Skip to main content

Автор: Јаковлева Лионела

Од следната година фиксен месечен надоместок од 70 денари за сите корисници на вода

Post Views: 200 Охриѓани од јануари ќе треба за секој месец да издвојуваат уште по седумдесет денари од својот буџет како дополнителен фиксен надоместок на сметката за вода. Оваа одлука е согласно законот за утврдување цени на водни услуги и согласно решение на Регулаторната комисија за енергетика и не значи покачување на цената на водата туку надоместок кој сите граѓани ќе го плаќаат. Моравме на управниот одбор на претпријатието да донесеме одлука за утврдување на тарифи за водни услуги, согласно решението на регулаторна се воведува фиксен надоместок за сите корисници во Општина...

Продолжи со читање

Нешто повеќе од една милијарда денари тежи буџетот на Општина Охрид за нареднава година

Post Views: 315 1 007 597 123 денари е буџетот на Општина Охрид за 2018та. Ова денес го изгласаа советниците на последната седница за оваа година. Овој буџет е за околу 50 милиони денари помал од ланскиот. Експертите очекуваат дека ваквиот буџет треба околу 90% да биде реализиран и во најголем дел да бидат задоволени потребите на граѓаните. Советничката група на ВМРО ДПМНЕ која уште пред две недели најави дека ќе го бојкотира советот поради притворањето на пратениците кои се членови на оваа партија денес се појавија на седница, но само за да искажат несогласување со проекцијата...

Продолжи со читање

Локални ѕвезди ќе ги забавуваат охриѓани и гостите за дочекот на новата година на градскиот плоштад

Post Views: 157 Даниел Кајмакоски и Анита Мицова се музичарите кои ќе им посакаат среќна нова година на сите оние кои на 31 декември ќе бидат на градскиот плоштад. Локалната самоуправа иако со тенок буџет сепак организира дочек на отворено на задоволство на охриѓани, но и на гостите кои го избрале Охрид за дестинација каде ќе ги поминат новогодишните празници. Оваа година нема звучни имиња на уметници кои ќе настапат на плоштад за дочекот на новата година иако тоа се очекува од еден туристички центар како што е Охрид. Заради краткиот период и ограничените финансиски средства со...

Продолжи со читање

И за празниците може да се јаде богато и здраво

Post Views: 164 Наближуваат новогодишните и божиќните празници, а со тоа и обилните празнични трпези. Богатата трпеза не мора да биде и калорична бомба за организмот која лошо влијае на здравјето. Во продавниците на Healthy food- Зегин голем асортиман на растителни органски производи со кои можат да се приготват здрави и вкусни јадења. За празничните трпези мрсните и калорични салати може да ги замените со салата од органски тестенини од киноа со органски грав и пченка, зачинети со органска јаболкова киселина и органски ѓумбир во прав, а за оние кои се љубители на слаткото има посна...

Продолжи со читање

Успешна година за Здружението на пензионери од Охрид и Дебрца

Post Views: 173 Здружението на пензионери од Охрид и Дебрца денес ја одржа последната седница на собранието на здружението. На неа се дискутираше на повеќе точки меѓу кои беше усвоена и програмата за работа на ЗП за 2018, а беше донесен и финансискиот план за нареднава година. Претседателот на собранието, Димитар Спасески вели дека годинава што е на изминување може да се каже дека за здружението поминала доста успешно. Генерално ги реализиравме планот и програмата за 2017та год. Од материјално и финансово раборење90% се исполнети планираните активности така да можеме да бидеме...

Продолжи со читање

Предновогодишна филмовизија

Post Views: 457 Предновогодишна филмовизија. Седумдесеттина гимназијалци се вклучени во подготовката на настанот на годината. Предновогодишниот концерт кој станува веќе традиција ги сплоти учениците од прва до четврта година во една прекрасна приказна проткаена со звуците од нумерите на познати домашни и странски филмови. Концертот целосно е во организација на гимназијата Св. „Климент Охридски“, а изведувачите со многу љубов и ентузијазам ќе покажат најдобро што знаат и умеат. Јас учествував и лани на овај концерт и можам да кажам дека тоа е едно феноменално чуство, тоа дружење...

