Skip to main content

Автор: Јаковлева Лионела

Непотизмот во редовите на СДСМ и во раководењето со Локалната самоуправа

Post Views: 6   Од Општинскиот комитет на ВМРО Охрид на денешната пресс конференција уште еднаш потсетија на непотизмот во редовите на СДСМ  и во раководењето со Локалната самоуправа. Тие посочија и неколку примери започнувајќи со братот на Градоначалникот. Никола Митровиќ, портпарол на ОК на ВМРО ДПМНЕ рече: Градоначалникот на Охрид Александар Петрески прво го вработи во Општината својот брат Здравко Петрески а потоа сакаше да го постави и за Претседател на комисијата за јавни набавки која што требаше да спроведе постапка за улично осветлување во градот Охрид. Оваа постапка за...

Продолжи со читање

Бродовите подготвени за туристичката сезона

Post Views: 6 Охридската бела флота подготвена за крстарење по езерото. Трите бродови Кристина, Александрија и Галеб ги имаат сите потребни документи за пловење по езерските води. СЕ очекува деновиве лиценца да добие и новиот брод Александрија 2 кој има капацитет за 150 патници. Драган Наумовски, заповедмик на бродот Александрија вели дека најбарана релација е Охрид Св наум . Од почетокот на овој месец има редовна линија за овој наш познат локалитет. Билетот по се изгледа ќе чини исто како и ланското лето, а тоа е 10 евра по патник. Поаѓањето е во 10 часот а враќањето во 17 или...

Продолжи со читање

Ова лето „Сите во Охрид“

Post Views: 7 Охрид и ова лето ќе е центарот на културните збиднувања. Авалон продукција на „Охрид колинг 2018“ носи светски имиња во нашиот град. На Илинден настапува една од најактуелните светски хаус ѕвезди во моментов, новиот хитмејкер Џек Џонс. На 1ви Август настапувааат Димитри Вегас и Лајк Мајк, а Армин ван Бурен доаѓа на 4ти Август. Важно ми е што во Охрид конечно има луѓе со кои се разбираме и со кои имаме иста цел а тоа е Охрид да биде нешто повеќе за Македонија и пред се културните настани и музичките настани да бидат на едно светско ниво за кои некои други...

Продолжи со читање

Клуч на врата на канцеларијата на Агенцијата за подршка и промоција на туризмот во Струга

Post Views: 6 Вработените во Агенцијата за подршка и промоција на туризмот кои работат во Струга, на улица. Тие не ќе можат веќе да го користат канцеларискиот простор во кој беа сместени досега. Тие од в понеделник не знаат каде ќе ги извршуваат своите работни задачи.Спратот од зградата на Кеј 8ми Ноември, каде се наоѓа канцеларијата на Агенцијата вчера беше  продаден на јавно наддавање преку извршител за подмирување на долг на општина Струга кон проектанска фирма.  Во оваа канцеларија функционираше Комисијата за доделување на субвенции во туризмот која е составена од три члена и...

Продолжи со читање

Локалната им должи на советниците

Post Views: 3 Локалната на советниците им должи 74 000 ден. Тоа се пари за неисплатени паушали за минатите шест месеци. Висина на паушалот е 70 проценти од просечната месечна нето плата во државава и зависи од големината на општината. Еден паушал на охридските избраници изнесува 14 000ден.  Советниците за својата работа последен пат пари зеле во декември минатата година.  Душко Јаковчески, претседателот на советот вели дека Градоначалникот им ветил дека во текот на летово парите ќе бидат исплатени.Советниците, а особено оние од ВМРО ДПМНЕ бараат што поскоро да им се подмири...

Продолжи со читање

Охриѓани летово нема да останат жедни

Post Views: 4 Летово вода за пиење ќе има. Од „Проаква“ велат дека во Охрид нема да има никакви рестрикции и дека водоснабдителниот систем располага со доволна количина  вода која е исправна за пиење. Нашиов град со вода се снабдува од 6 локалитети од каде се собираат од 370 до 400 литри во секунда што е дури повеќе од потребното. Златко Старкоски, директорот на МЈП „Проаква“ вели дека поради тоа граѓаните многупати недомакински се однесуваат со водата и трошат многу повеќе од потребното. Има и такви кои  нелегално се приклучуваат на водоснабдителниот систем.  Старкоски објаснува...

Продолжи со читање

Каде ќе се поставува урбана опрема

Post Views: 4 Во тек e огласот за прибирање понуди за издавање на времено користење на површини за поставување урбана опрема. Секоја година општина Охрид издава површини за поставување на урбана опрема за комерцијално користење и тоа за продажба на сладолед на 12 локации, книги на 4 локации, на 8 локации продажба на сувенири, како и продажба на уметнички слики на 8 локации, а храна ќе се продава на 10 локации. Годинешната програма има измени од минатите години, а највпечатливо е тоа што значително е намален бројот на одобрените локации за поставување урбана опрема особено оние...

Продолжи со читање

Без договор нема поставување урбана опрема, тврдат од Локалната

Post Views: 8 Локалната склучи 26 договори за поставување урбана опрема. Според програмата за поставување урбана опрема за ова лето што ја донесе Советот на Општина Охрид предвидено е да се постават 17 фрижидери за сладолед. Досега се издадени дозволи само са 7, а остануваат уште десет. За продажба на книги предвидени се 8 дозволи, а досега се издадени 6. Остануваат уште две. За локација за продажба на уметнички слики издадени се десет дозволи, односно сите што беа предвидени. За продажба на сувенири предвидени беа 14 дозволи, издадени се 13, а останува уште една. Ова се...

Продолжи со читање