Автор: Јаковлева Лионела
Post Views: 182 Ова е резултат на посетувањето на едногодишната ипа програма за меѓугранична соработка меѓу Р.Македонија и Р. Албанија,а финансирана и подржана од Европската унија. Елизабета Петанова, координаторот на проектот вели дека очекуваат дел од кандидатите кои ги посетувале обуките да се пријават на програмата за самовработување и да добијат грант од 3000 евра неповратни средства за започнување сопствен бизнис. За полесно остварување на целта, а тоа е започнување со сопствен бизнис креиран е меѓуграничен советодавен комитет. Тој се состои од три членови од Македонија и три...
Денес се е во знакот на црвената боја
Post Views: 192 Денес се слават Св.Трифун и Св.Валентин и се е во знакот на црвената боја. Со црвено вино и црвени срцa се одбележуваат овие два празници од кои едниот е православен, а другиот католички. Некои граѓани го слават едниот, некои другиот, некои наоѓаат време и за двата празника, а некои воопшто не слават. Свети Трифун е светецот кој во православието е познат по своите добри дела, скромност и верба во Христа. Тој е познат по чудата што ги правел. Една од приказните вели дека свети Трифун ја спасил царевата ќерка која била болна. Свети Трифун е и заштитник на лозјето...
Туристичките агенции од Охрид лути на Локалната
Post Views: 223 Туристичките агенции од Охрид лути на Локалната. Поголемиот дел од нивните сопственици тврдат дека таа има селективен однос и дека за некои е мајка а за други маќеа. Ваквата реакција е резултат на тоа што за учество на саемот во Белград кој се одржа неодамна од Секторот за локален економски развој не добиле никаква покана. Од десеттината локални агенции кои работат во Охрид, официјално била поканета само една. Филип Стефаноски, регионалниот директор на Т.А. „Летс травел“ вели дека покана од официјални лица кои работат во туристичката бранша и од Локалната самоуправа...
Охриѓанка изгоре во пожар
Post Views: 178 Седумдесет годишна охриѓанка изгоре во пожар. Пожарот избувнал во стан во зграда на булеварот „Туристичка“, рано утрово каде жената која била неподвижна живеела сама. Пожарот го пријавиле соседите. Дојдов јас утрово на работа, јас тука работам, видов чад, соседката повика помош и излеговме сите. Сакавме да ја спасиме жената, но не успеавме. Викнавме брза помош и пожарна, дојде и полиција, но не успеаја да ја спасат жената. Жал ми е многу. На брзина се се случи, вели соседка која била очевидец на настанот. Противпожарната служба пристигнала во 7часот и 15 минути,...
Ново адреналинско доживување во Охрид
Post Views: 220 Ново адреналинско доживување во Охрид. Викендов успешно беше реализирана зимската OffRoad тура од Кичево до Охрид. Седумдесетина џипови од цела Македонија и двесте учесници беа дел од овој настан во организација на OffRoad клубот од Охрид. Турата била доста тешка поради временските услови кои постојано се менувале. Учесниците се бореле со кал, снег и мраз, но никој не се откажал од ова авантуристичко патување и сите пристигнале на целта. Најтешко било на планинските врвови, каде снежната покривка достигнувала и до еден метар висина, велат учесниците кои ги споделија...
Ќе се става ред во каналот Студенчишта
Post Views: 201 Ќе се уредува каналот Студенчишта, а се поизвесна станува и изградбата на марина. Градоначалникот Јован Стојаноски вели дека овој капитален проект мора да се реализира, но најпрво треба да се заштити Студенчишкото блато бидејќи неговото значење за Охридското езеро е огромно. Веќе е договорено да се направи ревизија на Студијата за Студенчишкото блато, разговорите со Министерството за транспорт и врски и со Министерството за одбрана се во завршна фаза и ако студијата за блатото покаже дека може да се гради марина на тој потег тоа и ќе се направи, вели Стојаноски....
