Skip to main content

Автор: Јаковлева Лионела

Невремето во Охрид повторно ја актуелизира темата околу реката Сатеска

Post Views: 184 Невремето кое во саботата го зафати Охрид и штетите кои ги претрпеа некои граѓани поради високите бранови предизвикани од силниот ветар, на површина исфрлија проблеми околу езерото кои се провлекуваат години наназад. Повторно се актуелизира темата околу реката Сатеска. Екологистите и научните работници од Охрид деновиве дебатираат за тоа дали конечно треба да се исправи грешката од 60-тите години, кога реката Сатеска е пренасочена во Охридското Езеро наместо во Дрим каде и бил нејзиниот природен влив. Со тоа Сатеска не само што е еден од најголемите загадувачи на...

Продолжи со читање

Одмор или кошмар

Post Views: 230 Годишниот одмор од задоволство може да се претвори во кошмар. На туристите кои доаѓаат да одмараат на охридско-струшката ривиера им се препорачува добро да се грижат за своите лични предмети. Хотелиерите од Охрид и Струга тврдат дека ги превзеле сите мерки за гостите ова лето да имаат што побезбеден одмор. Гоце Тасески од хотелот „Инекс Горица“ вели дека во нивниот хотел поставени се безбедоносни камери како би ги заштитиле гостите од крадците, но потенцира дека и гостите треба да се едуцираат како самите да се зштитат од опасностите кои ги демнат.Според податоците...

Продолжи со читање

Двапати крои, еднаш сечи

Post Views: 190 Во општинската организација на СДСМ наголемо се подготвуваат за предстојните локални избори. Тие пред се работат со своето членстви и симпатизери на терен, но големо внимание посветуваат и на политички неопределените граѓани. Ставот на централата на СДСМ во Скопје е до крајот на јуни да се истакнат кандидатите за идните градоначалници. За Охрид веќе се споменуваат две имиња. Тоа е името на актуелниот Градоначалник Александар Петрески и името на претседателот на Општинската организација, Науме Јованоски. Кој ќе биде кандидатот за првата градска фотеља ќе одлучат резултатите...

Продолжи со читање

Започна проценката на штети од невремето во Охрид

Post Views: 171 Започна проценката на штети од невремето во Охрид. Општинската комисија за проценка на штети од елементарни непогоди од утринава е на терен за да ги утврди последиците кои ги предизвика невремето кое Охрид го зафати во саботата. Комисијата излезе првично да види какво е оштетувањето,на терен и утврдивме дека има големо оштетување покрај брегот на Охридското езеро. Оштетени се угостителски објекти и платформи, има оштетување и на објекти, паднати оџаци, покриви, моторни возила. До Комисијата досега пристигнати се 58 барања. Од утре излегуваме на терен и ќе вршиме...

Продолжи со читање

Опасен конак

Post Views: 186 Опасност ги демне учениците и минувачите кои влегуваат низ портата на црквата Света Богородица Перивлепта. Западната страна од ѕидот на конакот кој се наоѓа во дворот на црквата за 40сетина сантиметри е поместена од лежиштето, а на самиот ѕид има голема пукнатина. Секој момент истиот може да се сруши. Благоја Чочегов, жител од овој дел на градот вели дека тука секојдневно поминуваат голем дел од учениците кои учат во Основното училиште Св. Климент Охридски, а и туристите кои ја посетуваат црквата многупати се потпираат на опасниот ѕид без да знаат што може да им се...

Продолжи со читање

Охриѓанецот Ристе Балевски дури во Париз ја пренесе пораката за помош на лицата со ретки болести

Post Views: 182 Охриѓанецот Ристе Балевски дури во Париз ја пренесе пораката за помош на лицата со ретки болести. Тој пред десеттина дена учествуваше на интернационалниот полумаратон во Париз, Франција, на кој се натпреваруваа учесници од целиот свет. Носејќи ги на себе боите и шарите кои се заштитен знак на лицата со ретки болести, Ристе со голем елан и мотивираност ја истрча рекреативната трка, посветувајќи им ја на овие лица, на лицата со аутизам, со хендикеп, но и на својот роден град и држава. Уште од моите студентски денови бев во контакт со такви деца и сега моментално...

