Автор: Јаковлева Лионела
Post Views: 272 50 % попуст, 70% попуст, 30 % попуст. Речиси и да нема излог на кој не стои дека производите кои се продаваат се на попуст. Но, дали тоа навистина е така или е само маркетиншки трик со кој продавачите ги намамуваа купувачите да влезат во продавниците и да купат нешто мислејќи дека направиле добра финансиска зделка и заштедиле купувајќи на попуст. Многу често попустите не се реални и не се толкави колку што е назначено на излогот или пак на етикетата. Затоа купувачи, бидете внимателни и не наседнувајте на ваквите предизвици, посебно сега после празниците кога речиси...
Петар Рупески годинашниот фаќач на Чесниот крст, денес уште еднаш се нурна во ладните води на Охридското езеро
Post Views: 237 Петар Рупески кој вчера беше најсреќниот меѓу неколку стотините верници кои скокаа по Чесниот крст, денес уште еднаш се нурна во ладните води на Охридското езеро, одбележувајќи го со тоа Денот на рибарите. Тоа е традиција која се негува со децении наназад и која воопшто не била прекината, дури и во онај период кога фрлањето на крстот било забрането. Досетливите охриѓани водите ги осветувале на денешниот ден под изговор дека тоа го прават бидејќи завршува забраната за риболов. Рупески е пресреќен што е еден од продолжувачите на оваа прекрасна традиција и иако светиот...
Се одбележа Денот на рибарите
Post Views: 279 Денеска на Соборот на Свети Јовен Крстител, со капењето на рибарите во Езерото продолжуваат Богојавленските чествувања во градов. На тој начин се одбележува завршувањето на забраната за риболов на Охридското Езеро после зимскиот мрест. Многу граѓани од Охрид, но и од други градови на Македонија и пошироко дојдоа да бидат дел од оваа црковно-народна манифестација. И оваа година празникот покрај со капење во водите на езерото се одбележа и со приготвувањето и служење рибна чорба. Во казанот поставен на Градскиот плоштад професорите и учениците на ОУТУ „Ванчо Питошески“...
Христос се роди. Вистина се роди
Post Views: 283 Христос се роди. Вистина се роди. Од денес православните христијани ќе се поздравуваат со овај поздрав, славејќи го со тоа раѓањето на Исус Христос, Божик. Светите храмови во градов беа преполни со верници уште од раните утрински часови. Главната свечена литургија се одржа во црквата Св. Ѓорѓи каде чиноначалствуваше митрополитот Дебарско-кичевски Тимотеј. Дворот на црквата беше претесен да ги собере сите верници кои дошле да се помолат за здравје, среќа и благосостојба. Меѓу верниците во црквата Св. Ѓорѓи беше и претседателот на РМ Стево Пендароски кој заедно со...
Откриени остатоците на античкиот град Дебрец
Post Views: 342 Откриени остатоците на античкиот град Дебрец. Тоа е град по чија местоположба истражуваа и трагаа македонските историчари и археолози повеќе од половина век. Минатата година Филозофскиот факултет од Скопје спроведе истражување на десет најзначајни археолошки локалитети во Дебрца, а годинава продолжија истражувањата во оваа општина на најзначајниот археолошки локалитет Требенишкото Кале. Денес се одржа промоција на резултатите и сознанијата од Проектот „Требенишко Кале, село Требеништа, истражување 2019“. Сето ова што го правиме е во рамките на нашата заложба Дебрца...
„Армада“,нов брод во Охридското Езеро
Post Views: 297 Охридското Езеро ќе го крстари уште еден брод. „Армада“ е брод кој е увезен од Унгарија кој годинава е целосно реновиран по најновите европски регулативи за безбедност на патниците во внатрешна пловидба. Идеата на сопствениците да набават брод им тлеела одамна, но сега се создале услови за тоа. На него се инсталирани два нови мотори кои ги исполнуваат последните еко регулативи. Бродот „Армада“ ќе плови во текот на целата година. Покрај редовните крстарења до Св.Наум, ќе нуди и кратки дневни и ноќни крстарења, а ќе биде достапен и за сите кои сакаат да организираат...
