Skip to main content

Автор: Јаковлева Лионела

2000 ден. в џеб и ќе јадете охридска пастрмка

Post Views: 10 Платете 2000 ден. и ќе јадете охридска пастрмка. Гостите кои доаѓаат во градов сакаат да го пробаат овој охридски специјалитет, ама скапо ги чини. Ако некои од нив и имаат подлабок џеб и можат да си дозволат едно вакво не така евтино гастрономско задоволство се во дилема дали навистина рибата што ја јадат е охридска пастрмка знаејќи дека има забрана за нејзино ловење. Рибарите објаснуваат дека во рестораните може да се најде охридска пастрмка, но само од рибниците во Македонија каде се одгледува. Радован Димитриески од риболовното друштво Св. Апостол Павле вели...

Продолжи со читање

На Олимпијада од Охрид

Post Views: 3 Спортскиот директор на Македонскиот Олимписки Комитет Владимир Богоевски ги посети олимпијците кои во Охрид се подготвуваат за престојниот настап на Олипмијадата во Лондон. Тој вели дека го избрале Охрид за подготовки бидејќи има најдобри услови и најдобра патека која ги задоволува олимписките стандарди. Богоевски верува дека атлетичарите Христијан Ефремов и Христина Ристеска ќе го обелат образот на Македонја во Лондон. Тие пак не сакаат многу. Доволно ќе им биде да го постигнат својот најдобар резултат. Нивниот тренер задоволен како течат подготовките, вели дека...

Продолжи со читање

Во Охрид два часа паркинг можат да ве чинат 1200ден

Post Views: 5 Охриѓанец доживеал непријатно искуство паркирајќи го своето возило пред План Б. Завчера околу 22 часот излегувајќи в град го  оставил својот автомобил на паркингот пред ова кафуле и бил сигурен дека овој простор е слободен бидејќи ништо не асоцирало дека на овој паркинг се наплаќа. Кога се вртил околу полноќ го дочекало непријатно изненадување. На задното лево тркало имало поставено блокада. Тој се распрашал што се случило па некои граѓани го упатиле да оди и да се информира во куќарката кај Мекдоналдс. Таму му рекле да оди и да плати на каса, каде пак му побарале...

Продолжи со читање

Ќе се врши реконструкција на улицата „7ми Ноември“

Post Views: 5 Ќе се врши реконструкција на улицата „7ми Ноември“. Локалната тоа го предвиде со годишната програма бидејќи според сондажите кои се направени од страна на Секторот за комунален развој сообраќај и патишта оваа сообраќајница која е една од поглавните артерии во градов навистина е во незавидна состојба. Коловозот е исрешетан со ударни дупки, тротоарите на добар дел од улицата се ископани или воопшто ги нема, велосипедските патеки кои се направени уште пред четириесетина години се издигнати над коловозот и никој не ги користи, а на делот пред маркетите кои се...

Продолжи со читање

“Соларни бродови и чамци по Македонските Езера”

Post Views: 6 Брод кој ќе плови на солана енергија. Ова засега е само идеја ставена на хартија, но многу брзо може да стане реалност. Горан Ангелковиќ кој долги годни се занимава со иноваторство и проектирање, а е голем вљубеник во бродовте дошол на идеа да создаде брод кој ќе работи на соларен електричен погон. Тој изработил проект во кој е објаснето како бродот би требало да изгледа . Бродот е многу едноставен, а сигурен и траен и многу евтин за одржување.  Со ваквите бродови и чамци бенфитот ќе е повеќекратен. Од една страна ќе имаме еколошка заштита на езерата во...

Продолжи со читање

Што ако ве фати зорт на Плаошник?

Post Views: 5 На локалитетот Плаошник нема чешма ниту јавен тоалет. Гостите кои во голем број секојдневно го посетуваат ова место за голтка вода треба да молат во околните куќи или во блиското кафуле, а недај боже ако имаат некаква друга физиолошка потреба ќе мора да се стрпат или да одат зад грмушки. Посетителите велат дека вакво нешто е незамисливо.Овој археолошки локалитет без исклучок е најпосетуваниот во Охрид. Ако се претпостави дека само во лето градов го посетуваат околу 25 000 туристи на Плаошник одат околу 20 000 од нив. Да не зборуваме за тоа пак дека овај локалитет е...

Продолжи со читање

Каде на одмор?

Post Views: 5 Долго топло лето. Ама ова годинешново уште потопло. Секој бара начин како барем и на кратко да побегне од горештините, гужвите и обврските, со еден збор да оди на годишен одмор. Ги запрашавме познатите охридски фаци каде ќе летуваат. Започнавме со нашите парламентарци од ВМРО ДПМНЕ.Пратеникот Александар Николовски вели дека сеуште не одлучил каде на одмор, но по се изгледа оваа година поради обврските тој ќе биде краток.Харалампие Шокароски, неговиот колега вели дека уште е рано за правење некакви подготовки за одмор. Тој додава дека го чека уште многу работа, а за...

Продолжи со читање

Летниот сообраќаен режим, нова атракција во Охрид

Post Views: 6 Горе , долу, лево, десно. Ова не е рефрен од песна туку компарација за охридскиот сообраќаен режим. Откако новото сообраќајно решение од први јули стапи на сила, а со него најголемиот дел од улиците станаа еднонасчни, граѓаните на Охрид збунето кружат по градов незнаејќи кој правец да го фатат. За гостите пак движењето по охридските улици е нова туристичка атракција.–Вртам кругови додека стигнам до дома, вели еден охриѓанец-Не знам што е ова, ние сме туристи и не знаеме како да стигнеме до апартманот, вели една битолчанка-За да стигнам до дома влегувам во една...

Продолжи со читање