Skip to main content

Автор: Јаковлева Лионела

Европа во мало пристигна во Охрид

Post Views: 199 Охрид домаќин на 9тиот конгрес на Лајонс клубови од градови со тврдини. На овој голем настан учествуваат 140 делегати од Белгија, Франција, Шпанија, Италија, Малта и Македонија. Д-р Сашо Василевски, дистрихт гувернерот на Д 132 Македонија вели дека ова е една голема промоција на нашата држава и нашиот градОхрид живее во лајонистички дух. Присуството на делегатите од најразлични клубови од земјите во Европа ќе ни овозможат реализација на голем број проекти, додаде дистрихт гувернерот на Д 132 Македонија.Асоцијацијата на Лајонс клубовите од градови со тврдини постои...

Продолжи со читање

Дали Охрид конечно ќе добие сообраќајна студија

Post Views: 186 Охрид сеуште нема сообраќајна студија. Тоа е причина за сообраќајниот хаос кој што посебно во летниот период е евидентен низ охридските улици. Актуелниот градоначалник Јован Стојаноски потсети дека минатата локална власт четири години ветувала дека ќе ја изработи оваастудија, но овај важен проект за градов не беше реализиран. Објаснувањето тогаш беше дека за отпочнување на таа студија се потребни минимум 200 000 евра, пари кои општината ги немаше. Стојаноски се согласува дека овој проект е скап, но вели дека е еден од неговите приоритетите и веќе сериозно се работи...

Продолжи со читање

Кафе во кафулињата, пешаци на тротоарите

Post Views: 176 На тротоарот од Кеј „Маршал Тито“ нема повеќе пиење кафе. Тој ќе си ја врати примарната функција, а тоа е простор за одвивање пешачки сообраќај. Масите и столиците од кафулињата кои се наоѓаат на дел од оваа улица ќе бидат отстранети. Тоа го налага новиот режим на сообраќај со кој после седум години оваа улица во летниот период нема да биде пешачка зона туку сообраќајница.Зоран Шикалоски, раководителот на секторот за сообраќај и патишта вели дека крајно време е да се ослободат тротоарите и да му се овозможи на сообраќајот да дише.Искуството од минатите години покажа...

Продолжи со читање

Викенд акција за вдомување на миленичиња

Post Views: 172 Викенд акција за вдомување на миленичиња. Денес на градскиот плоштад во Охрид љубители на животните, организираа акција за вдомување на кучиња. Анастазија Димзовска, граѓански активист за заштита на правата на животните, вели дека со акцијата имааат за цел да им обезбедат дом на што е можно повеќе кучиња, кои во моментов се наоѓаат на улица. Очекуваме денеска бидејќи е продолжен викенд да има луѓе па да можиме на сите кученца да им најдиме дом. Имаме и поголеми кучиња кои чекаат да бидат вдомени па доколку некој сака може да си вдоми и такво куче, објаснува Анастазија...

Продолжи со читање

Охрид летово ќе доживее вистинскo културнo освежување

Post Views: 161 Културно лето во Охрид. Од Центарот за култура „Григор Прличев“ најавуваат богата културна програма во периодов што следува. Уште утре љубителите на класичната музика ќе можат да уживаат во вокалните можности на Луиза Мара Рустеми, гостинка од Поградец- Албанија. Ова гостување е резултат на заедничката соработка на Центарот за култура од Охрид и  Поградец. Концертот започнува во 19 часот, а влезот е бесплатен. На 10 јуни пак балетското студио „Визави“ ќе го одржи својот завршен концерт. Ова студио работи веќе 4 год. и тоа со неколку групи. Има членови од најмала возраст,...

Продолжи со читање

Љубов , време, нега и пари

Post Views: 211 Трендафили, сардели, бегонии, вистински цветен рај. Ова е дворот на Чеповска Венера која за својот труд и љубов кон цвеќињата и природата доби прво место од женското здружение Бисера за најубаво уреден двор. Венера вели дека оваа награда многу и значи бидејќи е потврда за се она што го прави околу уредувањето на ова нејзино катче. Таа не штеди време за да ги засади и одржува цвеќињата бидејќи ги обожава и тоа сите.Ако сакатае да имате убаво уреден двор треба да работите најмалку 2 до 3 часа дневно во текот на сезоната, а на почетокот на пролетта и по цел ден, вели...

