Автор: Јаковлева Лионела
Post Views: 177 Општина Охрид со проект за реконструкција на кејот ќе аплицира за добивање средства од европските фондови. Локалната забрзано работи на овој проект откако пред извесно време Владата најави дека со 18 милиони евра грант од Европската унија преку ИПА 2 програмата и сопствени средства во висина од 3,2 милиони евра ќе ја подобрува локалната конкурентност во туризмот во Македонија. Средствата ќе се доделуваат преку Програмата за локална и регионална конкурентност која се спроведува како партнерство помеѓу Владата на РМ , ЕУ и Светската банка. Проектот за реконструкција...
Голема чест, но и одговорност
Post Views: 174 Голема чест, но и одговорност е да се биде прв човек на една научна институција, вели Д-р Сузана Патчева, новиот директор на Хидробиолошки завод. Таа објаснува дека генерално е задоволна од состојбата во која го затекна заводот, но додава дека и понатаму треба да се унапредуваат можностите на институтот.Финансиски може да бидеме и подобри, а исто така посакувам да биде примен и млад научен кадар, вели директорката.Во Хидробиолошкиот завод во моментов се вработени 16 доктори на науки и 4 магистри кои се насочени кон истражувачка дејност. Вклучени се во неколку билатерални...
Локалната самоуправа ќе воведува ред во поставувањето урбана опрема
Post Views: 164 Локалната самоуправа ќе воведува ред во поставувањето урбана опрема. Повеќе нема да се толерира нелегално поставување столици и маси и друга опрема на јавни површини . Сите субјекти кои веќе поставиле ваква опрема, а за тоа не добиле одобрение ќе бидат соодветно санкционирани. Програмата за поставување урбана опрема е донесена во месец февруари годинава, но според информациите, досега постапката ја започнал само еден угостител. Физичките и правните лица можат и понатаму да поднесуваат барање за поставување урбана опрема , но додека не добијат одобрение не смеат да...
Пролетва ќе се реконструира сцената кај Долни Сарај
Post Views: 177 Ќе се осовремени сцената кај Долни Сарај. НУ Фестивал „Охридско лето“ оваа година со пари од Министереството за култура ќе инвестира на овој простор кој е еден од најрепрезентативните и најубавите како сцена за различни културни збиднувања. За прв пат имаше слух да се издвојат средства за санација на сцената на Долни Сарај. Министерството годинава не стави во програмата за инвестиции, средствата во висина од 1милион и 400 000 ден. ќе бидат доволни да се санира она што е најгорлив проблем на Долни сарај, а тоа е самата сцена и гледалиштето, вели Сузана Вренцоска,...
НУ Фестивал „Охридско лето“ забрзано се подготвува за да понуди уште едно успешно издание
Post Views: 173 Се интензивираат подготовките околу овогодинешното издание на Фестивалот „Охридско лето“. Останува да се потпишат уште неколку договори после што ќе биде обелоденета и целокупната програма во која ќе може да ужива публиката од 12 јули до 20 август. Директорката на НУ Фестивал Охридско лето, Сузана Вренцоска ветува успешно фестивалско издание и квалитетно селектирана програма. Фестивалот „Охридско лето“ интензивно веќе подолг период работи на програмата и прибирање понуди од врвни уметници, нивна поширока селекција. Сега останува уште да се дофинализираат некои...
Времето не лекува се
Post Views: 268 Охриѓани сеуште носталгични по калдрмата во чаршијата. Тие живо се сеќаваат на шеталиштето поплочено со камен уште од турско време. Чаршијата беше поплочена со оригинална калдрма од турскиот период се до 50-тите години од минатиот век кога е заменета со автентични камени плочи. За жал, во 2006 година каменот беше заменет со мермерни плочки од низок квалитет, а од црвенкастите камени блокови не е оставена ниту мала апликација за да потсетува на старата убавина. Старата охридска калдрма, која важеше за една од најпознатите и најубавите во Македонија, остана уште само...
