Автор: Јаковлева Лионела
Post Views: 10 Во Охрид од почетикот на оваа година па до денес двојно е зголемен бројот на заболените од варичела или овчи сипаници. Од Центарот за јавно здравје велат дека досега се регистрирани 108 пријави за ова заразно заболување. Но, од таму потенцираат дека нема место за паника. Иако бројката е висока таа се движи во границите на нормалата. Д-р Јованка Стурлакова Коровешиска вели дека зголемувањето на бројот се должи на поажурното пријавување на заболените од страна на нивните матични доктори.Матичните доктори се повеќе ја почитуваат законската обврска и ги пријавуваат...
Тимот кој победува не се менува
Post Views: 6 Се е подготвено за почетокот на 51то издание на „Балканскиот фестивал“. Традиционално овој реномиран фолклорен фестивал ќе се одржува на сцената на Долни сарај, а на свеченото отворање како и секогаш ќе настапи Ансамблот „Танец“. Директорот на овој ансамбл, Зоран Џорлев најавува поразлична програма од минатите години во која нема многу стилизација, но сепак ги прати модерните светски трендови. Џорлев не сакаше да открие со што точно „Танец“ ќе ја почести публиката оваа година, но кажа дека со настапот ќе се задржи реномето на фестивалот кое грижливо се гради веќе...
Во Охрид за време на продолжениот празничен викенд се случиле четири тешки кражби
Post Views: 7 Празниците одлична можност за крадците. Тогаш кога граѓаните најчесто не се дома тие гледаат одлична прилика за реализација на својот крими-план. Златен накит, кеш пари, велосипеди, лаптопи, скапи мобилни телефони, крадците не се многу избирливи кога станува збор за пленот, важно им е да им донесе добра заработка штом ќе го препродадат. Во Охрид за време на Велигденските празници се случиле четири тешки кражби и тоа две во станови, една во маркет и една во автомобил. Украдена е техничка стока, злато, колонијални производи и акумулатор од автомобилот.На местото на...
Ветениот Дом за стари лица никако да се изгради
Post Views: 7 Сеуште не е отпочната изградбата на Дом за стари лица. Во моментов единствено место каде што се згрижуваат овие лица е одделението на Геријатрија при Општа болница- Охрид кое располага со 30- тината легла, кое пак ни одблизу не ги задоволува потребите на жителите на Охрид и Дебрца. Условите се исти како што беа и порано, капацитетот ни е навистина мал, очекуваме во иднина нешто ад се подобри бидејќи има голем интерес кај нас да бидат згрижени пациентите, а имаме и многу пациенти кои се заедно во една соба, затоа мора условите да се подобрат и да се во помала...
Европа во мало пристигна во Охрид
Post Views: 7 Охрид домаќин на 9тиот конгрес на Лајонс клубови од градови со тврдини. На овој голем настан учествуваат 140 делегати од Белгија, Франција, Шпанија, Италија, Малта и Македонија. Д-р Сашо Василевски, дистрихт гувернерот на Д 132 Македонија вели дека ова е една голема промоција на нашата држава и нашиот градОхрид живее во лајонистички дух. Присуството на делегатите од најразлични клубови од земјите во Европа ќе ни овозможат реализација на голем број проекти, додаде дистрихт гувернерот на Д 132 Македонија.Асоцијацијата на Лајонс клубовите од градови со тврдини постои...
Дали Охрид конечно ќе добие сообраќајна студија
Post Views: 16 Охрид сеуште нема сообраќајна студија. Тоа е причина за сообраќајниот хаос кој што посебно во летниот период е евидентен низ охридските улици. Актуелниот градоначалник Јован Стојаноски потсети дека минатата локална власт четири години ветувала дека ќе ја изработи оваастудија, но овај важен проект за градов не беше реализиран. Објаснувањето тогаш беше дека за отпочнување на таа студија се потребни минимум 200 000 евра, пари кои општината ги немаше. Стојаноски се согласува дека овој проект е скап, но вели дека е еден од неговите приоритетите и веќе сериозно се...
Кафе во кафулињата, пешаци на тротоарите
Post Views: 4 На тротоарот од Кеј „Маршал Тито“ нема повеќе пиење кафе. Тој ќе си ја врати примарната функција, а тоа е простор за одвивање пешачки сообраќај. Масите и столиците од кафулињата кои се наоѓаат на дел од оваа улица ќе бидат отстранети. Тоа го налага новиот режим на сообраќај со кој после седум години оваа улица во летниот период нема да биде пешачка зона туку сообраќајница.Зоран Шикалоски, раководителот на секторот за сообраќај и патишта вели дека крајно време е да се ослободат тротоарите и да му се овозможи на сообраќајот да дише.Искуството од минатите години покажа...
Викенд акција за вдомување на миленичиња
Post Views: 5 Викенд акција за вдомување на миленичиња. Денес на градскиот плоштад во Охрид љубители на животните, организираа акција за вдомување на кучиња. Анастазија Димзовска, граѓански активист за заштита на правата на животните, вели дека со акцијата имааат за цел да им обезбедат дом на што е можно повеќе кучиња, кои во моментов се наоѓаат на улица. Очекуваме денеска бидејќи е продолжен викенд да има луѓе па да можиме на сите кученца да им најдиме дом. Имаме и поголеми кучиња кои чекаат да бидат вдомени па доколку некој сака може да си вдоми и такво куче, објаснува...