Продолжи со читање

Охрид ова лето нема да наликува на панаѓур

Post Views: 160 Охрид ова лето нема да наликува на панаѓур, ветуваат од Локалната самоуправа. Велат дека ќе се направи ред во поставувањето урбана опрема и останати реквизити за забава како граѓаните и туристите не би биле незадоволни од изгледот на најголемиот туристички центар во државава. Интенција на Локалната е да нема таков изглед. Во моментов не дозволуваме да бидат поставувани тезги барем не на јавна површина и на градежно неизградено земјиште што е во сопственост на РМ и Општина Охрид, вели градоначалникот Јован Стојаноски. Градоначалникот кажува дека до нив стигнале...

Продолжи со читање

Обновен Мостот на желбите

Post Views: 173 Обновен Мостот на желбите. На задоволство на гостите , но и на охриѓани поправен е мостот кој преставува најкраткиот пат до едно од најатрактивните места на охридското крајбрежје, Канео. На мостот поставени се нови дрвени штици и останува уште да се направи ограда која ќе биде заштита за минувачите по него. Според информациите кои ги добивме тој од утре ќе биде ставен целосно во функција што значи дека за Велигденските празници сите кои сакаат ќе можат да уживаат на плажата Потпеш и населбата Канео и да ја посетат една од најубавите цркви посветена на Св. Јован Богослов....

Продолжи со читање

Православните верници се подготвуваат за Велигденските празници

Post Views: 166 Почна празничната еуфорија. Пред маркетите во градов и на касите ред се чека за да се плати за купените артикли. Таква беше атмосферата и во маркетот „Миса“. Граѓаните забрзано ги прават последните подготовки за најголемиот христијански празник- Велигден. За некого скапо за некого не, но сите одвоиле дел од својот буџет за да ја запазат традицијата. Велигденските празници секако не можат да поминат ако на трпезата нема јагнешко месо. Во охридските месарници цената на јагнешкото се движи од 280 до 300 денари, а тежината на јагнињата е од 8 до 12 килограми. Во Миса...

Продолжи со читање

Преку детска игра до хуманост

Post Views: 179 Денес градскиот плоштад беше едно големо игралиште. Се играше шах, пикадо, баскет, мал фудбал, одбојка, не лути се човеку и многу други спортски и едукативни содржини. Ова беше дел од акцијата на Црвениот крст од Охрид, „За посреќно детство“. Секој што купи учеснички број за акцијата, кој чинеше 30 ден. можеше да се натпреварува во повеќе спортските дисциплини. Емилија Цветаноска ја покажа својата хуманост купувајќи талонче и натпреварувајќи се во скокање со јаже во што освои прво место и вртење хулахоп на нога за што беше втора. Мило ми е што учествував во оваа акција...

Продолжи со читање

Летото се ближи, а со тоа и гужвите во градов

Post Views: 173 Донесена новата програма за поставување урбана опрема. Тихомир Дурнев, од Секторот за урбанизам вели дека и ова лето ќе има столици и маси пред локалите, определени се местата каде ќе се продаваат уметнички слики и сувенири, но тврди дека летово нема да се продава храна на отворено.Локациите на кои ќе се поставува урбаната опрема, како и детските реквизити како замоци ,количиња, вовчиња и др. во многу зависат и од новиот сообраќаен режим кој ќе важи во летниот период.Пред неколку дена беше поставен еден замок на место на кое со новиот режим за сообраќај ќе биде сообраќајница....

Продолжи со читање

Јаболко како од приказната за Снежана

Post Views: 168 „Јас здраво се хранам. Секој ден конзумирам зеленчук и овошје“. Оваа реченица многу често можеме да ја слушнеме, но колку има вистина во неа. Дали зеленчукот и овошјето што ги јадеме се навистина здрави. Колку надлежните институции водат сметка дали производите на македонските ниви и пазари  ги задоволуваат европските стандарди. Дел од граѓаните кои ги запрашавме дали државата се грижи за квалитетот на храната што ја конзумираме велат дека не се грижи, а има и такви кои сметаат дека храната се контролира и е релативно здрава.Агенцијата за храна и ветеринарство неодамна...

Продолжи со читање