Автор: Јаковлева Лионела
Post Views: 5 Градоначалникот Александар Петрески по трет пат од пред Охридската Капетанија упати апел до централната власт, да не ги игнорира потребите на Охрид и охриѓани и да не ја загрозува туристичката сезона. Петрески се повика на вчерашниот трагичен настан во Струга, во кој загина едно лице возејќи се на скутер потенцирајќи дека ова е уште едно предупредување за тоа што може да се случи кога власта зазема несериозен однос кон едно толку важно прашање, какво што е безбедноста на Охридското езеро.Со недели предупредувавме дека во Охрид владее хаос со пловните објекти. ...
Секој може ама не руши
Post Views: 8 Сопствениците на дивоградбите и нелегално изградените поткровја во стариот дел на градот уште некое време можат да бидат мирни. Иако уште пред две години наголемо се најавуваше нивно рушење од страна на Општинскиот инспекторат, тоа до ден денес не се случи. Додека локалната не се нафаќаше да руши поради немање пари, се случи Законот за Охрид. Со стапувањето на сила на овој закон од пред една година рацете на локалците им се врзаа затоа што ингеренциите околу рушење во овој дел на градот од Општинскиот преминаа кај Државниот испекторат при Министерството за...
Убаво за око, но штетно за здравје
Post Views: 4 Пеколните горештини им пречат на сите, но не и на бактериите. Високите температури создаваат идеални услови за развивање и размножување на салмонели, стафилококни ентеро бактерии, ешерихија и др. кои што можат да предизвикаат труење со храна. Секоја храна природно содржи одреден број на бактерии. Но лошото манпулирање со храната, неправилното готвење или неадекватното складирање резултира со размножување на бактериите во доволно голем број за да предизвикаат болест. Во Охрид летово не е ретка појавата да се продава храна на отворено. Пица на парче, крофни,...
Ваулт, нова урбана приказна во градов
Post Views: 8 Ваулт, нова урбана приказна во градов. Денес се отвори угостителски објект на улицата „Македонски просветители“ кој нуди концепт на кафе бар каде ќе се служат најквалитетни кафиња од брендот Илли. Професионални баристи со додавање на сирупи и со користење на други методи ќе понудат широка палета на кафе и пијалоци од кафе. Гостите ќе можат да пробаат повеќе од 20 видови. Тоа ќе биде вистинско уживање за сите љубители на овој напиток. Јас лично го препорачувам најквалитетното еспресо, но имаме и капучино со крем од ванила и други кафиња кои ќе ги освојат...
Прв Меморијален атлетски митинг во чест на проф. Влатко Димитров
Post Views: 8 Прв Меморијален атлетски митинг во чест на проф. Влатко Димитров, познат тренер и селектор на репрезентација на Македонија кој почина пред две години. Денес на СРЦ „Билјанини извори“ се одржа овој спортски хепениниг. На митингот учествуваа над 120 атлетичари од земјава, како и од соседните земји, Србија, Бугарија, Албанија и Косово. Овој спортски настан го отвори градоначалникот на Општина Охрид, Јован Стојаноски кој кажа дека општината е секогаш подготвена да поддржи се што е во интерес на градот и развојот на туризмот. Ние ќе го поддржиме овој атлетски...
Посебна миризба ги заплиснува грѓаните на Охрид
Post Views: 4 Граѓаните се жалат на неподнослива реа која доаѓа од шахтите. Оваа појава посебно е застапена во централното градско подрачје. На овие афрички горештини распаѓањето на фекалиите е побрзо па затоа и миризбата е поинтензивна, објаснуваат од ЈП Нискоградба. Од таму знаат за овој проблем, но немаат што многу да направат. Илче Каневчев, раководителот на административниот сектор во Нискоградба вели дека за да не доаѓа до овој проблем треба да се смени целосно цевководот и да се заменат шахтите, а тоа може да се направи само со целосно нов проект.Најголем проблем...
Земјоделците се обучуват и се информираат како да извлечат пари од европските фондови
Post Views: 5 Земјоделците многу малку искористиле пари од европските фондови. Само 3% од нив настапиле при аплицирањето за Програмата за рурален развој како здружение, а сите останати аплицирале како поединци. Овој минимален процент најверојатно се должи на фактот што од 800 испитаници од сите 8 плански региони дури 714 истакнале дека не добиваат навремено информации за програмата и можностите кои што ги нуди, особено доколку се жители на поодалечените рурални средини. Таква е состојбата и во Југозападниот регион каде припаѓаат и општините Охрид и Струга. Се едни од регионите...
Лицата со попреченост поблиску до остварувањето на своето право на глас
Post Views: 8 Лицата со попреченост поблиску до остварувањето на своето право на глас. Многупати досега поради нивниот хендикеп некои од нив не гласаа, а со тоа остануваа надвор од општествените текови. Затоа Здружението за промоција и развој на инклузивно општество Инклузива во соработка со Државна Изборна Комисија, во рамките на Проектот Зголемување на учеството на лицата со попреченост во изборниот процес, одржува регионални работилници на кои ги обучува членовите на ДИК како да им помогнат на лицата со попреченост при нивното гласање, а воедно да не бидат дискриминирани. ...