Продолжи со читање

Граѓаните треба да бидат креатори на животот во една локална заедница

Post Views: 181 Граѓаните треба активно да учествуваат во креирањето на политиките на градот. Многу пати од незнаење или недоволен интерес тие не ги бараат своите права и не се охрабруваат јавно да го кажат мислењето за работи кои ги засегаат како жители на една локална заедница. Затоа мисијата на ОБСЕ во Скопје, имплементира кампања за подигање на свеста на тема „Поттикнување на граѓанското учество преку серија регионални дебати и форуми“ која денес се одржа во Охрид. Односот локална власт-граѓани не почнува и завршува на денот на изборите туку треба континуирано да продолжи во...

Продолжи со читање

Охрид има идеални услови за развој на винскиот туризам

Post Views: 158 Охрид има идеални услови за развој на винскиот туризам. Виното е важна компонента при креирањето на еден добар туристички производ, смета Будимир Соколовиќ, сопственик на вилата и винаријата мал Св. Климент. Тој кажува дека Хрватска и Словенија имаат направено бум со малите винарии кои се посетени од голем број туристи во текот на цела година. Неодамна охридските вина беа преставени на Винскиот салон во Скопје, „Винодонија“, каде посетителите имале можност да присуствуваат на едно комплетно ново доживување на поимот вино. Сe преставиле 40 винарии од земјава и од...

Продолжи со читање

Предлог програма за заштита на луѓето од кучешки напади

Post Views: 181 Сe поголем е бројот на граѓани кои биле нападнати или каснати од куче, а има и такви кои фатално завршиле. Ова било причина Ефто Стојаноски-дресер на кучиња од Охрид да изготви Предлог програма за заштита на луѓето од кучешки напади која денес беше презентирана пред охриѓани. Пред две години тој издал и книга на оваа тема, но институциите останале глуви на проблемот кој е се поевидентен. Стојаноски вели дека има начини како да се спречи оваа појава, а при тоа да не бидат загрозени кучињата, а граѓаните да бидат заштитени. Причини за вакво агресивно однесување на...

Продолжи со читање

Сериозно се работи на решавање на проблемот на регулацијата на Охридското езеро

Post Views: 177 Се поставуваат темелите за трајно решавање на проблемот со управувањето на Дримскиот басен. Со тоа ќе се заштити и Охридското езеро кое истекува преку реката Црн Дрим, а кое поради лошата регулација години наназад е изложено на големи осцилации на водостојот кои се одразуваат врз живиот свет во него. Дримскиот процес кој се води повеќе години наназад и во кој учествуваат пет држави Македонија, Албанија Грција, Косово и Црна Гора веќе ги дава своите први конкретни резултати. Во текот на оваа година се изработени повеќе студии од различни области кои се тесно поврзани...

Продолжи со читање

Осум резервнисти ангажирани во СВР Охрид, останаа без работа

Post Views: 160 Осум припадници на резервниот состав при министерството за внатрешни работи ангажирани во СВР Охрид, останаа без работа. Синоќа без никакви претходни најави телефонски биле известени од денес повеќе да не доаѓаат на работа и да извршат раздолжување на опремата и оружјето. Тие денеска одржаа мирен протест пред зградата на СВР Охрид. Бараа началникот на секторот да ги прими и да им објасни кои се причините поради кои од денес нема да бидат ангажирани, но биле информирани дека до таа средба нема да дојде.  Бараме од началникот или друго официјално лице да објасни зошто...

Продолжи со читање

Уапсени две лица во врска со вчерашна престрелка на булевар Туристичка

Post Views: 215 Пукотница во Охрид. Вчера попладнето на булевар „Туристичка“ е пукано од огнено оружје пиштол од засега непознат сторител, кој на С.М. (34) од Охрид му нанесол прострелна рана во пределот на десната потколеница. Повреденото лице е пренесено во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид од каде по укажаната лекарска помош е префрлено во Клинички Центар Скопје. Веднаш после случувањето на настанот СВР Охрид лиши од слобода две лица кои околу 17 часот се доведени во полициската станица во Охрид. Во моментов насоките и заложбите се заокружување на овој казнено-правен настан и пронаоѓање...

Продолжи со читање