Автор: Јаковлева Лионела
Post Views: 165 12 милиони денари за развој и промоција на туристичката дејност во 2018 год. Овие средства ги издвои Општинa Охрид во рамките на Програмата за развој и поттикнување на туризмот. Оваа сума е речиси иста како онаа која се издвојуваше од буџетот на општината и минатите години. Ѓоко Апостолов од Секторот ТЛЕР вели дека секогаш може и повеќе, но дека и со овие пари можат да се реализираат проектите во делот на развојот и поттикнувањето на туризмот за оваа година. Средствата во делот што го финансира Општина Охрид односно средствата кои се предвидени од буџетот на општината...
Кучињата скитници потенцијална опасност за граѓаните, но опасност демнее и од домашните кучиња
Post Views: 174 Кучињата скитници потенцијална опасност за граѓаните, но опасност демнее и од домашните кучиња чувани во несоодветни услови. Ефто Стојаноски, долгогодишен дресер на кучиња вели дека многу сопственици ги чуваат кучињата во двор кој не е ограден, без да бидат врзани со синџир, а се почеста е глетката на кучиња кои се шетаат без заштитна маска. Јас предлагам такво куче врзано со синџир во двор без ограда веќе да нема. Мора соспствениците да си обезбедат безбедна ограда, а ако станува збор за поагресивно куче тоа не смее да биде воопшто во двор туку мора да се чува...
Охриѓани и по осум месеци немаат добиено обештетување за штетите од земјотресите, обвинуваат од ОК на ВМРО ДПМНЕ
Post Views: 167 Охриѓани и по осум месеци немаат добиено обештетување за штетите од земјотресите, обвинуваат од ОК на ВМРО ДПМНЕ. Додаваат дека околу 870 семејства чекаат финансиска помош од државата за да ги санираат штетите во домовите. 15 од нив немаат ни каде да живеат поради тоа што земјотресот од 3 јули им направил оштетувања од дури петти степен, истакнаа на денешната прес конференција. Владата и Локалната самоуправа предводени од СДС треба да се изјаснат зошто с`е уште нема одговор и покрај тоа што претходната Општинска комисија за проценка на штети, изготвила елаборатот...
Се санираат потпорните ѕидови во стариот дел од градот
Post Views: 195 Се санираат потпорните ѕидови во стариот дел од градот. Поголемиот дел од нив поради временските услови и нивната дотрајаност попуштаат. На некои места направени се вистински свлечилишта. Најалармантна е состојбата на патниот правец кон Горна порта, на пресекот на улиците “Нада Филева“ и „Кирил и Методиј“, каде има и интензивен сообраќај и поголема оптовареност на теренот. Од Локланата велат дека интензивно се работи на терен да се санира овој потпоре ѕид. Она што можам сега дефинитивно да го кажам е дека на јавен повик е избрана фирма која ќе ги врши градежните...
Доделени стипендиите кои општината им ги дава на основците и средношколците
Post Views: 211 Доделени се стипендиите кои општината им ги дава на основците и средношколците. За основците се доделени 40 стипендии и 40 за средношколците во висина од 1500ден. По 15 стипендии и за основците и за средношколците се за талентирани ученици и по 25 се за ученици од социјално ранливи категории. Овие стипендии се во износ од 1500ден. И денес заврши целата формалност околу доделувањето и тие ќе им бидат распределени на учениците, вели Томе Џамтоски, портпаролот на Локаланата самоуправа. Денес е објавен конкурсот и за доделување стипендии на редовни студенти од Општина...
Во Охрид нема зголемен број на заболени од грип
Post Views: 189 Во Охрид нема зголемен број на заболени од грип. Од 40тата недела во 2017 заклучно со 52та недела пријавени се само 38 заболени. 32ца од нив се на возраст од 15 до 64 год. Тие се само клинички дијагностицирани, а лабораториски не се потврдени и не е изолиран типот на вирусот на грип. Според овие податоци во овој период од годината за разлика од лани за 97,4% има помалку заболени. И во Струга и Дебар многу е мала бројката на заболени од грип. Епидемиологот Д-р Јованка Стурлакова Коровешоска вели дека навремено се превземаат сите мерки за да не дојде до епидемија од...
