Автор: Јаковлева Лионела
Post Views: 158 Свечено и достоинствено како што и доликува на една образовна институција како што е општинското средно училиште „Св.Климент Охридски“ синоќа беше одбележан нивниот патронен празник. Центарот за култура „Григор Прличев“ беше исполнет со гости и посетители кои дојдоа за да направат чест и да ј проследат програмата која ја имаа подготвено гимназијалците под раководство на нивните професори. На свеченоста присуствуваше и градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски како и советници и претставници на локалната самоуправа и други институции. Свое обраќање пред присутните...
Проф. Др Никола Бошале е годинешниот добитник на највисокото општинско признание
Post Views: 215 Проф. Др Никола Бошале е годинешниот добитник на највисокото општинско признание, наградата Св. Климент Охридски – Патрон на Охрид. Ова го соопшти градоначалникот на општина Охрид Јован Стојаноски кој ја доделува наградата на предлог на стручна комисија. До комисијата пристигнале шест предлози, од кои пет ги исполнувале критериумите. Инаку, Никола Бошале е доктор по социологија, но со своите истражувачки потфати навлегува длабоко во повеќе области како што се туризам, екологија, археологија, етнологија, архитектура, културна антропологија. Бошале е роден 1929...
Започнаа градежните работи за поставување јавни тоалети
Post Views: 272 Започнаа градежните работи за поставување јавни тоалети на две локации во градов. Едната локација е во централното градско подрачје до Амамот, другата кај Горна Порта. Избраниот изведувач, фирмата „Тане 2007“, заедно со претставници од Центарот за развој на Југозападниот плански регион кои се носители на овој проект , деновиве извршиле увид на сите потребни инфраструктурни услови и придружни активности кои треба да се преземат. Локалната е ангажирана околу обезбедување на приклучоци за струја, поставување на броила, приклучок за вода и канализација во овие контејнери....
Се изготвува план за зачувување на Белчишкото блато
Post Views: 172 Започна изработката на планот за зачувување на Белчишкото блато. Ова блато попознато како Сини Вирој претставува редок и важен локалитет на национално и меѓународно ниво. Тоа е дел од националната Емералд мрежа на подрачја од посебен интерес за зачувување и е специфично заради големите карстни извори, различните типови влажни живеалишта и особено поплавените евлови шуми. Во овај резерват живее и најголемата популација на видрата. Предвидуваме понатака активности кои би се однесувале на мониторинг на сите тие животни, на живеалишта кои се присутни таму, изградба на...
„Баал“, нова премиера на Охридскиот народен театар
Post Views: 222 Нова премиера на Охридскиот народен театар. Утревечер охридската публика ќе има можност да ја види најновата претстава „Баал“, работена по текст на Бертолт Брехт, во режија на Андреј Цветановски. Ова е четврта соработка со Цветановски кој ја режираше и првата претстава на театарот во Охрид, „Метаморфози“. Тој после пет години повторно соработува со нашите актери и не го крие задоволството од крајниот ефект велејќи дека заедно создале една моќна претстава. Во овој текст, Брехт созадава антијунак којшто треба да ги сруши сите маски и лицемерни постапки на едно општество....
На ФТУ се обучуваат кадри кои ќе ја подобрат услугата во угостителството
Post Views: 142 Недостигот на стручни кадри во угостителството причина за ФТУ заедно со ГИС да спроведат обуки на кои ќе се добијат знаења и искуства како да се подобри ситуацијата во овај сегмент од туристичкото стопанство. Деновиве на овој факултет се врши интензивна едукација на педесеттина кандидати кои сакаат да бидат истакнати во својата професија. Обуките се дел од проектот Промоција на вработувањето во туристичкиот сектор кој е финансиран од Владата на Германија со средства во висина од 20 000евра, а ФТУ се јавува како организатор на обуките. Тие првично беа споредени во...