ОУ „Григор Прличев“ го одбележа патрониот празник
Post Views: 210 Со пригодна свеченост во НУ Центар за култура „Григор Прличев“, синоќа, основното училиште што го носи името на великанот, го одбележа патрониот празник. Учениците и нивните професори несебично се потрудија да направат една богата културно уметничка програма која го задржа вниманието на присутните кои ги имаше во навистина голем број. Би сакала да им се заблагодарам на нашите ученици на нашите наставници за целокупната подршка која ни ја даваат за да го постигниме она што сме го зацритале. За патрониов празник имавме голема раздвиженост, имавме многу пофалени многу...
Прличева визита
Post Views: 246 Охриѓани го чествуваат делото и името на вториот Хомер, Григор Прличев. Денес во неговата родна куќа се одржа познатата прличева визита. Градоначалникот Јован Стојаноски во обраќањето пред присутните меѓу кои имаше и потомци на Прличеви рече дека Григор Прличев е вонвременски охриѓанец, гордост на градот. Дека тој бил и ќе остане човек кој кај охриѓани ја будел надежта и уверувањето за важноста на образованието, богатството на духовната историја и придонеаол за национално будење. Стојаноски кажа дека културното шестдецениското институционално чествување на македонскиот...
УНЕСКО треба да даде мислење дали она што се прави на Али пашината џамија
Post Views: 173 Министерството за култура ќе бара проценка и мислење од УНЕСКО дали она што се прави на Али пашината џамија во Охрид е во согласност со светските практики. Од министерството ќе уптата прашање до УНЕСКО дали организацијата за заштита на светското наследство оправдува реконструкција на објект во неговите оригинални димензии. Она на што во следниот период ќе инсистираме е да не се создаде ситуација да тоа минаре се изгради, а без да побараме претходно мислење од УНЕСКО, а потоа и политички договор, вели Роберт Алаѓозоски- министер за култура . Неодамна Министерството...
Охридскиот регион претрпе големи штети од обилните врнежи
Post Views: 165 Десеттина граѓани денес ги пријавиле штетите од вчерашните поплави. Уште вчера во утринските часови од повеќе населени места во градов и околината имало голем број јавувања од граѓани кои претрпеле штети од обилните врнежи кои го зафатија регионов во изминатите денови. Се јавиле од Опеница, Косел, Долно, Горно Лакочереј, Орман улица Железничка, Дејан Војвода. Од првичните проценки оштетувања ќе има на 445 00 метри квадратни или околу 40 до 50 хектари. Најкритично е во село Орман каде се поплавени стамбени објекти и многу земјоделски површини со раноградинарски култури. Ако...
Расте бројот на заболени од Алцхајмерова деменција
Post Views: 313 Се поголем е бројот на лица кои имаат алцхајмерова болест или деменција. Причини за тоа има повеќе, а најчесто е стресниот живот и емоционалните проблеми на граѓаните како и нездравиот начин на живеење. Д-р Драган Илиевски, претседателот на Здружението за Алцхајмерова болест вели дека таа е една од најстрашните болести која се уште не е доволно проучена и за која современата медицина нема пронајдено конкретен лек. Поради тоа денес во Струга и Охрид се одржа бесплатно предавање „Превенција и рана дијагностика на Алцхајмеровата болест-деменција“. Најважна е превенцијата....
На паркинзите во Охрид конечно ќе се воведе смс систем на наплата
Post Views: 198 Летово на паркинзите со кои стопанисува ЈП „Билјанини извори“ ќе се воведе системот за наплата преку смс пораки. Овој начин на плаќање беше најавен уште пред неколку години, но тогашната локална власт не успеа да го имплементира. Со овој систем во голема мера ќе се зголеми процентот на наплата, вели директорката Гордана Јованоска. Ќе имаме посовремен начин на наплата што му доликува на град како што е Охрид. Овој систем требаше да биде и досега воведен, но никогаш не е доцна. Ние веќе работиме на таа проблематика. Локалната изготвува и студија за спроведување на...