Хотелските капацитети исполнети за новогодишните и божиќните празници
Post Views: 169 Хотелиерите задоволни како изминаа новогодишните и божиќните празници. Нивните капацитети биле исполнети и до 90%. Гости имало најчесто од соседните држави, а најбројни и овојпат биле оние од Србија. Минатава нова година, почнувајќи од 24ти декември кога почнаа да доаѓаат гости за католички божиќ во Охрид навистина можеше да се забележи една поголема раздвиженост, посебно за новогодишните празници па и за православниов божиќ па хотелите беа многу добро исполнети, но не можеме да кажеме дека се работи за некаква зимска туристичка сезона, вели Крсте Блажески-претседателот...
Охриѓани забрзано се подготвуваат за големиот христијански празник-Рождество христово-Божиќ
Post Views: 192 Пред Божиќ, зад Божиќ кај да си дома да си. Оваа стара поговорка се кажува и денес и не само тоа таа и се применува. Сите православни христијани за најголемиот празник Божиќ, кога се слави раѓањето Христово се во своите домови со најблиските, правејќи ги сите оние обичаи и симболи поврзани со овој ден. Празнувaњето на Божиќ започнува да се слави со Бадник, денот пред Божиќ охриѓани забрзано се подготвуваат за достојно да ги дочекаат овие убави денови. На градскиот пазар денес беше прилично раздвижено. Се купуваше овошје, зеленчук, костени, ореви и се она што е посно...
Најдобрите приказни во 2017 година наградени од порталот OhridNews
Post Views: 208 Синоќа беше одржана годишната ревија на настани и доделувањето на признанијата на најдобрите приказни во 2017 година во организација на OhridNews. Голем број гости, меѓу кои и бројни јавни личности, градоначалникот на општина Охрид Јован Стојаноски, претседателката на Советот Живка Ангелоска, деловни партнери и пријатели, присуствуваа на промоцијата на коктелот што се одржа во „Куба Либре“. Медиумите се одраз на состојбите во општеството. Какво општество, такви медиуми. Новинарското перо одамна е истапено, квалитетот на информациите кои се пласираат во морето вести...
Стружани веќе нема да имаат проблем околу водоснабдувањето
Post Views: 191 Во текот на оваа година ќе се реши еден горлив проблем на стружани. МЈП „Проаква“ најавува поголеми градежни зафати на водоводниот систем во Струга. Со тоа ќе се подобри опфатноста на каптажата кај Шум со што стружани ќе имаат доволно количество вода за пиење, а ќе се реши и проблемот со заматеноста на водата при пообилни врнежи од дожд Искрено се надевам дека проблемот нема да се повтори. А поголема санација на каптажата ќе се направи кога ќе дозволат временските услови така што овој проблем нема да се повтори. Ние се што треба ќе направиме од наша страна, вели...
Годинава која е пред нас ќе биде просперитетна за Охрид
Post Views: 163 Годинава која е пред нас ќе биде просперитетна за Охрид, вели градоначалникот Јован Стојаноски. После 2017та која беше конфузна година, година на формирање на нова влада, локални избори, оваа година треба да биде помирна и постабилна, додава градоначалникот. Тој како прв човек на градов заедно со општинската администрација имаат цел да го направат Охрид поубаво место за живеење. Се надевам дека 2018та ќе ја поминиме онака како што планираме ние како нова локална самоуправа, а тоа е со правилно буџетско планирање, правилни буџетски програми и транспарентно работење....
Мирна новогодишна ноќ
Post Views: 188 Новогодишната ноќ мина мирно, без никакви инциденти, велат од СВР Охрид. Оваа информација ги радува сите бидејќи за празнициве во градов има многу домашни, но и странски гости, па можноста за инциденти е многу поголема од вообичаено. На безбедносен план новогодишната ноќ во Охрид помина беспрекорно. Не се регистрирани нарушувања на јавниот ред и мир и не се евидентирани сообраќајни незгоди. Нашите службеници практично и да немаа работа оваа ноќ бидејќи се беше мирно, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски. Но, и покрај информациите од СВР Охрид дека...