Skip to main content

Автор: Јаковлева Лионела

Охрид ќе организира гастро тура

Post Views: 186 Врвни европски готвачи со мишелин ѕвезди ќе дојдат во Охрид за да ги збогатат мениата во угостителските објекти со интересни јадења, но и да им ги пренесат на нашите кувари тајните на гастрономијата. Охрид ќе организира гастро тура . Оваа активност на Секторот ТЛЕР е дел од годинешната програма која има за цел да ги прошири активностите со кои градов ќе привлече повеќе гости и ќе даде поквалитетна понуда. Ќе имаат можност со локално произведени производи да ги збогатат менијата во угостителските објекти. Ќе пробаме да направиме некои нови јадења кои ќе се подготвени...

Продолжи со читање

Расте бројот на заболени од грип

Post Views: 166 Во Охрид се зголемува број на заболени од грип. Во третата недела од месец јануари имало само 15, а во четвртата бројката двојно се зголемила на 38. Заболените се на возраст од 15 до 59 год. Тие се само клинички дијагностицирани, а лабораториски не се потврдени и не е изолиран типот на вирусот на грип. Испратени се анализи, брисеви од грло и нос од пациенти со клиничка слика на грип меѓутоа резултатите сеуште не се готови. Испратени се во институт за Јавно здравје во Скопје, вели Д-р Јованка Стурлакова-Епидемиолог. Според овие податоци во овој период од годината...

Продолжи со читање

Охрид има идеални услови за развој на спортски туризам

Post Views: 173 Охрид има идеални услови за развој на спортски туризам. Моментално на терените на СРЦ „Билјанини извори“ тренираат 11 фудбалски екипи од земјава и околните држави. Подготовките се веќе на средина, а поради поволните временски услови започнале порано од вообичаеното. Охрид како град можи да нуди многу во однос на зимските подготовки и за развој на спртскиот туризам. Потребна е работа, нам како јавно претпријатие ни треба да ги подобриме условиоте, да направиме уште еден терен со природна трева, Гордана Јованоска- директорка на ЈП „Билјанини извори“. Македонските...

Продолжи со читање

Градоначалникот Јован Стојаноски не обелодени колкав е долгот на општината

Post Views: 209 Градоначалникот Јован Стојаноски не обелодени колкав е долгот на општината. Тој рече дека се знае точно колку општината должи, но дека сега не е вистински момент за да се каже тој податок бидејќи во тек се преговорите со доверителите за опростување на дел од долгот или на дел од каматите. Ние дневно како општина губиме по 10 000 евра. Толку растат долговите на општината. Или претворено во број на вработувања секојдневно губиме по две вработувања во рамките на општината, кажа градоначалникот. Стојаноски посочи дека покрај финансискиот долг проблем на општината преставуваат...

Продолжи со читање

Градоначалникот Јован Стојаноски со отчет пред граѓаните

Post Views: 172 Градоначалникот Јован Стојаноски со отчет пред граѓаните по изминати 100 дена од неговото назначување на оваа функција. Тој рече дека и отчетот е дел од ветувањата кои ги дал за време на кампањата дека ќе работи транспарентно, а охриѓани ќе бидат информирани за се она што се случува во општината. Градоначалникот кажа дека иако времето е кратко, а и периодот во кој беше назначен бил турбулентен заедно со неговиот тим успеале да реализираат некои проекти од суштинско значење за градот. Листата на проекти на општина Охрид за 2018 година е следна: Во лошо време беа...

Продолжи со читање

Охридските угостители незадоволни од новите тарифи за поставување урбана опрема

Post Views: 168 Поставувањето урбана опрема многу ќе ги чини угостителите. Советот на Општина Охрид даде предлог одлука за воведување нови тарифи за поставување урбана опрема со што угостителите и сите оние кои ќе сакаат да постават урбана опрема ќе треба да плаќаат за 60% повеќе средства од тоа што било досега. Ова предизвика негодување кај еснафот поради што испратиле и допис до локалната во кој ги наведуваат сите пропусти во оваа предлог одлука, како и негативниот ефект што ќе ја има истата доколку се донесе во таа форма. Од охридскиот еснаф на угостители покрај тоа што реагираат...

