Skip to main content

Автор: Јаковлева Лионела

Младината се едуцира како да препознае и да пријави семејно насилство

Post Views: 9 Подобро да се спречи отколку да се лечи. Младината се едуцира како да препознае и како да пријави семејно насилство. Средношколците од економското училиште денес од преставници на невладиниот сектор и од преставници на СВР Охрид слушнаа како да се однесуваат доколку се сведоци на семејно насилство. Тие велат дека делумно знаат, но никогаш не  ена одмет да се дознае нешто повеќе.Податоците со кои располага СВР покажуваат дека се повеќе се зголемува бројот на лицата кои пријавуваат семејно насилство. Од таму велат- не дека во минатото семејно насилство имаше помалку...

Продолжи со читање

Наместо напролет гимназијалците ќе одат на екскурзија есенва

Post Views: 10   Гимназијата Св. „Климент Охридски“ од уваа учебна година воведува нова пракса. На екскурзија ќе се оди во есенскиот период и тоа со ученици од втора година. Оваа одлука била донесена поради повеќе причини, објаснува директорот Наум Рилковски. Тој вели дека почетокот на учебната година е избран како најпогоден период за патување поради можното екстерно тестирање кое можеби ќе се спроведе напролет. Учениците од втора година се и многу подисциплинирани, вели Рилкоски, а од трета година се делат класовите по струки па не е иста нивната структура, додава тој....

Продолжи со читање

Се одбројува до отворањето на новиот дел од охридската болница

Post Views: 11 Се одбројува до отворањето на новиот дел од охридската болница. По се изгледа охриѓни на денот на нивниот патрон, 8-ми декември ќе бидат сведоци на свеченото отварање на долгоочкуваната здравствена установа. Портрпаролот на болницата, Д-р Сашо Василевски вели дека се на добар пат да го исполнат ветеното бидејќи привршуваат надворешните зафати на болничкиот објект, а започнато е и внатрешното уредување. Деновиве се инсталира најсовремена електронска инсталација, а болницата според планот ќе функционира како еден мини робот, објаснува д-р Василевски. Таа се прави по...

Продолжи со читање

Дали во градов ќе се отвори средно музичко училиште

Post Views: 13 Основното музичко училиште „Методиј Патчев“ прави напори за воведување на средно музичко образование во градов. Оваа идеја тлее од поодамна, но се чека да се создадат услови за нејзина реализација, вели директорката Нина Момировска. Веќе е разговарано со министерот за образование. Инаку, во ова основно училиште музички се образоваат 326 ученици. Само во оваа учебна година се запишале 67 од кои 37 се првооделенци и ќе ги изучуват инструментите клавир и виолина, а 27 се петтооделенци и ќе ги изучуваат инструментите флејта, гитара, кларинет и хармоника. Момировска...

Продолжи со читање

Прва официјална средба помеѓу претседателот на Р. Албанија и Р. Македонија

Post Views: 12 Албанскиот претседател Бујар Нишани денес пристигна во Охрид на еднодневна средба со неговиот македонски колега д-р Ѓорѓе Иванов. Оваа средба која се одржа во вилата Билјана беше неформална и далеку од очите на јавноста бидејќи претседателите не дадоа изјави за медиумите . Како што информираа од кабинетот на претседателот со оваа посета продолжува претходно воспоставената динамика меѓу Македонија и Албанија за редовни средби на највисоко ниво. Во фокусот на разговорите меѓу претседателот Иванов и претседателот Нишани беа досегашните билатерални односи и областите...

Продолжи со читање

Се помал бројот на ученици во стручните средни училишта

Post Views: 8   Дали средните стручни училишта во градов полека, ама сигурно замираат. Факт е дека секоја година во овие образовни центри се запишуваат се помалку ученици. Во средното стручно училиште Ванчо Питошески во прва година има само три паралелки, а лани имало четири. Паралелките се формирани и со помалку од 25 ученици. Директорот Секула Баткоски вели дека причини за ваквиот надолен тренд има повеќе, но како број еден го потенцираше намалениот наталитет не само во градов, туку воопшто во државава, бидејќи во ова училиште доаѓале да учат деца и од другите градови. „Друга...

Продолжи со читање

Дали се гледа крајот на маките на жителите од улицата Мите Богоевски

Post Views: 10    Наближува есента и есенските дождови, а со тоа започнуваат маките на граѓаните кои живеат на дел од улицата Мите Богоевски. Кракот на оваа улица години наназад не е асфалтиран иако се наоѓа во центарот на градот веднаш позади општинската зграда.Жителите од овој дел на градот повеќе пати алармирале за својот проблем до Локалната самоуправа од каде им рекле дека улицата неможела да се асфалтира поради градежните зафати кои се вршеле на истата. На овој крак во изминатите години интензивно се граделе неколку стамбени објекти, а се гради и новиот дел од општинската...

Продолжи со читање

Студенчишкото блато, нова туристичка понуда

Post Views: 10   На повидок е нова туристичка понуда на Охрид. Студенчишкото блато  кое претставува своевидна реткост и богатство на ендемичен жив свет ќе биде новата атракција со која ќе се привлекуваат гости во градов. Неговата ревитализација започнува на почетокот на Октомври кога ќе се постават границите на блатото и ќе започнат градежните работи. Ќе се прават патеки од природен материјал со што блатото ќе се поврзи со езерото во онаа природна конекција што веќе ја има, вели Дејан Пановски од билатералниот секретарјат за заштита на езерото.Планирано е во овој природен...

Продолжи со читање