Автор: Јаковлева Лионела
Post Views: 6 Нема ноќ за Охрид. Ќе се менува градското осветлување. Наместо старите светилки ќе се поставуваат нови, диодни. Ова е тренд во светот, а најголема предност од ваквиот новитет е заштедата на електрична енергија и тоа дури за 60 проценти. Општината тоа ќе го прави преку Јавно приватно партнерство со што Охрид ќе добие квалитетно осветлување, а општината нема да вложи ниту денар во тоа. Фирмата која ќе се избере ќе има обврска да го промени целото јавно осветлување, односно арматурите на сијалиците, а не и канделабрите. Фирмата исто така ќе е должна се додека трае...
Градоначалникот ќе го тужи Министерството за транспорт и врски
Post Views: 6 Градоначалникот Александар Петрески ќе поднесе тужба до Управниот суд, а ќе се жали и до Министерството за локална самоуправа и ЗЕЛС против Министерството за Транспорт и врски. Причина за тоа е одземањето на ингеренциите на Локалната од страна на Транспорт и врски за постапување по случајот на дивоградбата на ИВ- ИРЕ во Трпејца. Петрески вели: Јас не сум против тоа министерството да излезе и да руши, туку јас сум против одземањето на ингеренциите на Општина Охрид бидејќи немаме направено никаков прекршок за да се направи тоа.Градоначалникот тврди дека...
Шесто издание на програмскиот маратон „Кодфест“
Post Views: 7 Започна шестото издание на програмскиот маратон „Кодфест“. Ова е настан што ја прославува технологијата, иновациите, креативниот дух на младите програмери, а отвара и нови можности за формирање технички трговски друштва и мали бизниси од областа на технологијата. Најголемите бенефиции кои можат да се видат тука е да се запознаат луѓето кои доаѓаат од надвор од Македонија, да се слушнат нивните искуства на предавањата, да се научи нешто ново и дефинитивно секој оној кој го посетил овој настан заминал побогат, вели Марија Савеска-организатор на „Кодфест“. Настанот...
Канцелариите на охридските парламентарции за комуникација со граѓаните, функционираат
Post Views: 6 „Пред две години комшијата ми ја сруши оградата тврдејќи дека се наоѓа на негово место. Откога се направи вештачење се утврди дека сум оштетен и дека треба да ми плати 10 до 12 000ден. Но во 2011год. пресудата беше изменета во корист на комшијата и сега јас сум тој што треба да плаќа. Правдата ќе ја барам преку канцеларијата на Парламентарната мрежа за комуникација со граѓаните“, вели Ташко Згалоски граѓанин на Охрид.Канцелариите на Парламентарната мрежа за комуникација со граѓаните функционираат веќе 6год. Тие се отворени за да обезбедат врска и директна...
Не чека ли уште едно незаборавно културно доживување
Post Views: 5 Обелоденета програмата на 52то издание на Фестивалот „Охридско лето„. „Сите подготовки за неговото започнување се при крај и многу сме задоволни што за кратко време успеавме да го реализираме она што го ветивме“, истакна директорката на оваа реномирана културна манифестација, Елизабета Јанкулоска. Таа додаде дека тоа не ќе било можно доколку не им помогнело Министерството за култура и нивните пријатели-спонзорите.Директорката изрази благодарност и до Локалната самоуправа која помогнала во изработката на сцените и во реализацијата на трехничките работи....
Црвениот двокатен автобус повторно ќе го гледаме низ градов
Post Views: 8 Црвениот двокатен автобус повторно ќе го гледаме низ градов. Од наредниов месец тој ќе биде ставен во функција. Панорамскиот автобус веќе една година не беше во возна состојба поради хулиганското однесување на несовесни граѓани кои целосно го демолираа. Минатата година кога автобусот го извадивме во месец мај несовесни граѓани, посетители на клубот СЏ кој се наоѓа во рамките на СРЦ Билјанини извори го искрши со бекатон плочки и целосно го демолира, објаснува директорката на ЈП „Билјанини извори“, Гордана Јованоска. Директорката на „Билјанини извори“ објаснува...
Бели едра го закитија езерото
Post Views: 3 Едриличарските клубови „Стрмец“ и „Бофор“ од Охрид домаќини на регатата организирана од едриличарскиот клуб ПАМПУР од Скопје. Овој клуб веќе пет години организира регати на Јадранот. Досега се одржани девет, но ова е прва регата на Охридското езеро.Коце Петров, член на ПАМПУР вели дека идејата за регата во Охрид е од поодамна бидејќи тука има повеќе едриличарски клубови и има многу деца кои ги прават првите чекори во едрењето.Петрив објаснува дека езерото нуди добри услови за едрење, има поволен ветар, само недостасува марина и бродови за изнајмување. На...
Глината обликувана како уметничко дело
Post Views: 11 200 експонати од керамика од 55 автори од Хрватска и уште неколку европски земји се поставени пред очите на охридската јавност. Во Центарот за култура „Григор Прличев“ се отвори триеналето на керамика на хрватски автори. Tоме Tрајкоски, посетител на изложбата вели дека е воодушевен од тоа што го гледа и им препорача на граѓаните да дојдат да ја видат поставката.Ова е една од побогатите изложби која годинава се организира во центарот, а која се должи на контактите на организаторот Славко Упевче со Центарот Ладица од Хрватска и Г-динот Ханибал Салваро член на...