Нема СОС линија во Охрид
Post Views: 172 Во Охрид нема СОС линии за помош и подршка на децата. Во време кога во светски рамки рапидно се зголемува бројот на повици кон ваквите линии за помош во случај на насилство и злоупотреба, кај нас и таа една сос линија која поsтоеше од пред 2 години, лани згасна. Ѓорѓи Tодоровски, од Центарот за социјални грижи вели дека ваква линија постоела и функционирала во склоп на Женскиот центар „Бисера“ за што биле обучени и кадри, но поради финансиски причини истата е укината.Искуствата покажуваат дека СОС линиите се повеќе од потребни затоа што на децата, младите и родителите...
Нова сала, нови соблекувални и кабинет по физичка култура
Post Views: 189 Средното економско училиште ќе се поднови. Од буџетот на Општина Охрид издвоени се 500 000 ден. за реновирање на фискултурната сала, изградба на нови соблекувални и кабинет по физичка култура. Ќе се работи во текот на летниот период за од наесен учениците да добијат сала со нов лик и со оптимални услови за извршување на настава, вели советникот за образование,Серафим Наумоски. Тој објаснува дека и досега општината финансирала во ова училиште, но признава дека тоа не е доволно.Новина е и тоа што ќе се уредува дворната површина во економското училиште. Стручни лица од...
Дали Кеј „Македонија“ трајно ќе стане пешачка зона
Post Views: 172 Кеј „Македонија“ да стане пешачка зона. Ова е идеја на тимот во Локалната самоуправа кој како урбанистички предизвик во рамки на програмата ICLD и SKL International од Шведска ќе го работи проектот ,,Нови хоризонти преку унапредена пешачка зона“. Што за тоа мислат граѓаните. Дали спорд нив е подобро кејот трајно да стане пешачка зона или пак оваа улица е неопходна како сообраќајница. Општината спроведува и Е-АНКЕТА на која граѓните можат да гласаат за или против ваквиот проект. На официјалната веб страна ohrid.gov.mk објавен е начинот на кој секој што сака може...
За некои успех за некои неуспех
Post Views: 154 Од ОК на ВМРО ДПМНЕ прашуваат дали за успешност СДСМ од Охрид го смета фактот дека Градоначалникот Петрески и неговите другари од СДСМ во Локалната самоуправа имаат десеттици кривични пријави за незаконско работење во Општината. Дали успех е тоа што Охрид стана тема на потсмев поради изјавите на Градоначалникот и несвесните гласања на советниците од СДСМ и мнозинството. Дали за успешност во СДСМ ги сметаат потрошените над 50 милиони евра од Буџетот на Општина Охрид без ниту една инвестиција во нашиот град. Дали за успешност СДСМ го смета новонапревениот долг од оваа...
Охриѓани прашуваа, евроамбасадорот одговараше
Post Views: 175 Aмбасадорот на Европската унија во Македонија, Аиво Орав денеска меѓу охриѓани. Причина за тоа беше панел дискусијата на тема „Европската интеграција како предизвик за културата на Република Македонија“ која се одржа во општина Охрид. Трибината беша организирана во рамките на одбележувањето на 9 Мај, Денот на победата над фашизмот. Орав рече дека овој ден се прославува не само во Европа туку и ширум светот и е потсетник на тоа што се случи во далечната 1962 год кога Европа беше ослободена од конфликти. Европската унија денес е еден од најуспешните мировни проекти во...
„Здрава храна за детство без мана“
Post Views: 235 Јаболка, јаготки, цреши, моркови, патлиџани и многу други овошја и зеленчуци никнаа во дворот на градинката „Јасна Ристеска“. Дечињата од петте објекти на оваа градинка на возраст од 4 до 6 години преку своите маски упатија порака до сите деца, но и возрасни дека треба здраво да се храниме. Секое од децата си има свое омилено овошје и зеленчук:„Јас сум јаболко зошто многу сакам да го јадам ова овошје“„Јас сум цреша, таа е најслатка“„Јас сум јаготка“ „Јас сум патлиџан, едвај чекам да дојде лето за да можам да јадам патлиџани, ама охридски“„Јас сум морков, го јадам како...