Едукација на децата за справување со дрогата треба да се започне уште во градинките
Post Views: 147 Се повеќе се намалува возрасната граница на лицата кои се зависници од наркотични супстанции и дроги. Многу често помош бараат деца и на возраст од 12 години кои веќе навлегле во темниот свет на дрогата, вели Д-р Весна Лаброска, шеф на одделението за превенција и третман на болести на зависност од дрога при општата болница во Охрид. Таа апелира сите институции заедно да работат на превенцијата како не би дошла една личност во контакт со дрогата, бидејќи како што објаснува од нејзиното долгогодишно искуство многу е тешко да се спротистават на оние кои истата ја нудат...
Локалната ќе им излезе во пресрет на жители од улицата „Вардар“
Post Views: 153 Локалната вети дека ќе им излезе во пресрет на 50-тината жители од Кошишта кои бараат на дел од улицата „Вардар“ да се вратат скаличките кои ги имало претходно на улицата. Граѓаните од Кошишта, од улиците Кирил и Методиј, Стив Наумов и Гоце Делчев пред извесно време доставија барање до редакцијата на ТВМ во кое наведуваат дека дел од улицата Вардар е изменета по изградбата на индивидуалната станбена зграда сопственост на поранешниот секретар на општина Охрид, Димитар Спасески, а ветил дека по завршување на градбата ќе ја врати улицата во првобитна состојба. Она што...
Се реновира Факултетот за туризам и угостителство
Post Views: 191 Се реновира Факултетот за туризам и угостителство. Со пари од Министерството за образование во висина од 3 милиони денари се смена дограмата на еден дел од старата зграда, а моментално се работи на промена на кровната конструкција која била стара и дотраена, а што е уште полошо била направена од азбесни плочи кои кога се распаѓаат се опасни по здравјето на луѓето. Го променавме кровот со нови материјали, со лимен покривач со поставена изолација. Активностите се сеуште во тек и целиот тој проект за промена на кровот и дограмата ќе овозможи подобра енергетска ефикасност...
РУМОР полека но сигурно излегува од националните рамки
Post Views: 192 Познатиот охридски дизајнер Алек Бимбилоски и Лејла Гогова, неговиот партнер во модниот концепт РУМОР, беа дел од ревијата „Направено во Македонија: Современ дизајн накитен со минатото”. Овој моден настан се одржа во Скопје на иницијатива на сопругата на американскиот амбасадор во Македонија, Џес Бејли. Впечатоците по ревијата и присутноста на охридскиот бренд „Румор“ во Скопје, преку Галеријата Акантус со нас ја сподели дизајнерот Бимбилоски. Организацијата беше добра, но малку имаше предолги говори пред самиот почеток на ревијата, но во главно се протече во ред....
Водата во Струга небезбедна за пиење
Post Views: 197 Водата во Струга небезбедна за пиење. Тоа го покажаа денешните анализи од ЦЗЈЗ преку кои е констатирано дека има голема матност на водата, но за среќа не се забележани некои патогени бактерии. Веднаш алармиравме и ги известивме инспекциските служби и Агенцијата за храна и ветеринарство кои веднаш постапија согласно нивните процедури и согласно законските прописи така да донесено е решение водата да не се користи за пиење, вели Сашо Точков- директор на ЦЗЈЗ. ЦЗЈЗ препорачува водата воопшто да не се употребува за пиење се до оној момент додека не се констатира дека...
Враќањето на поранешниот градоначалник Бакрачески на работа во Кардиолошкиот Завод ја разбранува охридската јавнос
Post Views: 149 Екс градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески се врати на работа во Кардиолошкиот завод „Св. Стефан“ каде и претходно работеше. Поранешниот директор на оваа здравствена установа по завршувањето на градоначалничкиот мандат од актуелната директорка Гордана Донеска е поставен за раководител на одделението за срцеви артмии. Оваа информација дел од медиумите ја пренесоа како деградирање на Бакрачески на ниво на медицинска сестра затоа што на тоа одделение се вршеле кардиолошки прегледи. Дел од граѓаните оваа информација ја примија како реваншизам и загуба за здравството...