Автор: Јаковлева Лионела
Post Views: 6 Дел од охридските плажи ќе добијат нови концесионери, а дел ќе останат кај истите. За сите закупци на кои им завршија договорите во 2017та год. ќе има ново наддавање на кое можат да учествуваат и тие, но можат да се пријават и нови заинтересирани. Со плажата ќе стопанисува оној кој ќе понуди највисока цена на наддавањето. Сите оние на кои им се завршени договорите во 2017 год. се дел од оваа одлука и согласно законските прописи ќе бидат понудени на јавно наддавање. Со уредба на Влада од 2016та година е регулирана цената според која закупците на плажите и плаќаат...
Статутот на ЈП „Градски гробишта“ не претрпе измени на денешната седница на совет
Post Views: 5 Не се изгласа измената на статутот на ЈП „Градски гробишта“. На денешната седница оваа точка не доби мнозинство гласови бидејќи опозицијата гласаше воздржано, а од позицијата гласаа само 11 советници.Недостатокот на гласови беше поради отсуството од оправдани причини на двајца советници од позицијата. Оваа точка повторно ќе биде ставена на дневен ред и статутот ќе го донесеме на следната седница, вели Георгиески. Директорот на ЈП „Градски гробишта“, Ванчо Костоски рече дека доколку не се измени статутот на претпријатието тоа многу негативно ќе се одрази врз...
Општата болница во Охрид и ОУ „Св. Климент Охридски“ денес добија донации
Post Views: 9 Инвалидски колички, кревети, душеци, сталаци за инфузија и друга медицинска опрема доби денес Општата болница во Охрид. Тоа е дел од донацијата која и беше дадена на болницата од страна на Здружението за христијанска помош од Визмар, Германија кое има повеќегодишна соработка со градов. Директорката на болницата Славица Малеска рече дека опремата пред се е наменета за детското одделение, но некои помагала ќе бидат распределени и на останатите одделенија. Секоја донација е добредојдена посебно во овие тешки времиња за болницата. Соработката со здружението ќе...
Традиционален натпревар по прва помош
Post Views: 4 Несреќите се случуваат секојдневно и насекаде: во домот, на улица, на училиште, на работно место, на игралиште, во природа и каде ли уште не. Во таквите ситуации правилното укажување прва помош значи спасување човечки живот. Во рамките на своите активности во делот на првата помош Црвен крст- Охрид го организира традиционалниот, 47ми по ред, Општински натпревар. На натпреварот, стекнатите знаења и техники за укажување на прва помош ги покажаа повеќе од 250 ученици-натпреварувачи од сите основни и средни училишта од Охрид и Дебарца, организирани во екипи во...
Нападнат пловен објект во водите на Охридското езеро
Post Views: 8 Нападнат пловен објект во водите на Охридското езеро и лишување од слобода на опасни лица. Ова беше само дел од тактичко- показната вежба која денеска на пристаништето во Охрид припадниците на Единицата за специјални задачи, Езерската полиција и Хеликоптерската единица, во склоп на одбележувањето на 7 Мај- Денот на македонската полиција, и презентираа на јавноста дел од своите професионални можности, ефикасно справувајќи се со едно сложено вежбовно сценарио во водите на Охридското езеро. Во присуство на голем број граѓани припадниците на МВР изведоа тактичко-...
Охриѓани револтирани реагираат дека вчера повеќе од 24 часа останаа без вода
Post Views: 7 Охриѓани револтирани реагираат дека вчера повеќе од 24 часа останаа без вода. МЈП „Проаква“ поради чистење на водоводната мрежа и резервоарите и сервисирање на шиберни шахти и санација на индустриски броила, едно деноноќие го прекина водоснабдувањето на градот. За тоа уште пред една недела ги извести граѓаните, но во соопштението до јавноста беше наведено дека водата ќе биде пуштена до вчера до 19 часот, а вода граѓаните добија со задоцнување од пет и повеќе часа. Во текот на акцијата се соочивме со проблем на главниот доводен цевковод од 700милиметри кој доаѓа...
На Олимпијада само четворица македонци
Post Views: 10 На Олимпијадата во Лондон Македонија ќе биде преставена само со четворица спортисти и тоа двајца атлетичари и двајца пливачи. Ова е најмалата екипа од осамостојувањето на Македонија која се испраќа на Олимписки игри. На што се должи ова може да се анализира уште пред да започнат игрите во Лондон .Обично сите анализи се прават после завршувањето на ваквите натпреварувања, но ние во Македонија сме во ситуација тие да ги направиме и пред време. Сите треба да се запрашаме зошто спаднавме на ова дереџе, секоја федерација треба да се преиспита зошто имаат спортисти на...
Охридските либерали се враќаат на политичката сцена
Post Views: 7 Ќе се реактивира Општинската организација на ЛП. После речиси четиригодишна пауза охридските либерали се враќаат на политичката сцена. Поранешниот претседател Љупчо Нечковски вели дека тоа се прави на барање на некогашните членови и симпатизери кои ги има околу 300, но и на барање на централата која сега има ново раководство. Секако објаснува Нечковски ќе треба интензивна работа за да се направат сите формалности околу возобновувањето на партијата за таа да може да почне да функционира со полна пареа до локалните избори кои треба да се случат на пролет. Инаку...