Skip to main content

Автор: Јаковлева Лионела

Планинарски акции организирани на Фејcбук

Post Views: 241 Во последно време се почесто се организираат планинарски тури кои не ги исполнуваат критериумите ниту на туристички, ниту на спортски тури, вели Антонио Додевски, генерален секретар на македонската асоцијација на интернационални водичи на планина. Учесниците на овие тури многупати се без никакво претходно искуство во планинарството, ниту пак имаат некаква физичка подготовка, а и опремата која ја носат со себе најчесто не соодветствува со потребите на една ваква планинарска тура. Со тоа се зголемуваат ризиците и опасностите по безбедноста на членовите на групата...

Продолжи со читање

СОНК на средба со министерката за образование

Post Views: 247 Состојбите околу социјалниот дијалог и партнерство, состојбите околу зачестените отпуштања од работа на синдикалните функционери и отпуштања во дејностите на детска заштита,во основното и средното образование, се се полоши, обвинуваат од СОНК. Преставници од овој синдикат во текот на вчерашниот ден имале работна средба со Министерката за образование и наука, Рената Дескоска на која се дискутирало за голем број прашања во делот на претходно изнесените ставови. Социјалниот дијалог и партнерство во последно време е на најниско ниво, реформи во образованието се...

Продолжи со читање

Избори се ближат

Post Views: 252  Александар Петрески по трет пат кандидат за градоначалник. Тој вели дека најголема провокација за и по трет пат да ја трча градоначалничката трка се нападите од страна на неговите опоненти. Ова е негова амбиција и желба, но дали ќе се реализира останува граѓаните да решат. Петрески во овој речиси осумгодишен мандат најмногу беше критикуван поради тоа што не ги реализира проектите како изградба на современ градски пазар, изградба на марина, изградба на автобуска станица, затворен базен и тн. Тој објаснува дека тоа не е по негова вина туку дека за се е виновна...

Продолжи со читање

Средношколските екскурзии актуелни

Post Views: 358 Средношколците од Свети Климент Охридски во една учебна година дватпати на екскурзија. Оваа информацја малку ја збуни јавноста, па директорот Наум Рилкоски објаснува за што станува збор. Тој вели дека нема два пати да се оди на екскурзија затоа што есента таа била реализирана со учениците од трета година, а пролетва таа ќе се реализира со учениците од втора година. Ова било одлучено поради тоа што во трета година се мешаат паралелките и поради тоа што во втора година децата се подисциплинирани. Ова нема да биде исклучок туку од наредната учебна година ќе стане...

Продолжи со читање

Пoзитивен пример за општествена одговорност

Post Views: 241  Родителите од детската градинка „Лихнида“ со сопствени средства и со заеднички ангажман бетонираа две патеки во дворот на градинката. Нивната иницијатива потекнува од желбата децата кои своите претшколски денови ги поминуваат во овој објект да уживаат во мигвите поминти таму.Иван Цветкоски, претседател на советот на родители вели дека на ваков начин не само што ќе го разубават дворот туку ќе дадат и позитивен пример за своите деца.Воспитувачките не го криеја задоволството од ваквата иницијатива на родителите. Велика Паункоска, вели дека во дворот на истата не е...

Продолжи со читање

Во Охрид се одбележа Светскиот ден на ретки болести

Post Views: 254 Со марш низ улиците на Охрид на кој учествуваа ученици од основните и средните училишта во Охрид им се даде подршка на заболени од ретки болести и воедно се одбележа Денот на ретките болести кој секогаш е на крајот на февруари. Денот на ретките болести е меѓународна кампања за подигнување на свеста за ретките болести. Од почетокот на неговото одбележување во 2008 година, илјадници настани се организираат низ целиот свет и опфаќаат милиони луѓе. Кампањата започна како европски настан и со текот на времето стана вистински глобален феномен, со учество од 94 земји...

