Skip to main content

Автор: Јаковлева Лионела

Пламна шумата над Кошишта

Post Views: 4   Се случи тоа од што се плашеа и на што предупредуваа кошиштани. Во саботата навечер околу 11 часот вивна ниската вегетација од десната страна на улицата Кирил и Методиј која води од Горна Порта до пумпната станица. Среќа во несреќa e што мештаните брзо забележале дека гори сувата трева па пожарот не зафатил големи размери. Димитрије Блажески, жител на оваа улица раскажува што се случувало во саботата. Тој вели дека 20тина луѓе кој по пижами кој по влечки истрчале да го гаснат пожарот. „Гасневме со кофи вода, со црева кој соо што најде“, вели Димитрије. „За среќа...

Продолжи со читање

Охриѓани бараат ЈП „Охридски Комуналец“ порано да го подига сметот

Post Views: 7 Охриѓани бараат ЈП „Охридски Комуналец“ порано да го подига сметот. Велат дека во пролетниот и летниот период кога во градов е зголемен бројот на туристи пожелно е отпадот да биде собран во раните утрински часови. Особено ова го потенцираат угостителите кои имаат свои објекти во центарот на градот. Пракса во ЈП „Охридски комуналец“ не само оваа туку и изминатите години е во летниот периот почнувајќи од 1ви јуни да го поместуваме работното време од 7часот во 6часот за навремено да ги испразниме контејнерите и да не се создава гужва и неубава слика и пред мештаните...

Продолжи со читање

Туризам или авантуризам

Post Views: 4  Во која насока ни оди туризмот? Кој и колку ќари од оваа туристичка сезона. Сондажите допрва ќе се прават, но ако денот по утрото се познава по се изгледа ќе имаме една од најслабите туристички сезони досега. Станоиздавачите се жалат дека не паметат кога цената по кревет била само 300 денари, а сепак повеќе од половина сезона останале празни. Во една од елитните населби Лагадин, а ништо поинаку не беше и во Пештани, ретките туристи кои ќе побараа сместување можеа да бираат каде ќе бидат сместени. Во градов состојбата малку порозова, но и тука имаше апартмани и...

Продолжи со читање

Без договор нема поставување урбана опрема ниту закуп на тезги

Post Views: 5 Заврши аукцијата за поставување на тезгите во централното градско подрачје, а тече и новиот повик за оние тезги кои не беа доделени. Сеуште може да се доставуваат и барања од граѓани за поставување тезги на нови локации кои дополнително ќе бидат разгледани од страна на градоначалникот и стручната комисија. Склучени се и најголемиот дел договори со угостителите кои поднесоа барања за поставување урбана опрема на јавна површина. Договорите си течат. Ние, знаете дека имавме долги разговори, но на крајот стигнавме до едно прикладно решение за обете страни,...

Продолжи со читање

Без договор нема поставување урбана опрема

Post Views: 5 Заврши аукцијата за поставување на тезгите во централното градско подрачје, а тече и новиот повик за оние тезги кои не беа доделени. Сеуште може да се доставуваат и барања од граѓани за поставување тезги на нови локации кои дополнително ќе бидат разгледани од страна на градоначалникот и стручната комисија. Склучени се и најголемиот дел договори со угостителите кои поднесоа барања за поставување урбана опрема на јавна површина. Договорите си течат. Ние, знаете дека имавме долги разговори, но на крајот стигнавме до едно прикладно решение за обете страни,...

Продолжи со читање

55 години од матура

Post Views: 7 Генерацијата 1959-1963 од првата и последна учителска школа „Андон Дуков“ од Охрид, денес се собра да одбележат 55 години од матура. Тие се потсетија дека на овој ден пред повеќе од половина век својата матурска вечер ја прославиле во депандансот на хотелот Палас со што завршиле едно поглавје од својот живот. После тоа сите се распрскале на различни страни, следејќи ги своите желби и мечти за денес оние кои сеуште се борат со животните предизвици повторно да се соберат на заедничка средба. Важно е што се гледаме здрави и живи колку што можеме да бидеме, важно е...

Продолжи со читање

Матурантиде го изиграа својот Квадрил

Post Views: 10 Уште една генерација матуранти од средните училишта во Охрид со изведба на познатиот штраусов танц Квадрил, го одбележаа крајот на средното образование. Точно на пладне, истовремено танцуваа со матурантите од уште шеесетина градови на Централна и Југоисточна Европа. Градоначалникот Јован Стојаноски кој со задоволство го проследи овој настан на матурантите им го честита завршувањето на средното образование и им посака секој да си го трасира сопствениот пат и успешно да го изоди. Бидете цврсти во Вашите одлуки да напредувате во животот, само на оној начин кој нема...

Продолжи со читање

Противпожарната единица засега останува на старата локација

Post Views: 8 Засега нема дислокација на Противпожарната единица во Охрид. Командирот Спасе Прентоски вели дека идејата на Локалната за преместување на противпожарната на друго место која потекнува уште од пред неколку години, барем според најавите за брзо време нема да се реализира. Тој додава дека нивниот став е јасен. Локацијата на која се наоѓаат е најпогодна за обавување на нивната дејност, но командирот додава дека доколку Локалната одлучи поинаку тие ќе мора да прифатат. Како една од можните локации каде би се сместила противпожарната единица беше спомнувана и ...

Продолжи со читање