Автор: Јаковлева Лионела
Post Views: 9 Ќе се прави нов план за управување со сливот на Охридското езеро. Овај план е од суштинско значење за заштитата и управувањето на езерото, како и на реката Црн Дрим. Планот е билатерален и интегрален и ќе биде изработен согласно Европската рамковна директива за води и националните законодавства на двете земји кои го споделуваат Сливот на Охридското езеро. Ова ќе има и една поширока компонента. ЗА тоа впрочем се залага и премиерот Заев. ДА се стават на маса сите проблеми поврзани околу заштитата на Охридското езеро и неговиот слив и да се изнајдат најсоодветни...
Ден после дождот
Post Views: 7 Ден после дождот. Вчерашното невреме кое го зафати Охрид остави траги. Поројниот дожд исфрли на површина многу градски проблеми . Едни од засегнатите од поплавите кои се случија се и жителите на улицата Живко Чинго. Нивните домови буквално пливале во вода па со часови со кофи ја исцрпувале не знаејќи што друго да прават. Миланка Димоска вели дека целата куќа и се поплавила и додава дека ова не е прв пат. Таа објаснува дека при пообилни врнежи од дожд канализацијата пребликнува во нејзината куќа и се плива во вода и фекалии. Досега тропнала на сите врати, но помош од...
Пламени јазици му се закануваа на охридското кале
Post Views: 6 Охридското кале доведено во опасност. Околу 4часот утринава од западната страна на калето према местото викано Лабино избувна пожар. На овој дел од ридот има густа борова шума и сува ниска вегетација која е најпогодна за брзо ширење на пожарот. Спасе Прентоски, командирот на Територијалната противпожарна единица од Охрид вели дека за среќа пожарот навреме е пријавен и локализиран, па така калето, а и Охрид избегнаа една голема опасност која можеше многу скапо да не чини. Тој објаснува дека доколку дојде до палење на боровата шума многу тешко тој пожар може да...
Сакате плажа од 21 век или од 20-ти?
Post Views: 5 Предупредувањата се реализираа. Плажите кои останаа без стопан поради ригорозните услови за добивање концесија кои ги наметна Министерството за транспорт и врски, го нагрдуваат охридското крајбрежје. Една од нив е и некогашната плажа „Корали“ на која нема ниту траг од онаа на која само пред едно лето уживаа голем број гости. Само остатоците од шанкот и од тоалетите асоцираат на тоа дека тука имало некакви содржини. Од друга страна пак плажите кои се под концесија веќе наголемо ги пратат европските трендови. Тие се убаво уредени, просторот е осмислен, а хигиената е...
„Живко Чинго“ по 24-ти пат
Post Views: 7 Расказот „Богу Верен, в брани силен“ под шифрата „Огниште, па пак огниште“ ја доби наградата „Живко Чинго“ . Вака одлучи жири комисијата составена од претседателот Иван Џепаровски и членовите Славе Ѓорѓо Димоски и Венко Андоновски. Од 55-те пристигнати раскази во потесен избор влегоа 7. Во најтесниот круг пак влегоа расказите „Шмркачи“, “Ихтиз“ и „Богу верен, в брани силен“.Претседателот Иван Џепаровски рече дека наградениот расказ се одвојува од останатите според својата уметничка постапка, особено според својот јазик, како и според желбата на еден поинаков начин...
хридските ракометари утре ќе играат против скопски Металург
Post Views: 8 Охридските ракометари утре ќе се соочат со нов предизвик. Ќе играат против скопски Металург со што нашата ракометна екипа ги продолжува натпреварите во Супер лигата. Металург е екипа која е голем залак за нашите ракометари, но сепак тие се оптимисти дека ќе одиграат добар натпревар и ќе се покажат во најдобро светло.Не чека тежок натпревар бидејќи металург е добра екипа составена од доста репрезентативци кои добро тренираат имаат доста искуство во своите нозе имаат изиграно доста утакмици во СХ лига и лига на шампиони, но сепак очекувам добро да одиграме, а...
Децата се радуваат на новите катчиња за игра кои никнуваат низ градов
Post Views: 7 Никнува уште едно детско игралиште во градов. Тоа ќе биде лоцирано позади спортската сала на охридската Гимназија. Од Локалната велат дека и ова игралиште е едно од оние кои градоначалникот ги вети. Тоа се прави со општински пари, а реквизитите воопшто не се евтини, вели портпаролот на Локалната, Симон Илиески. Сумата зависи од просторот кој се уредува. Досега низ градов направени се 15 вакви игралишта.Ваквата акција е за поздравување велат граѓаните, но оние од стариот дел на градот реагираат. Тие сметаат дека нивните деца како да се подзаборавени бидејќи во овој...
Реформите во правото чекор поблиску до владееење на правото
Post Views: 5 По четврти пат во Охрид се одржува охридската школа на правото. Темата е Реформите во правото чекор поблиску до владееење на правото. Со децении наназад едно од клучните барања на ЕУ и комисијата се реформи во правото. Токму заради тоа во Охрид е собрана елитата од Југоисточна Европа бидејќи на конференцијата има учесници од повеќе од осум држави кои ќе говорат на теми од граѓанското право, кривичното, трговското, медицинското право. Целта на оваа конференција е да се подобри законската регулатива, а граѓаните да имаат подобри законски решенија со кои ќе бидат...