Автор: Јаковлева Лионела
Post Views: 194 Извештајот на Владата на РМ во кој му го објаснува на УНЕСКО напредокот во имплементацијата на препораките од Реактивната мониторинг мисија на организацијата за заштита на природното и културното светско наследство, пред очите на јавноста. Македонската влада во овој извештај на 22 страници кој содржи 3 анекси, објаснува дека презела соодветни мерки и активности со кои е отстранета опасноста Охридскиот регион да го загуби статусот на светско културно наследство на УНЕСКО. Владата се откажува од проектот за изградба на ски центар на Галичица, се стопира и проектот...
Од Здружението „Совест“ предлагаат да се спроведе референдум
Post Views: 167 Али пашината џамија во Охрид предизвика жолчна дебата која се водеше синоќа на МАКФАКС. Михаил Трендафилов-Нанче, претседателот на здружението „Совест“ ги кршеше копјата со неговиот соговорник Валентино Димитровски од Управата за заштита на културното наследство. Трендафилов ги бранеше ставовите на граѓаните во здружението дека на Али-пашината џамија се работи без одобрение за градба со тешка градежна механизација што го уништува просторот наоколу каде што претходно имало црква. Од здружението стравуваат дека Охрид ќе ја изгуби автентичноста и обвинуваат дека институциите...
„Проаква“ си ја сака и канализацијата
Post Views: 198 Дали одржувањето на канализациониот систем од „Нискоградба“ повторно се враќа во „Проаква“? Ова е идеја на Директорот на МЈП „Проаква“, Златко Старкоски со цел двата системи водоводниот и канализациониот повторно да бидат под една капа. Старкоски објаснува дека со тоа Нискоградба ништо не губи и не се намалува нејзиниот буџет. Тој вели дека Проаква и сега врши фактуртирање на канализацијата и отпадните води, само во овој случај би се изменило само водењето на основните средства на канализациониот системРаководителот на РЕ „Водовод канализација и колектор Струга“, Ваит...
Охрид конечно ќе добие современа библиотека
Post Views: 182 НУ библиотека „Григор Прличев“ до налето ќе се пресели во новите простории. Со тоа ќе се реализира одлуката на Владата на РМ донесена уште во 2013та а со која просториите каде беше сместена НУ Фестивал„Охридско лето“ и беа доделени на библиотеката на трајно користење без надомест. Постапката која започна пред пет години се оддолжи поради немањето доволно срества за дозавршување на работите. Во првата фаза од овој проект беа направени погрубите градежни работи како малтерај, поставување изолација, менување на подот, а во втората фаза се уредуваше внатрешниот дел....
Новите директори се навистина нови
Post Views: 203 Весна Терзиоска, педагог во основните училишта во Велгошти и Лескоец, по се изгледа ќе биде новиот директор во Основното училиште „Христо Узунов“. Таа е една од двете кандидатки кои имаат конкурирано за ова престижно место. Втората кандидатка е Дијана Јулоска, педагог во Основното училиште во Белчишта, Општина Дебрца. Иако на големо се зборуваше дека поранешните директори на основните училишта „Христо Узунов“ и „Григор Прличев“ дадоа оставки на само два месеци од истекувањето на нивниот втор мандат со цел истите повторно да бидат поставени на челната позиција на...
Семејствата на лица со попреченост на локално ниво се соочуваат со голем број проблеми
Post Views: 180 Семејствата на лица со попреченост на локално ниво се соочуваат со недоволни социјални, здравствени и образовни услуги. Ова го покажува извештајот „Од закон до реалност“ на Здружението за поддршка на деца и млади со различности „Сината Птица – Скопје“, по истражувањето спроведено во три општини низ Македонија – Охрид, Боговиње и Берово. Целта на проектот е јакнење на капацитетите на семејствата кои имаат деца со попреченост. Истражувањето е направено преку фокус групи, каде низ директните сведоштва на родителите се пренесени условите и проблемите со кои се соочуваат...