Продолжи со читање

Кинезите сакаат да ја посетат Македонија

Post Views: 161 Азијските гости го одбегнуваат Охрид и Македонија иако се заинтересирани да ги видат убавините на нашата земја и град. Проблемот е што државава не ги има спуштено Шенгенските визи како што тоа го направија земјите од опкружувањево. Азијците, посебно кинезите се едни од најбројните туристи во регионов затоа Босна, Србија, Црна гора и Албанија ги спуштија визите. Се прават напори тоа да го направи и Македонија. Ние веќе разговаравме со некои надлежни установи во Македонија за да ни помогнат да ги спуштиме визите и да допринасиме за туристичкиот сектор. Се надеваме...

Продолжи со читање

Борис Стојоски 76 пати ја дарувал својата скапоцена течност

Post Views: 238 Борис Стојоски 76 пати ја дарувал својата скапоцена течност. Тој сега има 59 години, а крв дарува веќе 38 години. Вели дека ќе биде крводарител се дури може и дури го служи здравјето, а на младите им препорачува да не се двоумат и да станат дел од семејството на крводарители бидејќи тоа е една многу хумана мисија. Нема што да се двоумат тоа е нешто најблагородно, со дарувањето крв спасуваме живот, а добро е и за самиот крводарител бидејќи се обновува крвта, вели Стојоски. Борис доби благодарница за континуираното дарување крв и помагање на оние на кои тоа им е...

Продолжи со читање

Живот во светот на тишината, но и во светот на уметноста

Post Views: 177 Живка Стојановска од Прилеп е жена, домаќинка, мајка и баба. Таа секојдневно ги прави сите оние вообичаени работи за една жена, но најмногу ужива кога готви и за своето семејство подготвува најразлични специјалитети било солени или благи. Нејзините раце се навистина вешти и од најобично тесто знае да направи вистинско уметничко дело. Живка својата способност за прв пат оваа година решила да ја покаже на манифестацијата „Жена домаќинка“ која е организирана од страна на националниот сојуз на глуви и наглуви лица на Р. Македонија. Со нејзината погача цвеќе ќе се натпреварува...

Продолжи со читање

Највредниот живопис во Македонија

Post Views: 163 Црквата Света Богородица Перивлепта ќе си го врати својот некогашен сјај. Од први јуни ќе се започне со конзервација на архитектурата и на нејзиниот фрескоживопис, а ќе се интервенира и на камбанаријата и на конакот. Инаку оваа црква е вредна и единствена по многу нешта. Тања Паскали Бунташеска, директорката на Завод и музеј вели дека живописот во Перивлепта можеби е еден од највредните во Македонија и пошироко и што поскоро треба да се конзервира бидејќи има големи оштетувања поради влагата која се јавила во црквата. Фрескоживописот не е третиран од 80-тите години...

Продолжи со читање

Хотелите ќе добијат електрошок

Post Views: 237 Апарати за електрошокови, односно дефибрилатори ќе мора да си набават сите фирми во кои што има повеќе од 100 вработени.  Тоа го предвидува новиот Закон за здавствена заштита кој треба да стапи во сила до први јуни годинава. Министерството за здравство деновиве достави известување до фирмите да се снабдат со потребниот медицински апарат, а доколку не го сторат тоа за работодавачите предвидени се казни. Ќе бидат организирани и обуки за 5 вработени од секоја компанија кои би требало да ракуваат со апаратите. Здравствен пункт со дефибрилатор мора да имаат државните органи,...

Продолжи со читање

Патот до срцето води преку желудникот

Post Views: 233 Што се ни се нуди на мениата во охридските ресторани? Каква е гастрономската понуда во градов? Освен во  четири до пет ресторани во ниту еден друг не можат да се најдат нашите традиционални јадења како охридски чомлек, гравче тавче, пиперки полнети или сарма. Угостителите велат дека странските гости многу малку се запознаени со нашата национална храна па ретко ја порачуваат. Тие објаснуваат дека економски им е неисплатливо секогаш на лагер да ги имаат овие јадења.За жал освен скара, плескавица, вешалица и пилешки стек  со прилог од некој замрзнат зеленчук во најголемиот...

Продолжи со читање