Свечено отворен затворениот градски пазар
Post Views: 230 Охрид доби современ затворен зелен пазар. Денес во присуство на премиерот на Република Северна Македонија, Зоран Заев, пратеници, градоначалникот на Охрид и Струга и други личности од јавниот живот, беше официјално отворен овој капитален објект. Ми преставува посебно задоволство и чуствувам голема радост што денес сме во Охрид да го отвориме зелениот пазар кој одговара на потребите на пазарџиите со капацитет од 190 нови тезги направени по современи ХАСАП стандарди, рече Зоран Заев-премиер на Р.С Македонија. Пазарот е на површина од 6 779 метри квадратни, на три...
Во Охрид нема регистрирани лица заразени од жолтица
Post Views: 236 Во Охрид нема регистрирани лица заразени од жолтица. Веќе 15 год. наназад ова заразно заболуцвање не е појавено во општинава. Но, откако во Скопје во изминативе три месеци од жолтица се заразило шеесет и едно лице, вработените од охридскиот Центарот за јавно здравје ги зголемија мерките на претпазливост. Од таму велат дека жолтицата не е високозаразна болест но мора редовно да се применуваат правилата за лична хигиена бидејќи таа е наречена уште и болест на нечисти раце. Посебно внимание треба да се одбрне во одржувањето на хигиената во градинките и училиштата бидејќи...
Поради административни пречки доцни изградбата на новата болница во Струга
Post Views: 221 Доцнат работите околу изградбата на новата болница во Струга. Министерот за здравство Венко Филипче уште пред една година најави дека болницата ќе се гради на државно земјиште, од десната страна на магистралниот пат Струга – Ќафасан. Но, засега нема никакви градежни работи на терен.Тоа што административно ни ја успори постапката беше што имаше мораториум за градба. Со оглед на тоа што локацијата беше надвор од централното градско подрачје на патот за Ќафасан, во интензивна соработка со градоначалникот Мерко се направи административно изземање од тој мораториум за...
„Дедо и внук“ ја освојува македонската публика
Post Views: 359 Првиот долгометражен филм „Дедо и внук“ на охридскиот режисер Илија Пиперкоски ја освојува македонската публика. Пиперкоски, кој го напиша и сценариото за филмот, успеа да раскаже прекрасна приказна, со која сите гледачи можат длабоко да се идентификуваат – проблемите со здравството, политиката, корупцијата, но и обичните човечки приказни и односи момче-девојка, татко-син и дедо-внук. Тој вели дека е многу задоволен како публиката го доживува филмот. Многу се радувам и на самата премиера ама и на патот по кој филмот допрва ќе оди. Пред се ме радува како гледачите...
Тајните на дното на Охридското езеро набрзо пред очите на јавноста
Post Views: 231 Тајните на дното на Охридското езеро набрзо пред очите на јавноста. Привршува монатажата на документарецот за кој инсертите се снимени при пренуркувањето на езерото од страна на меѓународниот нуркачки иструктор Милутин Секуловски. Тој пред четири години заедно со негови колеги од Охрид, Дубровник и од Албанија ја реализира оваа несекојдневна мисија и пренурка 84 километри од Албанска и Македонска страна на езерото. Направи голем број подводни фотографии, како и снимање и позиционирање на места од интерес на научната јавност. Снимени се толку материјали што можат...
Библиотеката „Григор Прличев“ ќе се прошири во новите простории на пролет
Post Views: 261 Библиотеката „Григор Прличев“ никако да се прошири во новите простории. Направени се сите подготовки за преселба, останува уште да се постават уредите за ладење и греење кои се неопходни за одржување на книжниот фонд. Од библиотеката велат дека минатава година Министерството за култура не им обезбедило средства за таа намена.Ние и покрај конкурирањето минатата година за средства од Министерството за култура за доопремување во смисла на тие грејни тела не добивме средства. Тој конкурс се повтори како и секоја година, па конкуриравме за идната година и некаде во февруари...