Автор: Јаковлева Лионела
Post Views: 95Почна сезоната на ајварот. Ретко кој не го сака овај наш македонски специјалитет, ама оваа зима се помалку ќе го има на трпезата. Килограм црврени пиперки чинат од 30 до40 ден. па според некои пресметки тегла ајвар ќе чини колку килограм месо. Домаќинките кои подготвуваат зимници велат дека трошат 4 килограми пиперки за една тегла ајвар од 800 грама. Според нив ајварот е прескап и многумина ќе се одлучат да купат по некоја тегла од маркетите колку за мерак. Оние тврдокорните , ќе треба да го одврзат ќесето затоа што и маслото за јадење од неодамна чини 100...
Јачат мотори на „Момчило Јорданоски“
Post Views: 96Улицата Момчило Јорданоски, стаза за мото трки. Моторџиите од градов секој ден околу три часот наутро се собираат на оваа улица и си ги одмеруваат силите, велат граѓаните кои живеат под бараките. Оваа нивна забава стана наша ноќна мора, додаваат тие. Моторџиите понекогаш возат и со брзина од 100км на час, раскажуваат револтирано.Трките од забава можат да се претворат во трагедија, загрижено кажуваат мештаните. Еден жител вели дека покрај што меже да настрада некој пешак или возач, многу лесно жртви можат да бидат и самите моторџии. Порано, кажуваат тие, на оваа улица имало...
Богата културна понуда по повод 8-ми септември
Post Views: 96 Центарот за култура Григор Прличев се подготвува достојно да го одбележи 8-ми септември, денот на независноста на Македонија. Програмата започнува вечерва во 20 часот со отварањето на светската изложба на Битолскиот монмартр. Директорката на центарот, Драгана Боцевска вели дека соработката со оваа ликовна колонија е од многу одамна па затоа одлучиле чествувањето по повод овој голем државен празник да го почнат токму со нивната изложба. Нејзина идеа е делата на малите уметници од светот барем еднаш годишно да бидат ставени пред очите на охридската јавност. Боцевска кажува...
Извинете, лапсус
Post Views: 113 Продажбата на хотелот „Славија“, лапсус. Вака денес од Агенцијата за привлекување странски инвестиции ја објаснија информацијата која вчера ја дал нивниот директор Висар Фида, на брифинг со новинари во Скопје а која одекна во сите медиуми. Од агенцијата за ТВМ велат дека купопродажбата не е извршена и додаваат дека во прашање била грешка во комуникацијата помеѓу нивниот директор и новинарите. Инаку хотелот „Славија“ во моментов се наоѓа под хипотека од Охридска банка чиј корисник е познатиот бизнисмен, Зоре Темелковски. Темелковски за нашата телевизија изјави дека...
Кој се токми за првата фотеља во ЈП „КОмуналец“
Post Views: 125Дали ќе биде сменет директорот на ЈП комуналец, Сашо Алчев, деновиве се прашува охридската јавност. Ова е тема број еден на многу кафе муабети во кои се спомнуваат дури и имиња на можни кандидати за првата фотеља на ова јавно претпријатие. Градоначалникот Александар Петрески на охриѓани им ја разрешува дилемата. Тој вели дека ова се чисти шпекулации и дека нема ниту една причина зошто би го сменил Алчев од ова директорско место. Градоначалникот додава дека многу е задоволен од работата на Алчев па откога „Комуналец“ добро ќе застане на нозе планира да го унапреди во...
Улицата „Питу Гули“ заборавена од надлежните
Post Views: 126 Улицата „Питу Гули“ заборавена од надлежните. Ова го тврдат граѓаните кои живеат на оваа улица која се протега од кружниот тек кај болницата па се до новата автобуска станица. Тие додаваат дека оваа улица е многу прометна како за сообраќај така и за пешаци посебно сега кога започна учебната година, а тука се наоѓа едно од најголемите основни училишта, „Христо Узунов“.Учениците сакаат што побрзо да се направат тротоарите за да не газат во дупки. Повозрасните пак велат дека улицата наликува на селски пат.Од Секторот за коминален развој објаснуваат дека „Питу Гули“ е влезена...
Градската фонтана позелене
Post Views: 96Фонтаната кај Чинарот наместо да го краси го нагрдува Плоштадот, велат граѓаните. Тие додаваат дека уште со нејзината изградба во 2003-тата е направена голема грешка. Фонтаната со нејзиниот многуаголен облик на граѓаните и туристите им наликува на НЛО објект. Но, не е само изгледот она што им пречи на минувачите. Тие реагираат и на нејзината чистота.Некои од нив велат дека фонтаната е вистински жабарник.Други додаваат дека за нејзината чистота треба да се грижат и граѓаните ,а не само надлежните.Од ЈП „Комуналец“ велат дека состојбата со фонтаната е ваква кава што е поради...
Бројот на учениците се намалува
Post Views: 97 Во основните училишта во градов ќе се формираат паралелки и со помалку од 24 ученици. Вака денес одлучија охридските советници. Одлуката беше неминовна бидејќи продолжува трендот на опаѓање на бројот на првооделенците, а комбинираните паралелки не се најсреќно решение ниту за учениците ниту за професорите, објаснува раководителот на одделението за образование, Серафим Наумоски.И во средните образовни центри поточно во Средното општинско училиште „Ванчо Питошески“ и во „Св. Наум охридски“ нема доволно ученици. Советот поради тоа одлучи да се формираат паралелки и со помалку...







