Skip to main content

Автор: Јаковлева Лионела

Се поставуваат рампи кај Горна порта и во непосредна близина на поштата

Post Views: 7 Се поставуваат рампи кај Горна порта и во непосредна близина на поштата. Ова е со цел да се растерети и да се регулира сообраќајот во централното градско подрачје и во стариот дел на градот. Од Секторот за комунален развој, сообраќај и патишта велат дека засега ова е најприфатливото решение бидејќи сите направени сондажи покажале дека овој дел од градот посебно во летниот период е најоптоварен со сообраќај. Неминовно беше тоа решение овој дел да се затвори за сообраќај, но граѓаните кои живеат во староит дел на градот да имаат можност да се движат со своите...

Продолжи со читање

Се е подготвено за отварањето на 58 то издание на фестивалот „Охридско лето“

Post Views: 8 Се е подготвено за отварањето на 58 то издание на најголемата и најреномирана музичко сценска манифестација во земјава, фестивалот „Охридско лето“. Завршени се сите подготовки за оваа Национална установа да биде достоен домаќин на бројните уметници и вљубеници во уметноста. Во претстојните 40 дена пред бројната фестивалска публика ќе продефилираат повеќе од 800 музички и театарски уметници од 27 држави од Европа и целиот свет. Честа да го отвори годинешното фестивалско издание и припадна на романската оперска дива Елена Мошуц, која во четврток, 12 јули, на...

Продолжи со читање

80 обучени спасители летово ќе се грижат за безбедноста на плажите

Post Views: 13 Охридските капалишта обезбедени со спасители на вода. Општинскиот Црвен крст ова лето ангажира 80 обучени спасители кои ќе се грижат за безбедноста на плажите в долж Охридско-Струшкото крајбрежје, а и на Преспанското езеро. Ќе се ставени во функција пет спасителни чамци , а ќе бидат ангажирани и екипите на парамедици. Се надеваме дека нема да имаме некои посериозни инциденти бидејќи и спасителите делуваат и превентивно со самите капачи, а концесионерите секако треба да ги следат сите инструкции, препораки и насоки кои што ги даваме, а кои се потребни за да го...

Продолжи со читање

„Спорт и култура иднината на регионот“

Post Views: 4 Младите и спортот. Со цел што повеќе млади луѓе да се стимулираат и да спортуваат ЈП „Билјанини извори“ прави напори за подобрување на условите за тренирање како и овозможување натпревари каде спортистите ќе можат да си ги одмерат силите. Неодамна преку ТЛЕР ова претпријатие аплицираше за добивање средства од европските фондови за реализацијата на проектот „Спорт и култура иднината на регионот“, активност која е поддржана и финансирана од SWG Regional Rural Development Standing Working Group of South Eastern Europe. Проектот е прифатен, а средствата кои се...

Продолжи со читање

Јубилејно, петто издание на „Вдиши театар“

Post Views: 6 Јубилејно, петто издание на „Вдиши театар“. Денес со преставата „Во фиока“ во изведба на актерската група на општинскиот Црвен крст, се отвара фестивалот на аматерската глума со што започнува и културното лето во Охрид. Овој фестивал од година во година станува собиралиште на се поголем број млади талентирани деца кои под палката на неколку волонтери од Црвен крст прават престави за паметење. Целта на овој театарски фестивал е да се поттикнат младите да го искористат својот театарски потенцијал, да креираат театарска игра и да прикажат театарски престави....

Продолжи со читање

Охриѓанката Ајше Хасан е една од најталентираните интелектуалци во светот

Post Views: 17 Охриѓанката Ајше Хасан е една од најталентираните интелектуалци во светот. Оваа матурантка од колеџот Јахја Кемал го понесе македонскиот тим на врвот со четири златни медали во четири категории на Светскиот натпревар „Талентирани интелектуалци“ што од 20 до 23 април годинава се одржа во Кембриџ, Англија. Тие се натпреварува со млади таленти од 40 земји од Европа, Азија, Африка ,Америка и Австралија. Хасан кажува дека со работа и труд се е возможно па дури да се освои и светот. Таа иако доаѓа од скромно семејство без некои големи материјални можности никогаш не...

Продолжи со читање

Охрид станува единствен по уште едно уникатно дело

Post Views: 9 Охрид станува единствен по уште едно уникатно дело. Археологот и конзерватор Никола Упевче со огромна љубов, трпение но и знаење изработи мозаик со мапа на кој е преставено старото градско јадро. Тоа не е само уметничко дело пред кое посетителите ќе се воодушевуваат туку оваа мапа е направена со таква прецизност и точност што ги опфаќа сите важни културно историски знаменитости со нивните карактеристики и скриени пораки. Упевче вели дека тој што ќе може да ја протолкува мапата ќе може многу да дознае за градот односно за двата града кои постоеле на овие...

Продолжи со читање

Улиците претворени во паркинг

Post Views: 4 Речиси на сите улици во центарот на Охрид ќе се наплаќа за паркинг и тоа не само за време на летната сезона туку во текот на цела година. Со воведувањето на новиот смс систем на наплата на паркинзите се воведуваат и овие новини од кои охриѓани ги заболе глава. Поголемиот дел од граѓаните веста ја дочекаа како измени кои ќе важат само во летниот период, но од локалната им ги скратија надежите. Со оваа одлука се очекува да се намали сообраќајот во централното градско јадро, односно непотребното користење на моторни возила или заземање на јавните паркинг површини...

Продолжи со читање