„Нискоградба“ остана со кратки ракави
Post Views: 225 Одржувањето на дел од водоснабдителниот систем Од ЈП „Нискоградба Охрид“ преминува во МЈП „Проаква“. Официјално ова треба да биде потврдено е на Седницата на Општина Охрид која ќе се одржи во четврток. Ова се јавило како потреба по направените сондажи во двете претпријатија. Раководителот на РЕ „Водовод, канализација и колектор, Струга“, Ваит Ајро вели дека се докажало дека пред две години се направила голема грешка кога се одлучило со дел од водоснабдителниот систем во Охрид да стопанисува „Нискоградаба“.„Јас лично бев против да се превземат одредени услуги од МЈП...
Дали ТП единица да се премести во простории од некогашната касарна
Post Views: 183 ТП единица да се премести во простории од некогашната касарна. Ова неодамна го најави градоначалникот Јован Стојаноски кој рече дека после целосно ставање во функција на просторот на поранешната касарна „Михајло Апостолски“ кој ќе и припадне на локалната, противпожарната и уште неколку институции од градов планирано е да се дислоцираат таму. Но Стојаноски додаде дека претходно ќе се разговара со надлежните дали за нив е прифатливо ваквото решение и дали им одговара ваквата промена на локациајта. Од ТП единица велат дека оваа идеја е стара и датира уште од пред пет...
Патот на плашицата
Post Views: 322 10 февруари. Телефонски повик до редакцијата на ТВМ. Се јави познат екологист од Охрид. Новинари брзајте, земете камера и доаѓајте во каналот „Студенчишта“. Се случи природен феномен. Јата на плашици се собрани во каналот. 11 февруари, нов момент. Не е феномен туку еколошка катастрофа. Помор на плашицата. Тогаш претседателот на Спортското риболовно друштво Св. „Апостол Петар“, Радован Димитриески рече дека „Каналот Билјанини извори, наместо туристичка атракција стана мистерија“. На терен излегоа и сите надлежни институции. Меѓу нив беше и државниот инспектор за земјоделство...
ОК на ВМРО ДПМНЕ обвинува дека СДСМ продолжува со партиски вработувања
Post Views: 185 Охридската ВМРО ДПМНЕ денес со нови обвинувања упатени кон СДСМ. Велат дека партијата на власт продолжува со партиски вработувања и политички реваншизам и како што Дамјан Манчевски јавно признал СДСМ ги прекинала привремените договори на вработените во јавниот сектор, и распишала нови огласи за привремено вработување. Неспособната антиреформаторска СДСМ продолжува со чистките и бруталната партизација во Охрид преку вработување на нивни партиски војници. СДСМ продолжува со својата политичка одмазда и во континуитет брка луѓе од работа, како што всушност и одамна...
Мерко: За два месеци ќе се реши проблемот со дивата депонија во Струга
Post Views: 183 Новата локална власт во Струга за брзо време ќе го реши најгорливиот проблем на оваа општина. Дивата депонија која минатово лето беше потпалувана, а чадот ги труеше стружани па и гостите кои решиле во овој туристички центар да го поминат својот одмор, до на лето ќе биде исчистена, а просторот ќе биде среден. Ова е приоритет на новиот градоначалник Рамиз Мерко. За два месеци ќе има решение на овој проблем. Од буџетот на општината се предвидени 200 000 евра за подигнување на сметот од депонијата и транспортирање во единствената легална депонија во државава, Дрисла....
Прашања кои заслужуваат одговор
Post Views: 168 Каде се 50те милиони евра, пари на граѓаните кои Локалната ги потроши за овие седум години, а за возврат не направи ништо? Како се создадени нови долгови од околу 15 милиони евра кога Градоначалникот Александар Петрески рече дека пред три години сите заостанати долгови Локалната ги исплатила? Зошто од страна на Општината се бојкотираат проектите како изградба на здравствен дом, изградба на покриен базен, реновирање на спортската сала во Велгошти и изградба на нови игралишта. Ова се прашања кои Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ ги упатува до Градоначалникот на Охрид....