со читање

Производството на органска храна во Македонија срамежливо расте

Post Views: 3 Македонија има потенцијал за развој на органското производство но тој се уште не е доволно искористен, велат екологистите. Иако бројот на органските производители се зголемува во последните неколку години, сепак станува збор за слабо развиена дејност во споредба со светскиот просек.Минатата година органската храна се произведувала на илјада педесет и пет хектари што е многу малку од вкупно обработливата површина во Македонија, вели Владимир Џабирски, поранешен претседател на Здружението на екологисти на Македонија. Во државава регистрирани се вкупно 250 фармери,...

Продолжи со читање

Охрид, град на раскопани тротоари

Post Views: 7 Добре дојдовте во Охрид, градот на УНЕСКО, но и на раскопаните тротоари. Западниот влез во градов воопшто не асоцира дека влегувате во некој туристички центар туку како да сете стигнале во некоја селска населба. Трње од сите страни на патот, раскопани тротоари и прашина, се жалат граѓаните кои токму таму живеат. Тие велат дека сликата не е изменета повеќе од 20 год. Миле Кипариз, наш сограѓанин кажува дека веќе 16 години живее во овој дел од градот и ништо не е изменето освен што се ставил асвалт на детското игралиште близу до стамбените згради. На тротоарите пак не...

Продолжи со читање

Започнуват градежните зафати на комплексот Плаошник

Post Views: 7 За една недела започнуват градежните зафати на комплексот Плаошник. По двегодишно тапкање во место, работотеконечно ќе мрднат од мртва точка.Новиот изведувач охридската фирма Митан Пром ќе треба да го реализира проектот онака како што беше замислен. Проектот „Плаошник“ предвидува околу 23 објекти во кои ќе бидат сместени конзерваторска школа, универзитети, музеј со археолошки наоди, библиотека со околу 100.000 наслови, а се предвидува тука да биде седиштето на галеријата со икони, Македонскиот институт за хуманистички науки, монашки простор наменет за свештени...

Продолжи со читање