Автор: Јаковлева Лионела
Post Views: 8 Нема пречки за изградба на катна гаража на паркинг просторот кај градскиот пазар. Нејзиното подигнување не се коси со Законот за Охрид, вели директорката на Завод и музеј, Тања Паскали Бунташеска. Таа објаснува дека Деталниот урбанистички план за овој опфат е донесен пред стапувањето на сила на овој закон и за тој план Завод и музеј има изработено конзерваторски основи. Паскали Бунташеска вели дека многу градби кои веќе се направени во заштитената зона во старото градско јадро се косат со Законот за Охрид. Тој не дозволува никакви поткровја и галерии, а со...
Успехот на пензионерите, успех на градот
Post Views: 7 Пензионерите уште еднаш докажаа дека и третата доба од животот на еден човек може да биде многу убава, исполнета со голем број активности кои дават посебна смисла на живеењето, рече Градоначалникот Александар Петрески на денешниот прием на екипата на Здружението на пензионери од Охрид и Дебрца, која постигна огромен успех на Спортска пензионерска олимпијада во Скопје. Петрески подвлече дека пензионерите се тие кои го граделе нашето минато, а ние треба да им овозможиме убава иднина. Градоначалникот вети дека ќе им помогне во решавањето на нивните проблеми. Тој...
Пукнатината на ѕидот на Долни сарај се повеќе се шири
Post Views: 7 Пукнатината на ѕидот на Долни сарај кој се наоѓа према езерото се повеќе се шири. Со тоа секојдневно се зголемува опасноста од одрони врз куќите на граѓаните од овој дел од градот како и врз случајните минувачи кои шетат по Мостот на желбите. Реакциите на охриѓани стигнаа и до нашата редакција. Апелираат надлежните што поскоро да превземат нешто. Од Завод и музеј велат дека проблемот им е добро познат. Нивни екипи уште пред неколку години направиле увид и констатирале дека има оштетување на ѕидот од камен па затоа вклучиле статичар и изработиле проект кој има...
Се гради, се асфалтира, се поправа
Post Views: 6 70 километри асвалтна мрежа, 40 километри канализациона мрежа, 15 километри водоводна мрежа како и голем број поплочени тротоари, се податоците со кои се пофали Локалната кога станува збор за инфраструктурните зафати кои ги прави низ градов. Граѓаните се сведоци дека во последно време многу интензивно се работи па и оние улици и населби кои години наназад немаа канализациона и водоводна мрежа, ниту пак асвалт, а граѓаните живееа како во 19-ти век, сега влегоа во 21ви. Но, дел од нив се прашуваат дали тоа е затоа што се ближат избори и се потребни гласови.Од секторот...
Денес е светски ден на срцето кој е посветен на децата
Post Views: 10 Заборавете на брзата храна, чипсот, слатките задоволства, а сетете се на подзаборавениот зеленчук и овошје ако сакате да имате здраво срце. Секако тука е и физичката активност барем половина час дневно како и намалувањето на стресот. Овие се препораките на докторите за да се заштитиме од кардиоваскуларните заболувања. Но и покрај укажувањата на лекарите и натаму расте стапката на смртност од кардиоваскуларни болести. Лани 60% од сите смртни случаи во државава се препишуваат на сметка на овој вид на заболувања, што е за 3 проценти повеќе во споредба со 2007-ма. И во...
Доцнеше почетокот, но брзо дојде крајот
Post Views: 6 Педесет и втората седница на советот на општина Охрид според својот дневен ред набилдан со 39 точки, многу ветуваше, но малку понуди. Новинарите, а и јавноста очекуваа да дознаат дали ќе се одлучи конечно да отпочне постапката за изградба на долгоочекуваната катна гаража или не, но до оваа точка советниците не стигнаа. Десетина точки кои беа најинтересни меѓу кои и договор за Јавно приватно партнерство за изградба на катна гаража како и договорот за Јавно приватно партнерство за изградба на автобуска станица во општина Охрид не дочекаа по нив да се дискутира...
Сцената зад света Софија која наликуваше на онаа од приказната со заспаната убавица, веќе ја нема
Post Views: 7 Се подготвува ново пријатно катче за охриѓани и гостите. ЈП „Охридски комуналец“ интензивно работи на расчистување на просторот позади црквата Св. Софија. Овој дел од градот кој со години беше обраснат со бршлен и грмушки сега ќе биде добро уреден парк со осмислени содржини. Ќе има клупи каде ќе се одмараат намерниците, рефлектори и канделабри за осветлување на просторот во кој ќе има патеки од трева и декоративни грмушки кои ќе се наводнуваат со прскалки. Ова место ќе биде собиралиште и на децата.Во моментов во паркот се поставуваат инсталациите за струја и...
Уште едно собиралиште на наркозависници
Post Views: 10 Во градов се појави ново собиралиште на наркозависници и други извршители на малолетничка деликвенција. Откога пред две години беа срушени неколку стари куќи кои се наоѓаа во близина на училиштето Христо Узунов, а беа собиралиште на наркозависници, сега тоа се прави на нова локација, тврдат мештаните од овој дел на градот. Тие објаснуваат дека собиралиште на наркомани, а и на проститутки е надвозникот на улицата Питу Гули.Од Свр Охрид велат дека досега кај нив не е пријавен ваков случај. Тие потврдуваат дека во овој дел од градот пред две-три години имало неколку...