Продолжи со читање

За Али Пашината џамија во Охрид ќе се дискутира на седница на Влада

Post Views: 170 На седница на Влада која ќе се одржи идната недела ќе се дискутира за активностите на Али Пашината џамија во Охрид. Ова доаѓа еден месец откако Министерот за култура Роберт Алаѓозовски изјави дека проектот за конзервација и реконструкција на џамијата е стопиран и дека ќе се преиспитува од страна на стручни лица од ресорното министерство. После тоа следуваше период на затишје, но граѓаните деновиве повторно реагираат дека на локацијата која е заградена со високи лимови и на кои има ознаки забрането фотографирање и снимање повторно се работи. Ги запрашавме од ресорното...

Продолжи со читање

Охрид ќе добие уште еден мини зелен пазар

Post Views: 294 На паркингот кај општата болница ќе биде направен мини зелен пазар. Ова го најави директорката на ЈП „Градски пазар“, Кристина Крлеска која рече дека идејата за организирање на еден ваков пазар токму на ова место произлегла од продавачите на зеленчук и овошје кои досега на нелегален нанчин го продаваа истото кај кружниот тек во близина на болницата. Пратејќи ги анализите и потребите на граѓаните на територијата на општина Охрид во делот на територијата околу болницата во соработка со основачот на јавново претпријатие ќе направиме еден организиран мини зелен пазар...

Продолжи со читање

Локалната не обелоденува до каде е проектот за градскиот Кеј

Post Views: 166 Се санираа некои делови на кејот кои неодамна беа оштетени поради неповолните временски услови. Но, бидејќи санацијата не беше направен веднаш кога бекатонките со кои е поплочен кејот беа извадени, гостите кои го посетија градов за време на новогодишните, божиќните празници и Водици го видоа во не баш најубаво светло. Ова е причина повеќе новата локална власт што побрзо да започне со реализацијата на проектот за санација и реконструкција на кејот кој започна уште во 2015та год. Граѓаните кои ги анкетиравме сметаат дека на најрепрезентативното шеталиште во туристички...

Продолжи со читање

Општина Охрид ќе ја субвенционира уплатената туристичка такса од приватните станоиздавачи 100%

Post Views: 167 Општина Охрид ќе ја субвенционира уплатената туристичка такса од приватните станоиздавачи 100%. Оваа мерка на локaлната ќе стартува од оваа година , а целта е што повеќе да се стимулираат приватните станоиздавачи да уплаќаат туристичка такса, а со тоа да прикажуваат реално колку гости имале во текот на туристичката сезона. Но, за да добијат субвенции има еден услов со кој општината на некој начин се заштитува од злоупотреба на оваа поволност која ја нуди. Субвенциите кои ќе ги добијат од нас ќе мора да ги инвестираат во осовременување на своите сместувачки капацитети...

Продолжи со читање

„Зегин“ и оваа година ја подржа манифестацијата Богојавление- Водици

Post Views: 178 „Зегин“, најголемиот фармацевтски бренд во Македонја и оваа година ја подржа најмасовната црковно-народна манифестација Богојавление- Водици. Таа како општествено одговорна компанија веќе 29 години ширум Македонија се јавува како донатор. Годинава „Зегин“ донираше околу 5000 маици, 30 телевизори 35 таблети и 10 лап топ компјутери низ цела Македонија. Ние како компанија секогаш донираме за потребите на општеството па годинава организираввме и хуманитарен караван на кој беа доделени преки 100 пакетчиња за дечињата со посебни потреби, рече Марина Бебекоска, регионален...

Продолжи со читање

Иван Лотески најсреќен во Охрид

Post Views: 179 Иван Лотески најсреќен од стотината капачи кои денес запливаа во ладната езерска вода со желба да го фатат Светиот крст. Овај 27годишен варошанец за Водици се капи од својата 12-та година, а ова е прв пат да го фати крстот. Чуството е одлично прекрасно, се чуствувам многу убаво, скокам веќе 14 години и го чекав овај момент многу долго. Секоја година бев среќен ама оваа сум најсреќен. Ова е еден од најубавите празници за охриѓани и да го славиме уште помасовно, да има мир и љубов кај сите, многу здравје и нека е за многу години, им порача Лотески на сите христијани. Денес...

Продолжи со читање