Продолжи со читање

Дојдов, видов, заминав

Post Views: 255 Елизабета Јанкуловска, долгоочекуваната директорка на  „Охридско лето“, дојде во просториите на фестивалот, се виде со персоналот, ги заврши формалните работи и си замина. Со овој гест ги избегна медиумите. Никој од новинарите не ја виде иако со нетрпение јавноста очекуваше да ја запознае личноста што ќе раководи со оваа за охриѓани важна културна манифестација. После домино ефектот кој му се случи на овој престижен фестивал кога од функцијата се откажаа претходниот директор Васко Василески и селекторите Горан Стојаноски и Маја Чанаќевиќ, добро ќе беше новата...

Продолжи со читање

Екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ 24 часа се на терен

Post Views: 244 Снегот не ги изненади екипите на ЈП “Охридски Комуналец„. Директорот Љупчо Грданоски вели дека екипите од ова претпријатие во изминативе два дена 24 часа се на терен и го чистат снегот кој наврна. Патиштата се посипени со околу 100 кубици песок и ризла. Освен што се чистени улиците во централното градско подрачје интервенирано е и во околните села, а снегот се чистел и од тротоарите. Отсечени места нема, но според категоријата на улиците најпрво реагиравме во стариот дел од градот и во населбата „Гоце Делчев“ бидејќи според местоположбата таму е и најкритично...

Продолжи со читање

Не знаеме, не можеме или не сакаме

Post Views: 238 71 милион денари повеќе од една година чекаат во Министерството за Транспорт и врски Општина Охрид да се сети и да ги подигне. Овие средства се грант кој го издвоила Владата за Охрид, за изградба на систем за водоснабдување и одведување на отпадни води. За подигање на овие пари Општина Охрид не мора да изготви проект туку треба само да донесе одлука на совет и да прецизира за што точно ќе бидат искористени. Што е многу важно истите се неповратни. Локалната исто така може да дојде и до пари преку претпристапна помош во вид на грантови од Европската унија. Општините...

Продолжи со читање

Охридското езеро го демнат нови опасности

Post Views: 260  Урбанизацијата на крајбрежниот дел, нерешениот проблем со колекторскиот систем кај Радожда, Трпејца и Љубаништа, немањето субјект кој стопанисува со езерото, проблемите со рибниот фонд се повеќе го загрозуваат Охридското езеро. Дејан Паноски од билатералниот секретарјат за Охридското езеро вели дека крајно време е да и се застане на патот на сериозната агресија што му се прави на езерото. Затоа денес претставници на институции од централно и локално ниво за заштита и управување со Охридското Езеро, како и претставници на невладиниот сектор од Охрид и Струга...

Продолжи со читање

Локалната самоуправа прави сообраќајна анализа

Post Views: 219 Локалната самоуправа прави сообраќајна анализа за решавање на проблемите во сообраќајот и за воведување смс систем на паркинзите во градов. Планирано е поставување рампи во стариот дел на градот на двата негови влеза со што ќе се регулира сообраќајот во летниот период. Овај пат Локланата ќе се потруди да понуди издржливо решение кое во најголем дел ќе одговори на она што значи предизвик за зголемениот сообраќај и зголемениот број возила во текот на летниот период. Во тек се анализи што нам како на локална ќе ни биде попрактично и финансиски поисплатливо, вели...

Продолжи со читање

Книгата се враќа кај читателите

Post Views: 266 Само во првите два месеци од оваа година во НУ  библиотека „Григор Прличев“ се запишани 200 нови членови. Директорката на оваа установа Гордана Змејкоска вели дека радува овој податок бидејќи библиотеката повторно си го добива своето вистинско значење како место на книгата каде се спојуваат минатото и сегашноста. Уште повеќе влева надеж тоа што младата читателска публика се враќа. Во последно време почнува да се враќа младата читателска публика. Во еден период имавме многу млада читателска публика, потоа еден период малку тоа замре, па се зголеми бројот на...

Продолжи со читање